Јас кога закажував во септември исто недела беше 15ти, вртев во саботата на 14ти, ми кажаа во понеделникот т.е. 16ти да вртам за да закажам. Звони си понеделник ама гледај рано сабајле 8 или 9 мислам почнуваа со закажување.
Немој да се стресуваш и мене на почеток 6/7недела алт ми беше 130 качено се испаничив скроз на крај искочи од циклогестот и клексаните. Проверив и хепатити и ехо на абдомен за мирна глава ама докторите рекоа се е ок има случаи кога ептен се дигаат особено ско сме со хормонска поддршка и хепарин. Гинекологот од систина ми рече после пораѓај се ќе де смири ќе провериме тогаш
Девојки дали некоја од вас има користено ваква перница или предлог за некоја ама по можност да не е од оние големите, некако пола спална мислам ќе ми ја фати
Здраво идни мамички. Ви се приклучувам и јас во муабетиве од денес хахха. Трудна сум 8 недела и два дена и имам едно прашање. Дали некоја од вас се има соочено со сипаници во бременост (Варичела)?Јас работам како наставничка и во одделение ми пишаа три родителки дека децата фатиле сипаници. Многу се плашам, јас немам прележано. Многу ми е мака, бебево во стомачево е долго чекано искрено, ако нешто му се случи на бебево нема да си простам....
Консултација направи со гинекологот, ризично е во првите 12+ недели да фатиш сипаница. Ако можеш извади си боледување овој период и види како ќе биде, може од тие први 3 деца не си префатила , ама ако се прошири меѓу децата поголема е веројатноста да фатиш.. Сепак утре јави се на гинеколог и објасни ја ситуацијата и ќе ти каже што да правиш
Обавезно ќе се јавам. Првиот случај беше пред 10 дена и тогаш ми рече дека е во ред ако не сум имала контакт кожа на кожа, ама сега се проширува, а мене паника ме фаќа. Па уште и викенд се погоди... Луда работа...
Нека не те фаќа паника, тоа е што е.. Требало одма да извадиш боловање и да избегнеш дополнителен ризик, ама сега ќе видиш за некој ден ако не пројавиш симптоми не си фатила, може да те прати и антитела да испиташ
Ептен е ризично. Имам пријателка која ја фати во 5 месец од бременоста. Докторите ја преплашија дека детето ќе и се роди со аномалија или без вид и слух...ја пратија да направи амниоцентеза во Систина...бебето се роди здраво живо,си порасна... Не се плаши ама ти препорачувам да си седиш дома,и никаде да не одиш пошто ако ја закачиш никој од докторите нема да гарантира што со бебето..сите ќе дигаат раменици а ти ќе бериш нервози дупли. Штом не си појавила до сега симптоми немаш гајле. Ама пази се
Еве ќе одам на боледување, и онака сум настината па заради настинкава ќе ми дадат бидејќи сум асматичар. Таман после распуст доаѓа па до 20 јануари ќе помине наездава на сипаници. Се молам само сега се да биде во ред. Од сега повњќе пазење ќе треба изгледа. Малку сум човек од акција и не сакам кога сум многу дома, ама ова ми е за памет повеќе да слушам кога сите ми викаат да седам дома да ги послушам...
Па ја не би рекла вака Од последен контакт кога имала со децата може да покаже и она сипаници 14 до 21 ден И до 12гн ако се фате сипаница се абортира Така да баш е голем ризокот
Дали ви се случило во бременост да ве боли ребро/коската под града? Дали е дека лежам повеќе на лево, дали бебево е наместено така не знам, реброто под лева града ме боли до солзи мислам, не можам никако на лево да лежам, а нели така се препорачува. Дури и кога не лежам ме боли, при допир бетер како некој бокс да ми мавнал.
На Vibboo имаш таква помала, во Бебе Хоум ја има, ама ако веќе нејќеш од оние големите земи си два јастука, еден меѓу нозе друг позади кичма или под стомак, јас предходната бременост така истерав, а лежев два месеци. Исто и од Chicco има една во Енци Менци, само не ја имам видено во живо не знам колкава е.
Мене при крај така ми беше.. бебето со глава таму се буташе, знам и на преглед бев, се изнамачи од што толку се имаше напикано да ја измери. Ме вртеше, ме болеше дури и ехото, цело време ми се извинуваше докторот. И после си се намести пак подоле, за ден два.
Моево е со главата скроз доле, изгледа нога или рака има збутано лево кај реброто, I want to cry 36+6, којзнае дали ке се поднамести до крај да можам да лежам на лево.