Козметика купив мила, остануваат уште тие другите ситници за бебуш што ги набројав. За брзо влевам 8ми и баш напорно ми е веќе. Ќе морам и тоа за брзо да го средам и да не му ја мислам. Фала ти многу. Уште малку имаш до гушкање, ни летна времето значи. Со лесно да ни е на сите!
Некои денови и да сакам да направам нешто повеќе не можам од што сум ограничена за тоалет. Бебето ми е скроз доле, спремна е да искача и ми се иде во вц на 10 минути ма и помалце. И си викам среќа голема што исправ и испеглав алишта околу 30та недела, зошто за сега да ги оставев… Сега како го правиме муабетот ми текна дека треба да докупам физиолошки, стерилни гази и хидроген. Што викаш, цело време нешто плус излегува.
Ауу оваа и јас не сум купила ни па ме потсетил некој фала ти Моето е уште горе не е почнато да се спушта бев на преглед пред една недела, сабота сум на контрола ќе видам што ќе каже докторот
Влажни Виолета 99% вода што се. Без мирис се, супер се. Не се танки. На sleepy влажните се ептен танки, проѕирни. А од страна на пелени, почнавме со babylino, почна да прокиснува. Сега сме на Pampers Active, немаме гајле.
НЕ ПОСТОИ ДОКАЖАНА КОЛИЧИНА АЛКОХОЛ БЕЗБЕДНА ВО БРЕМЕНОСТ! Ќе ве замолам да не давате вакви совети, вашата бременост терајте си ја како сакате, ама не советувајте вака НИКАКО. Пред тест е друго, за време на бременост апсолутно не.
Ве читам за стрии.. Од кога почнавте да користите креми за превенција? Мене веќе ми расте стомакот, 15та недела сум, но сакам со време да се заштитам барем од тоа. Која крема за почеток?
Некаде од 20та недела. Со кокосово масло, а веќе накај 8ми и 9ти месец и Еуцерин масло, си ги комбинирав. Немам ниедна од првата бременост, сега ќе видиме
Јас почнав да се шлапам одма уште во 7ма недела. Сега сум 36 и уште се мачкам секој ден дисциплинирано, од 8ми месец и 2 пати на ден. На почеток земав еуцерин масло и риластил крема ама некако ми дојде многу скапа солуција бидејќи брзо ми се трошеше. После едно време користев павловиќева со бадемово масло и на крај се префрлив на babylove масло за трудници навечер, а хип путер преку ден. Ова ми се покажа одлично за цената. Досега немам ниедна.
Јас терам 23та недела ниту стрии имам ниту линијата што ја спомнувате низ стомак,бебето си напредува ама јас у стомакот мн полека напредувам,и дали е нормално по цел ден еднаш дали ќе го осетам бебето ама затоа кога ќе си легнам си е активно?
Цел ден кога си активна , на бебе му е како да го лулаш и е помалце активно. Е кога ќе легнеш, револуција е. Почекај уште некоја недела, кога ќе е поголемо, да видиш што е мрткање
Од сам почеток почнав со Бејбилов маслото, па после ставав павловичева со АД. Е некои не ставаат АД капки, ама ти како сакаш. Некогаш и кокосово мачкав. Ама со оглед на тоа дека цело лето беше пекол, па и не ставав ништо, зошто ме нервираше. 20 кила се поправив, ниту една стриа немам.
Немора да значи дека ќе ти се појави линијата, утре влагам 31ва недела и немам ни линија ни стрии. Многу си рано за стомак да ти се познава, мене тек сега во 7ми почна да ми се познава и тоа нагло. Ќе видеш, има време. Најактивни се кога ќе легнеш, кај мене еве сеуште си ја има таа рутина каде што е најактивен кога лежам, дека кога си во движење му е како лулка.
Е за активна,активна сум,си работам и само ако каснам благо осеќам пливкање минимално,ама затоа кога ќе си легнам јас тоа го нарекувам гушкање за добра ноќ бидејќи баш убаво си го осеќам.
Ме уништува околината со тоа леле жено ко да не си бремена,кај ти е стомакот ние сме помали од тебе а веќе сме со стомаци како пред пораѓај,и јас си отанувам без коментар и влагам во така наречена депресија од страв дека нешто со мене не е во ред..
И јас сега почнав, веледа имам масло па цела се мачкам, стомак гради и сабајле сум мрсна уште па сега за сега идам преку еден ден после ќе видиме. Јас мн малку стомаче не се приметува ич.
Јас се имам помирено со тоа дека моево бебе не е некое најактивно бебе. Очекував револуција во 8 и 9 месец ама не, ќе се оптегне малку или ќе клоцне, ама ништо болно ништо пречесто. Едно време после 30та недела бев уплашена дека нешто не е во ред зошто читав дека треба да се осеќаат многу, дека ве заболуваат ребра, ви се познаваат стапалки на стомак и сл. Разговарав со докторот што ќе ме пораѓа и ми кажа дека бебето ми е супер и си напредува ама такво си е, помирно. Кај мене од кога го осетив првпат во 21,2 недела па се досега движењата се слични и малтене константни, не се многу чести и не се јаки. @emal21 те молам не се замарај за околината и недоличните коментари. Мене сега во 9ти месец ми е ко за 7ми максимум. Некои жени не растат премногу, тоа не е воопшто индикатор за растот на бебето. Мене па супер ми е што не сум огромна. Гледај бебче да ти е добро.
Ќе мораш да си со ладна глава во врска со коментари од околината, секогаш ќе ги имаш, поготово после во мајчинството најмногу. Ич не му се замарај, секоја трудница различно покажува стомак, а тоа далеку дека нешто не е во ред со тебе, немој да размислуваш така. Ако бебе си напредува како што треба, ако постелката си е во ред и доволно го храни, нема што да се секираш за стомакот.