Девојки, бебуш го носам многу високо, кај ребра е цел стуткан. Неможам ни да седам ни да се свиткам, буквално без воздух сум цело време. Некое олеснување колку-толку има ли?
Честитки, оддамна немам слушната ваква убава породилна прикаска. Браво мама, фала ти што сподели за кураж сега гушкање и најубави моменти!
Tu, ispod moga rebra Raste centar sveta Ne znam još lik tvoj Već si život moj Ni mafija, ni vojska cela Čuvala ti bolje ne bi leđa Od prvog dana, pile moje Bićeš voljeno ti za trojе се топам - преубава песна едвај чекам да те запознаам помирисам и гушнам малечко
Истово ми се случи од прилика таа недела при нагло станување додека бев клекната. Како внатрешно салто да направи нешто и многу ме заболе. Кружните лигаменти се, од ширење на матката. Избегнувај нагли движења. Ништо страшно не е. Земи си магнезиум ако те боли.
Исто, многу високо го носев. Воздух немав до последен ден. Едвај скали качував. Се задишував и во лежење дури олеснување - пораѓај хахаха. Се смеам. јас не најдов начин да си олеснам. А и не се спушти бебето доле, па завршив царски.38+6
Драга фала ти многу за одговорот, ми значи. Обично легнувам на страна па качувам нозе ама нокеска поспана бев станував за во вц и се збунив што ми се случи Незнаев сама на себе да си опишам што беше тоа, не ме заболе воопшто, ни па денес нешто да ме боли само така наеднаш салто
Леле значи не сум единствена. Мислев дека претерувам, си велам зар само јас сум трудница и до толку неможам воздух да си земам. Ама ете значи од положбата на бебето е. Знам мила дека е пораѓај само решението, ама ајде да си ја пробав среќата викам да не ви има олеснато нешто, штознам. Па и овие киселини, ми се чини хранопроводот ќе си го искорнам од мака. Ете така да си се пожалам денеска. И прегеска се изнаплакав дека неможев чорапите да си ги облечам, едвај се наведнав, ооооффф.
Мене ми е тешко патики да врзам друго се правам И мене ми е високо поставено сеуште, последно на контрола докторот кажа дека е подспуштено ама уште е рано, не е фиксирано со главчето долу, оваа беше пред два дена... денес осеќам како подспуштен да ми е стомакот подолу е потврд, на средина не знам како да објаснам, и страв ми е Сабота сум пак на ехо...
Бев кај матичниот, 34та недела денес. Ми измери цервикс 3цм пошто кажав дека имав болки и лажни контракции и ми препиша Дабростон. По цело читање и од претходен пат, не е тоа во ред во 34та недела 3цм да е цервикс? Не ги зедов апчињата, ќе се консултирам прво со др. што ќе ме пораѓа. Што мислите?
Мене 2 ми беше, тебе што се вика и премногу ти е. Веќе треба да се крати, и повеќе од добар ти е цервиксот.
Киселини имав и јас до крај. Навечер посебно, едвај спиев. Мислев ми гори грлото. А за плачење ехе, мислам за се плачев и јас хахахха. Жени и хормони во вис - страшна работа Кај мене беше свртен со главата надолу, уште од 7ми месец. И така си остана, ама не слезе долу. Инает
Вие што сте веќе породени што носевте за бебе во болница. Влажни, павловичева, пелени тоа океј ама друго од алишта за деновите дур сме таму што да земам
Нема правило. Во првата бременост не ми го повторија брисевите од 12 недела, само стрептокока во 34-35. Сега сменив матична и од старт ми кажа дека два пати ги правела бриевите, еднаш 12 и после 28. Плус стрептокока на крај.
А според него кога треба да се скрати цервикс ако не во 8ми и 9ти месец? На пораѓај да не иде од 3 на нула, цццц. Имаа споделено искуства од членки што им давале исто вака прогестеронска подршка безвеза и им направиле проблем да не може да се отворат после.
Да да јасно… јас сакав сите за секој случај ама не знам дали е проблем да ме отвара бидејќи сум со скратено грло… Ќе ја прашам и матичната… Фала тии
Сега ми текна дека не ти ги пратив вежбите извини. Не знам ни дали ќе се постира добро линкот, ама ќе пробам. И уште едно