Под меки сирења најчесто се мисли на непастеризирани сирења, а во маркет такво не се продава. Тоа се бри, моцарела, горгонзола и други артисански сирења кои се продаваат во специјализирани продавници. Истите видови во маркетите се пастеризирани. Конзумирај го ова слободно.
Оди кај др Драшко, ама барај го кога е во Прилеп ако имаш можност. За викенди е во Пп и работи дома, 1500 ден, детален преглед
Me interesira zasto posle carski mora da se lezi na intenzivna? I celo vreme ste prikluceni na aparati za pritisok, saturacija I sl?
На интензивна се лежи 2-3 саати, барем во Ремедика е така. Секако уште не си соземен. Да, поврзан си на апарат за притисок и сатурација ама не е ништо посебно да смета или не знам што. Мислам дека чекаат да пушти спиналната зошто памтам ме прашуваа да мрднам едно стапало па друго. Па после да свиткаш во колено ако не ми се помешало нешто. Памтам и дека мораше да се поткренам за да ме исчисти болничарот па после сам се префрлаш едвај ко црв на помал кревет да те извозат во соба. Јас немав болки дур го правев ова ама бев скоро неподвижна.
Жени сега на бришење имам ваква крв. Одам Ремедика за пола саат. Ме плаши што е крв што не е баш лигаво, чепот е или ? Како да ставам спојлер не знам да не ја ставам така сликата хелп
Жени, еве ги болките. 1 прст отворена ми направи и преглед, бебе скроз со глава доле наместено. се мислеше дали да ме задржи ама сепак ме прати дома да следам ситуација. Болкиве се скроз издржливи како менструални и само доле ме боли ниско стомакот, кичма не. Ама првата болка што е пишана е после вагиналниот преглед. Е сега не знам да седам уште дома или да одам? Можно е да се убрза процесот или сепак чим не се јаки не е страшно, да седам уште ?
И мене кичма не ме болеше, само напред стомакот. Тоа како ќе се отвараш никој незнае. Другарка со 7 прсти од Ремедика ја пратија дома, па да иде ако осети нешто. Патем она без болки се отвори до 7 прсти. Истуширај се со потопл вода и легни. Ако траат уште, ќе отидеш. Со лесно мила
Ми е страв дека знам на 5 мин отприлика дека се оди веќе во болница затоа не знам што да правам хаха да не излезе во кола
На минута треба да стигнат хахаха, па за кола искачање. На 5 е таман да стигнеш на време. Ако не ќе те пораѓа маж ти
Женски, во врска со утрогестанот прашав двајца доктори. Матичната ми вика до 32ра недела да ги ставам, најдоцна до 36та, а другиот ми рече можеш и уште сега да ги прекинеш. Иначе сум 31ва недела. Во кутијата имам уште 2 апчиња. Сега не знам што е паметно да направам и кој да послушам?