Моето 12 црп, вака ништо не беше, за на крај да се пренесе на бебето и покрај антибитик што примив. Па мораше и бебето да прима коа се роди. Така да девојки, антибиотици што се дозволени во бременост, ако треба да ги пиете, пијте ги. За бебето е највеќе, не за вас.
Здраво на сите Денеска бев на прв скрининг кај др. Димчевски во Систина. Уреден развој на бебе, уредна постелка и нормален цервикс. Е сега, плацентаениот полип кој го имсм на цервиксот сега за сега не е проблем ама како превентива ми препорачаа сирклаж Па ме интересира како сте задоволни од др. Димчевски и дали некој има ставамо сирклаж кај него? Мене ми остави супер впечаток и други др кажаа дека е многу искусен (посебно за скрининг) ама сепак би сакала да слушнам друго мислење за сирклаж За др Панчевски од Систина читав дека е исто добар па се мислам.
Не знаеа од што ми е покачено црпто, испитав се се беше чисто. А црпто не паѓаше, за на крај да се пренесе на бебето инфекција некоја или воспаление од мене, и бебето примаше антибиотик. Така да антибиотици кои се дозволени во бременост можат само да помогнат, иако ни е страв да ги пиеме.
Azithromycin and pregnancy Azithromycin is generally thought to be OK to take during pregnancy if you have an infection that needs treatment. However, other antibiotics may be more suitable for you, depending on your type of infection. Аман со тоа не пиење ова, не пиење она во бременост. За повеќето лекови пишува на нет дека се земаат. Ја не знам што нација ќе бевме со чаеви лечење во бременост и бабини деветини, пораѓање без никаква анестезија, нешто што во светот не се прави години наназад, ко некоја планина сме. И мене во 12та ми беше препишан сумамед за уреаплазма, но бидејќи пиев пред 3 4 месеци, се одлучивме на еритромицин.
Па сигурно нема да се лечам со гугл. Ама кога мајка ми што е фармацевт, сестрата и аптекарката не се најсигурни дека сумамед е најдобра опција, зошто против тоа да одам. Не реков да не се пие воопшто антибиотик, но дека можеби за мојата потреба има подобра опција. Сумамед обично го даваат за вагинални инфекции, не за гнојна ангина со не толку високо црп. И да, подобро е да се проба со прородно нешто ако не е сериозна ситуација него одма со антибиотици да се клука организмот. Мене ме интересираше дали некој пиел и за што. Колку што успеав да видам бремени жени 95% го пиеле заради вагинални инфекции.
Фармацевт и лекар се две различни професии. Антибиотици дозволени во бременост не штетат, послушај лекар, повеќе знае од фармацевт.
Па не ти пратив од женски домаќински туку од who. Аптекарките подобро знаат. Не е проблем ти што ќе одлучиш да пиеш, туку проблем е што ем прашуваш за совет, ем се нечкаш, па ствараш некој баук кон сумамедот во бременост. И може некоја жена исплашена која МОРА сумамед да пие ќе те прочита, па нема да пие, ќе се лечи со чаеви и глупости и ќе се заебе скроз.
Може да се прави ама нема да е релевантен. Бидејќи нема да знаеш дали позитивни ИгГ се од инфекција во бременост стекната или од претходно, затоа што ИгМ се губат (најчесто) после 3 месеци. Или во превод ако настанала инфекција во 2 месец, а го направиш торчот во 5 месец, постои голема веројатност само ИгГ да е позитивен, не и ИгМ. Па ќе треба да се испита и авидитет (старост на антитела). Затоа препорачуваат во прв триместар да се направи, мене дури ми рекоа најкасно до 10 недела.
Не знам за кој свет збориш ама само кај нас одма даваат антибиотик, секаде прво препорачуваат да се проба природно па после ако не бива се дава антибиотик, посебно за деца и бремени жени ова.
Не знам, можеби мене ми се погодиле. Иначе и јас не сум за антибиотик ни вон бременост, ама ако ептен треба, епа сеа.
И јас бев со прениско ниво на Д и од 12та недела па наваму (24та) пијам од 5000 единици. Матичниот гинеколог ми рече обавезно цела зима да терам вака…
Многу ме нервираат ваквите ко тебе што наметнуваат мислења и одма со напад почнуваат. Не реков дека не смее да се пие сумамед ниту се нечкам. Од тоа што го знам обично се дава за посериозни или а вагинални инфекции. Сигурно дека е безбеден во бременост штом го даваат, но ме замислија трите сепак стручни мислења и затоа и прашав. Матичниот гинеколог ми беше недостапен до попладнево и ете по нејзин совет сепак ми предожи со панцеф. Секој доктор си има свое мислење исто како и секој од нас. Нема што напади тука одма. И вистина е дека кај нас одма за се се дава антибиотик и кога треба и кога не треба. И повторно ќе повторам дека не реков со чај да се лечам, сум за антибиотик секако.
Секоја втора трудница пие антибиотик, за различни дијагнози. Подобро да пиеш, отколку да ти се симне надоле.