Јас ја имам оваа, ама ми е многу некомфортна и не ја користам воопшто. Маж ми ја имал нарачано и искрено кога стаса дома не знаев ни што точно е, дур не дојде тој од работа да ми објасни. Мене не ми е згодна ич. И јас не сакам од тие огромните како во гнездо да си, а имам од претходната бременост која е само за да ја гушнеш од едната страна. И како се вртам во спиење си ја земам пред мене. За меѓу нозе и да ја гушнам со рацете, таман ми е погодена. А после и за доење ќе се наоѓа, не е воопшто огромна.
Ќе се мрдне, мојата беше карлично со газот доле, па затоа главата таму си ја буташе. Ама ќе мрдне, моментално нешто се наместила така, спиј си слободно и на десно, не е страшно. Си спиев јас и на двете страни, па без кук ќе останев ако спиев на лево само. Ситно броиш.
Мене ме има така здоболено во неколку наврати до сега од кога влегов во 3 триместар. Баш ко со боксови некој да ме мавал по ребра, неможев да заспијам од болка. Читав дека скроз е нормално во трет триместар и се случува или поради беба што се наместила незгодно и притиска на ребрата, или зошто матката е ептен раширена и ги бутка ораните нагоре, при што прават притисок врз ребрата, а заради хормоналните промени лигаментите и зглобовите во тој дел се олабавени и местото е посензитивно. Мене ми поминуваше болката после ден два. При крај сме нормално е веќе се да не боли и да ни е мачно, ама ќе издржиме уште малце
Штом си со астма, биди премногу внимателна во однос на било која заразна болест, варичелата не е опасна за деца и здрави возрасни, но од искуство со блиска личност што фати сипаница на 40г со хронична астма и хобб , не ти препорачувам да бидеш во било каков контакт со болеста, зашто напаѓа и на бели дробови... остани дома и чувај се.
Да, вчера и завчера така беше наместен, кој знае што имаше спикано под ребро, не можев ни нормално да седам. Се сврте и веќе не осеќам под ребро, ама левиот јајник ми го оштети мислам, цркнав. Врти сучи некој орган страда.
Сигурна си дека немаш прележано? Ти го пишувам ова, бидејќи и јас мислев дека немам прележано ниедни сипаници, но кога правев антитела ми покажа дека имам. Ми рекоа дека веројатно сум била асимптоматски носител како дете. Ти препорачувам да си направиш антитела без да си правиш додатен стрес.
син ми така горе ме бодеше со ножиња под ребра точно и ме болеше ми беше страв дека кујзнае што е хахаха тоа ножињата биле
Ќе разгледам што се се нуди, стомакот не ми е уште многу голем ама почнаа многу колковите да ме болаат одвај се вртам. Па си викам подруго ќе биде со перница некако. Ќе се пробам во меѓувреме со две перници како што рековте
Фала ти што сподели искуство, јас ја меркав дека вака помала и таман за вртење да не ја преместувам ама ако не чини да не фрлам пари џабе. Ќе разгледам што се нуди па ќе видам што ќе одберам.
Мене пашката ме боли. Значи ако заседнам некаде едвај станувам,тоа е толку јака болка што не се опишува...не знам зошто така,вајда плодот притиска...
Да, веќе еден месец не можам на лево да спијам како да ме сече нешто, баш под градата. Мислам дека е од тежина зашто мене веќе спуштено ми е бебево а уште ме боли таму кога лежам. И дури и како кожата да ме боли во тој дел, чудна болка
Јас имам од Сомниа порачано, од тие големите како што не сакаш Пола спална ја фаќаше стварно, мм во еден ќош мислам спиеше. Ама е преудобна, мислам се преродив со неа.
И јас и можам да потврдам дека е едно од најдобрите нешта што ги имам купено во бременост. Баш затоа што те штити од двете страни, го потпира грбот и ептен ептен ми е удобна.
Јас имав таков проблем, мислев дека сме боли ребро при крај на бременоста од десната страна ама откако се породив продолжи болката и уствари мускулот ме болел. После пораѓај и зголемена беше болката па се мачкав од кремите за болки.
Толку е фалена ова од Сомниа што мислам дека нема да биде чудно и јас да купам. Мм и така со мене е научен да спие на крајот од спалната нема да му биде нешто ново
Девојки почнав со суплементи фемибион 1, но ми создаваат многу големи тегоби на желудникот и палпитации, ги прекратив, земав алкавит 0,4 колку да не се оставам без фолна, после часа, два истите тегоби, тежина во желудник, палпитации, неможам воздух да земам. Има ли некоја форма што е по нежна за стомакот.
Како ги пиеш фемибионот треба после ручек со многу вода никако на гладно, и мене некогаш ми се стежува од нив