Кај мамичка е сега затоа е смирено . Да знаеш само дека нема правило за тоа какво ќе биде после. Син ми беше вака мирен, јас си викав бар мирно бебе ќе имам, едно видео немам кај што мрда во стомак, ама откако е роден мирен е само кога спие, мада и тогаш немирно спие ко ќе размислам, само шета по спална . Иначе жени прва бременост ако сте со јаки стомачни, не се приметува. За втора јас со дијастаза која не ја решив уште во 10 недела ми се познаваше убаво. Така да без грижи, од муабети никад доста (истите ги добивав и јас претходниот пат).
Јас да не те тешам. 3 години направи ќерка само да ти кажам Сте фатиле муабет за стомачињата Јас од 9 месеци, стомак имав последните 3 и тоа ко за максимум 6ти месец. Стомачните ми се гледаа до 5ти месец бременост. Коментари никад доста , тек ко ќе се родат малишаните ќе бидат Весели коментари
Пак ми измерија денес 33+3 сум а бебето одговара за 34та. 1.5 е грлото и ме испаничи матичнава одма во болница да сум идела…
И мојава е таква мирна. Клоца немам осетено ниту еднаш. Само како истегнување измрдување и знае со газот да се испапчи и толку. А на цтг активна, на преглед исто си се врти си мрда ама нежно
Јас почнувам 13та и имам мешенце мало поинаква ми е формата пред да останам бремена немав воопшто. Се мачкам со еуцерин маслото ама читав го нема по аптекиве а мене ми е останато од претходната бременост брзо упива и не е мрсно. Деуги солуции од ревјус што читам веледа со состав ја фалат нешто друго ако има покажано како хидратантно споделете јас навечер обично мачкам меше.
Ај полека, што е бе со матичниве, сите луди. Оди на второ мислење… мене еднаш ми го измрија 3 на клиника, во систина 4, некои не знаат да мерат.
Само што бев кај Димчев во Систина, он ми измери 2цм и ме праша која ти е таа матична… се било океј, нормално е да се крати, спуштено е бебето долу и затоа прави притисок… да си полежам уште 2 недели до 36та… Паники за џабе…
И мислам дека треба да ги пишуваме ваквите матични со име и презиме. Да знаеме каде да НЕ одиме. Пари земаат од секој пациент, стресови ни прават па мораме и приватно прегледи да плаќаме дополнително.
Во поглед на мрдање на бебе во стомак, ќерка ми беше баш така, мирна, знаеше како бранови да ми направи, понекогаш бешика да ми измава. Баш дама. И такво си остана, еве 6 ќе полни во март. Мирно во глобала, ок со свои луди моменти, разбрано. Па сега поголемка ми е ептен душле, игра па си раскрева, знае да се заборави дури со играње со куќата со куклите и кујната. Ама затоа ова сега уште од сега мислам цела ме поткрева кога ќе ме шутне во лежење. Пред некој ден така ме шутираше доле мислев готово почна да излегува надвор. За стрии инаку се е џабе, зависи до кожата само. Со првово при крај некаде ми излегоа неколку, ама затоа после пораѓај страшно стана. Од раната доле до над папок цела бев. А се мачкав ригорозно од 10та недела. Сега гледам стариве почнаа да се шират како расте мевов, ама нови нема. А имам по дома купено масла, креми, чуда и само еднаш се имам намачкано до сега. Многу ме мрзи. Пак ми потекува носот, како бабура ќе биде до крај пак. Среќа после пораѓај ми се врати претходниот пат. На светлата страна ич немам влакна Раце не сум издепилирала од летоска, нозе од крај на септември. Само интима еднаш месечно одам и тоа ептен ради прегледиве да не им текне вагинално да гледаат, инаку може да помине и така со 5 влакна. Дури ни бркот не расте. Едини раат барем уште 2 месеци.
Потврдувам за стриите дека зависи од кожата. Јас имам многу сува кожа на нозете, се мачкав со свашта уште од втор месец и сум лом по нозете, дури и на листовите имам стрии. На стомак ниедна. Џабе ми беше и мачкање и се сред лето жива вода се правев се лепев цела и пак испукав..
Ете гледаш, и мене ми го измерија во 34та 2цм, и на пораѓај со толку отиодв. Не се тачни бе. Опушти се и мирувај.
Готово се испотресов дека ќе лежам во болница како што ми кажа матичнава… Дали помина 36та недела со 2цм? Јас само бројам уште 2 недели
38+2 се породив царски, мораше заради намалена плодова вода и карлично што беше бебето. Докторот сакаше да ме изгура уште ама заради водата моравме тогаш. Иначе ќе терав уште.
Dali moze nekoja da spodeli za na Gak sto e potrebno da se spakuva, mi se nablizuva, pa da znam dali sum spremna so sve
Денес бев на втор скрининг. Генерално се е во ред, освен две отстапки. Ми треба мислење од искуство доколку имате. Прво, главата одговара за една недела помала, додека другите делови си се ок за неделите. Е сега една недела помало е само во ширината на главата, како сплескана. Го гледаше од различни агли и чекаше да мрдне да смени позиција, но големината е таа. Ми рече да следиме за 2 недели пак да отидам и да види дали ќе си расне пропоционално, зашто може да е само касна овулација и да се смени краен термин. Втората работа, проширени бубрежни канали од прв степен. Максималната големина требало да е 4 кај девојчиња, кај бебето едниот е 6.6 другиот 5. Исто ми рече да следиме, дека ако стагнираат нема да е проблем, најчесро се повлекувале после раѓање. Е мене ми е страв сега да не се зголемат, оа ми треба совет од искуство. Докторката рече ако се зголемат, ќе правиме генетско испитување. Јас со прв скриминг не направив ни приска ни прематален, зашто све беше во ред. Дали има некој искуство со појава на абнормалности поради тоа? Ептен сум исплашена, иако ми рече дека не е страшно и само дела треба да се следи.
Ухх ме утеши.. до сега сите што ги знам со скратено грло терале после 38ма па и 40та… така да имам надеж…
Матичната немаше термин и морав кај заменската докторка, др Ива во МВР Коруноски… не ме водела до сега она, не знам дали не е искусна споредено со други..
феминки што да се напијам за главоболка, 6 нед сум ама како да ми тежи главава дали од времето нз, парацетамол, далерон? или нешто друго