Другарка пред 5 е породена, таму ја облакаа малата. Јас пред три месеци исто. Ова да не мислеле на излагање на носиш алишта?
Многу често и мене ми се случува, така преку ноќ да врзам 3 саати и преку ден саат време. Некоја вечер пред да си легнам знам да се напијам Б6и ми помага спијам по 6 саати, пробај можеби и тебе ке ти делува.
Здраво женски ај и тука да се приклучам пак после долго време Бремена со второ сум моментално,7+2 недела вчера слушнав срцева акција
Сакав да допишам дека може има некоја што бевме тука негде минатата бременост ама немам одамна читано која е пак трудна и што се дешава така да ако има некоја плус од старо друштво нека пише Со лесно и на тебе и на сите,ке се дружиме тука
и мене чудно ми падна да бараат. Велес знам бараат се да носиш за бебето од бањарка до алишта 3-4 комплети , бодиња ќебе буквално се. Чаир со првото ми побараа само пелени крема и влажни мислам. Затоа сега со ова Ск ми се иде не ми се мкне цела торба посебно за бебе. се треба да пакувам .
феминки правев крвна слика и за урина во вторникот испадна сум дехидрирана и дека ми се качени леукоцитите ме праша матичната да не сум болна мене ништо не ми е само затнат нос и да сум пиела увин или брусница иначе сум 7н искуство некоја што поминала низ ова со покачени леукоцити и сл ?
Мене леукоцитите ми се дупло покачени ама имам бактерија во урина. Прошлата бременост цела бременост бев со бактерија ниеден антибиотик не ја излечи еве сега пак иста песна од почеток сум. Направи си уринокултура.
Може по други градови бараат, во Ск нигде не бараат. Таа до мене носеше и како ги пресоблекуваа бебињата, така она што си го облекла, со собраа со другите алишта.
Девојки кога почнавте да ги перете алиштата, тетри, постелнини итн? 32ра сум речиси и од една страна си мислам рано е од друга идат празници на лево на десно додека трепнам ќе влезам во 9ти да не ми се струпа работа тогаш. Знам оти веројатноста да се породам пред термин е мала ама деновиве си мислам да не ме најде неспремна
имам прашање според последната менс ми дава дека сум 7 недела +3 а во понеделникот на контрола го мереше сакусот 2 пати првото испадна 5н+6 а второто 6н (најверојатно покасна овулација) сега како да си рачунам во прашалници сум?
Кога мислиш тогаш. Мене ако ме прашаш, што порано подобро. Во 9 ти, и сила ќе снемаш, потешко ќе ти е. Среди си се и одмарај во 9 ти.
Браво за храброста. Се сеќавам низ што се помина минатата бременост па и пораѓајот ти беше тежок. Се надевам овој пат ќе биде се полесно. Браво девојче ти посакувам успешна бременост
Да си переш Од наредна недела сум 30та недела и ќе почнувам. Планирав до сега да ги спукам, ама маж беше на пат, па сега цел куфер алишта од него, па да се пакувам ќе одиме на една недела во Крушево и после тоа почнувам за бебево Сум заборавила какви залаци од алишта се бебешкиве и колку време одземаат за средување. Леле 30та недела, а Петровска ми рече здравје пред 39та полна ќе ме пораѓа. ЛЕ ЛЕ. Тоа е многу брзо у пм. Инаку колковиве ми се препородија со перницава, малава ја вика кобасица и цело време ми ја зема. Како би ја товарила и неа во кола, ама треба и санка да влечеме, па тоа скафандерите место ми зафаќаат. Уште да нема снег интересно ќе биде. Леле а следна година со две...
Вчера се враќам од туш маж ми си ја гушнал си задремал на неа нели и него го боли се од бременоста, гревче му викам да ти нарачам една не е проблем И мене ми се гледа многу брзо 8 недели до краен термин, ем сум возбуден ем преплашена