Докторката те прегледа или сестрата, мајката, аптекарката?? Сигурно докторката проценила дека треба да пиеш антибиотик. И не, не се дава за вагинални инфекции, баш се дава кај гнојни ангини и долнореспираторни инфекции, ама од сезнајковци и гугл доктори си патиме.
Баш те помислив прееска и реков вечер пред спиење ќе и пишам на Кала честитки мајка, да сте живи и здрави, ти посакувам брзо опоравување. Уживај во најзаслужената среќа на светот.
Кај мене е така еве 26та недела некогаш го има некогаш не зависи од денот ама имам забележано ако одмарам повеќе го има ударите сеуште не ми се болни дури и се радувам кога ќе клоцни
Analiza na krva slika pokaza pokacen enzim na crn drob ALT, bremena sum inf i pijam terapija kortiko vitamini hormoni klleksani ,maticna ne raboti vikend ne mozam ni na mob da ja dobijam.Iskustva?
Во бременост не се испитива алт, аст, холестерол, триглицериди и седиментација, нормално е да се покачени.
Незнам зашто се карате околу црп-то. Од повеќе доктори и стручни лица имам слушнато дека црп не се испитува во бременост и дека било нормално да е покачено. Вчера матичниот ми рече дека организмот детето го детектирало како страно тело (што малце ми е нереално ама ете си кажа човекот) и затоа црп било нормално да е покачено.. Мене 12,67 ми е, а границите се 0,0-5,0
Само од себе се среди. Јас ништо посебно не правев. И така пазам на храна. Мислам ми беше од преголема терапија од инвитрото.
Ви текнува ли на цртанчето Annabelle's wish? Од времето кога бев јас дете е. Маж на пат, јас сама со дете, сварен чај, елка свети и го пуштив да го гледаме. Епа поштено ме уништија хормониве, се изнаплакав до немај каде кога Анабел го даде својот глас за Били да може да зборува. А на крај ме дотолчи па желбата на Били. А најтрагично и детево си го растажувам. Семејство плачки. Туку овие 2 дена многу слабо го осеќам бебево. Го има, ама слабо некако, ептен ретко, а баш кажував дека ме растура. Сега ни кога ќе легнам го нема баш. Во понеделник сум на контрола, дали да го фатам патот сега? Баш ме чуди вака затоа што баш јаки клоци имав. Ај со ќерка навикната бев, она беше нежна и срамежлива, ама ова до сега само шутираше.
Здраво, да вртам ли во ремедика утре да закажам за преглед или од понеделник? Знам дека од 15ти отвараат термини ама па недела е, не знам како им е практика