Женски едно прашање Од втор месец кога сум бремена почнав со таблети за железо бидејќи ми беше ептен ниско. Е сега после веќе железото ми е 30, но хемоглобинот никако да се крени. 111 ми е постојано. Што можам да јадам, пијам за него
И јас се зачудив ама не сакав да ја преиспитувам аптекарката. Секако најдов дома прополис баш од тој без алкохол. Црп 21, не е страшно. Бев на доктор ама некоја заменска докторка ме прегледа и ми даде сумамед. Јас ова не го пијам. Дури и сестрата се зачуди, а и во аптеката кај што земав нивното мислење беше не за сумамед. Има ли некој што пиел баш сумамед во 14та недела? Со првата бременост само еднаш пиев панцеф поради ешерихија во мокрача.
Вирус е, не е високо за антибиотик црп. Се бори телото. Мед, прополис, за грло можеш пантенол лозенги, вит ц, ако кашлаш може некој сируп и многу течности. Треба да помине брзо.
Земи метил б12 1000микрограми и вит Ц да го врзе, не земај више железо, вишокот се таложи не е добро и да е толку железо високо.
Мислам дека мора да е бактерија за покачено црп. Инаку општо имам историја со лоши гнојни ангини, со завршување на инфузии и венски антибиотик. Мислам дека е неизбежен антибиотик и сега поготово што и увото ме боли, недај боже па да се влоши што тогаш. Но не сум за сумамед некако.
Здраво женички да прашам некоја со недостиг на витамин Д во рана бременост и колку единици ви препишале за пиење?
Зависи колкав ти е недостигот, за умерен од 1000 до 2000 единици даваат со тоа што и во пренаталните има околу 800 (во Фемибион барем).
Трудници прекрасни, ајде помагајте. Најдобрата другарка ми кажа дека е бремена, и сакам оваа година новогодишниот подарок да е адекватен за трудница. Препорачајте ми од кај нарачувате перници за трудници, или некоја др.идеја. Освен масло за стрии друго немам појма што би и требало.
Јас бев со низок витамин Д и ми препиша 2000единици од мулти есенс и од почеток до сега 6 ти месец се покачи како што треба над 30
Зависи колку ниско ти е. Мене кога резултатот ми покажа 3 енормно ниско ми препиша 4000 единици. Но пробај повтори го резултатот на друго место, зошто реагенсите кај што правев не им беа добри и на клиничка биохемија повторив испитување и ми беше океј во граници на нормала и си продолжив со 1000 единици секој ден.
Ете ми сега и стрептокока во нос. Некој да пиел антибиотик 30+ недели? Аман веќе, овој пат кај немам време да мислам на мене, сите прегледи ми се подзакаснети, па и ова ми фали уште.
Кога го осетивте бебето тие што имавте постелка на преден ѕид? Со првото знам дека почнав да осеќам бранчиња во 16 недела, ама не знам тогаш каде ми била постелката. Сега сум 18+, уште ништо.
На почетокот само како риба да ми мрцкасе внатре до 21 или 22 недела од тогаш го чуствувам го гледам како ме клоца ... инаку ми кажаа заден ѕид.
Има и убави книги, доколку сака да чита. Предлог: - Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители- од Филипа Пери - Прирачник за родителство- од Бенџамин Спок. И двете ги има во Икона во Рамстор. Ако е рана бременост многу и е рано за перница.
Првото во 17+6 , точно го памтам денот и моментот . А второво рано, уште 13-14 негде, не знам тоа како би го опишала, после некое време почна да ме клоца во бешика и еднаш го осетив од надвор. Во двата случаи на преден ѕид постелка.