Јас немам искуство па да те советувам ама само сакам да ти кажам нека ти е со лесно мамии! Ајде за брзо да ни се пофалиш дека се гушкате со бебуш.
Мислам дека ако немаш моментално скратено грло и слично можеш да ги прекинеш слободно. Веќе во 8ми треба да почне да се скратува грлото и ќе треба да можеш и да се отвориш, ако не се лажам утрогестанот имам прочитано дека има продолжено дејство
И да ги прекинеш, нема потреба повеќе. Прашував и јас ми рекоа до 32ра и да прекинам, така и направив секако веќе и тешко за ставање ми беше
Фала ви многу на одговорите! Дека ептен ми беше стресен првиот триместар од тој исцедок па сега некако ептен ми фуфка да ги прекинам, туку мислам дека ќе ми се појави пак. Уште двете апчиња да ги дотрошам и прекинувам.
Најважно е да не се плашиш, нашето тело е природно создадено да раѓа. Јас се породив со епидурална, почнав со болки, јас не сакав епидурална, докторката кажа не се мачи чувај сила за на бокс. Така и беше. По епидуралната исклучително брзо почнав да се отварам без болки, лежев, одмарав. Во 12ч во болница, во 17ч на бокс, во 17:17 дојде на свет бебе. Тие 17мин саму чувствуваш јак притисок како да треба бебе да искочи, буткаш напнуваш, кај мене на 4тиот нап бебе искочи. Верувам дека немаше да е вака без епидурална. Моето бебе е родено 3.820г 52см и немам воопшто големи колкови, што наводно помага за полесен пораѓај. Така да, само смирено и опуштено. Среќно
@Bettina23 честитки мајкаа. нека е жива и здрава девојката гушкајте се сега. тебе побрзо опоравување. пиши како си поминала со второ дали ти беше полесно. баш вчера те помислив и отварам оп си се породила @Dodo1 тебе со лесно те чекаме за брзо со убави вести. ај колку убаво нека има бебуши. темава само колку бебиња има испратено и ќе испраќа тек милина
Исто се осеќав ми беше страв да ги прекинам за да не видам крв, како сигурност ми беа. И тие денови кога прекинав во вц со страв одев да не видам нешто Труднички мозок сите на исто мислиме
Лелеееее Викииии, значи сите сме програмирани исто. Како почнав да ги ставам, прекина исцедокот и не се појави пак, баш како што викаш некако сигурна сум со нив и се навикнав. Ама штом веќе нема потреба па и нема смисла да ги ставаме, сепак хормонско апче е. Ајде уште малку ни остана, а ти си па уште поблиску до бебуш.
@JasBee11 фалаа @Veki4kaa фалаабеше доста побрзо од првиот пораѓај,малку само испукав кај што имав епизотомија од првиот пораѓај и добив само 3 кончиња за разлика од првиот кај што имав 12.. Одма станав по 10 минути од како се роди,одам,седам без проблем..Почна со мои болки,на крај малку ми дадоа провокации за да убрзаат заради тоа што бев со пукнат водењак,а бев позитивна на стрептокока(и тој дел помина супер,ми дадоа одма антибиотик и се е океј со бебе)во суштина доста побрзо и полесно
Cestitki ❤️❤️ milo mi e sto si pominala lesno kolku polesni poragjaji citam tolku povise nadez si davam
Мене ме советуваа до 36 да ставам и јас од пусти страв дека имав септум ги ставав до 38 на крај неможев да се отварам од што толку многу имав подржка...сега пак ги примам и планирам во 32 да ги прекинам ма да пак ќе морам со царски да сум па џабе ќе ми е...слушај Др за порано ако вика како и да е телото мора да се спреми за чинот