Честитки мама, да сте живи и здрави! Многу ми е мило кога ќе прочитам вакви позитивни искуства и за прв пораѓај.
Баш ми е мило што се брзо било. Инаку нема врска прв/втор пораѓај. И јас со прво, па толку брзо идеше се, што до епидурал немаше време да стигнам. Иако ја имав таа можност на Гак дури.
Ај да те утешам. Сабајле повратив од киселини, попладне се породив. Пробувај, јогурт, бадеми, млеко, рупурут, гастрогард.. секој пат нешто различно ми делуваше
Ладно млеко, ориз, сода бикарбона, мастики, ладна вода, семка од маслинка, гел кесичките од Зегин( овие имаа највеќе ефект). Се пробував. Од прием во болница до 5 минути пред да родам, повратив од киселини 5-6 пати. И венски ми ставија во инфузија реглан да ме средат малце. Откако се породив, магично исчезна се.
Мене последно матичниот ми рече иди направи крвна слика ама касни банана нешто да не си скроз гладна крв да ти земаат. Мислам дека не менува нешто многу Честитки Додо, да е здрава и жива, уживајте ❤️❤️ преубав пораѓај. Хаха му викам сега на сопругот може и ти на пораѓај ако е спонтан еве пишуваат на форум. Знам дека многу сака, се израдува.
Здраво на сите Денес бев на ехо, 3 недели бремена, зачнато по природен пат. На мисла ми е што докторот ми даде да ставам вагиналетки Cyclogest. Нели тие се за процес на ин витро. Дали некоја ги користела? Ви благодарам
И јас користев циклогест од потврда за бременост до 32ра недела природна бременост. Прогестерон подршка е тоа, можеби не си информирана или имаш инфо грешно Честитки и со лесно.
Неколку пати имав како сукрвица ама скроз кратко на бришење во 9та, 12та недела мислам тоа се случуваше и од тогаш до кај 22ра недела некаде навечер и насабалје после продолжив само по една навечер. Мислам дека така беше со неделите. Прашај дали има потреба да ставаш по 2
Честитки Додо, да е жива, здрава и цел живот среќна принцезата . Фала ти што го сподели твоето искуство, како ми се доближува терминот се повеќе станувам тремадџика, па вакви позитивни, лесни и убави приказни ме бустаат со храброст .
Жени да ве прашам за трудничко боледување кога може да се отвори? Дали може да отворам од 1 јануари,тогаш влагам во 9ти,или мора да чекам додека не се породам па да ми отворат?
А за тоа ми треба потврда од гинеколог,и да го достават во фирма така? Значи секако ќе ме следуваат 9 месеци породилно од државата?
Нема врска дали е ИВФ или по природен пат. Прогестеронска поддршка е во прашање за да се зацврсти плодот подобро. Не е важно дали е Циклогест, Утрогестан или Добрастон. Секој доктор различно препишува. Прогестеронската поддршка е најважна, посебно во првото тримесечје.
Жива и здрава, голема да расте да ве радува цел живот Уживајте и гушкајте се. Ти ја донесоа ли, заедно ли сте Преубаво ни раскажа како помина дајбоже и ние што сме по тебе со лесно да поминеме