Од 36та бев отворена врв од прст, се породив скоро 42ра со индукции. Ич не се секирај, 34та е скроз безбедна недела, и да се отвориш ич не е страшно, ама со 2цм грло немаш гајле. Мене после втор скининг сега ми немаат ни мерено грло, 32ра сум сега и ич не се ни мислам веќе.
За бубрезите не знам, ама моето секогаш главчето и беше недела поназад, обично и девојчињата имаат помали главчиња. Еве сме денес месец правиме, цела бремност се беше оке, никој не кажа ништо во врска со тоа. Второ мислење според мене, овде кај нас се мора второ мислење.
Ама не е скратено, одлично е за неделата. Значи мене Митко во Систина вака ми објасни. Од 8ми месец почнува да се крати, вика значи тогаш ми беше 45. Од 45мм треба да дојде до 0 и да се отвориш 10прсти за пораѓај, затоа и тоа постепено почнува од 8ми да се крати, полека си почнува телото дел по дел да се спрема за пораѓај.
Денеска 19+4 а долу ко поплава да ме има фатено, течеше и предходно ама ова денес не знам што ќе беше. И имам некој секрет не знам ни јас веќе шо е. Чешање и мирис нема. Дали е нормално ова?
Точно. Мене ме лечеа од скратено грло во осми, го вратив на 40мм и после не се отворив ни еден прст бидејќи бев напукана со терапија до 38 недела и бебе високо горе од што имав препорака да лежам.
Извини, не се споредувај со ромите од улица. Како такви голи, боси, неухранети, без витамини, без хигиена дали си го приметила нивниот век на живеење ? Дали си сретнала ром од улица израснат а да е постар од 50-60год. Улично живеат меѓутоа краток им е векот. Немам ништо против твоите постапки, слушај си доктор меѓутоа добро би било да послушаш и второ мислење. Поздрав и секое добро
Ако не се внесуваат многуууу течности, џабе се 100 креми и масла. Битно е телото да е хидрирано , а со тоа и кожата се хидрира пред се внатрешно, а со кремите надворешно. 4 литра течности, вода пред се.
И мене Димчев ми кажа дека вака можам да терам и над 40та недела и дека е океј… ама матичнава готово ме прати да сум лежела во болница и се испаничив…. Си одмарам сега посмирена дома, се надевам ќе си издржи до 36та и повеќе хехе
Така е.. јас ич вода не пијам едноставно не ми бара организмот. Цела бременост така ја истерав едвај по литро на ден, некогаш ни толку
Која терапија ја пиеше ти? Јас ставам циклогест 2х1, ферона 2х1, магнезиум цитрат 2х1 (тотал ми е 400 грама тоа)… и пренаталните..
каде беше на скрининг? мене така во гак ме испоплашија за некој дел во мозокот беше цм цистерна магна па отидов кај Котларова се си беше во ред со мерките ваму не измериле убаво. За општите мерки глава меше и сл еве ги кај мене сите мерки што ги мереше сите се различни и рече дека е се во ред и според табелата на крај одговара за 22+5 а јас на скринингот бев 23 полна според менс.
Па тие се прекинуваат веќе, немаш потреба.. поготово па 2 пати… мене утрогестанот во 31ва недела ми го прекинаа и тоа со карање зашто сум го ставала уште. Имаат продолжено дејство.
Колку што ми текнува (повеќе од 3 год поминаа): утрогестан 2х1 вагинално, магнезиум околу 1 гр може повеќе, плус ме боцкаа депо прогестерон.
Прогестеронот има продолжено дејство, ги зацврстува ѕидовите, треба веќе да го прекинат. Ама жено, колку ти беше грлото за се ова па и што те боцкале?
3цм во 31 недела. … Знам жено затоа ви пишав ме утепаа со терапија, ама ко ќе ти створи паника и тоа извикан доктор, сигурно ќе се водиш по негови насоки. Демек се скратило од 40мм за еден месец, многу нагло било тоа. И покрај тоа што матичниот велеше дека нема никаков простор за паника, ама ете, си викаш овие постручни се.