Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Пробај со потопол туш и магнезиум, мене тоа навистина ме опушта. Мене ме фатиа уште порано и си правев секакви паники но гледам дека веројатно така ќе си терам до крај.
     
  2. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.244
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам
    Пиев магнезиум и тоа од 500мг ама ништо.
    Како менструални болки имам,плус 200 сум испаничена...
     
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.803
    Допаѓања:
    18.087
    Пол:
    Женски
    Трае баш долго. Една капка ставаш. Малецко е тоа бебе, не му треба повеќе.
     
    На lil-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolita-

    Lolita- Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Менструални болки и болки во половината сум имала уште во 29 та недела, завршив од страв на лекар иако недела пред тоа бев на контрола. Истуширај се и можеш да се напиеш и повеќе магнезиум.
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Здраво, овде е поактивна темата па овде да прашам:
    Дали на некој на прв скрининг му имат кажено хиперехоген фокус на срце на бебето а други мерки се во ред. Да сподели искуство
     
  6. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Дали некоја ги пие суплементите на фарма витал, германски, pregnancy forte? Доста се поефтини од премама, фемибион итн. околу 500 денари. Составот им е ист како и поскапиве.
     
  7. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Deneska I jas poludev od kicmata a skoro 25 nedela sum
    Ne se sekiraj od tezina e ili od pozicija na bebush
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lozinka002

    lozinka002 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    За тие крупни не сум испитувала антитела, нели на торч за рубеола има испитување.
    Ама по сите тврдења гледам дека ако ги имам прележано немам простор за паника, не знам дали во авицена има некој пакет за да испитам антитела на крупните сипаници да не одам на инфективно чисто да сум раат
     
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.803
    Допаѓања:
    18.087
    Пол:
    Женски
    Ако имаш прележано седи си мирна, не оди сега по лабаратории. И Авицена не е поарна од другите, во однос на тоа дека врие од заболени пациенти, кои прават испитувања.
    Докторот треба да знае дека еднаш ако си прележала, дека нема шанси да фатиш втор пат, а па кога се во фаза на сушење па ич.
     
    На lozinka002 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lozinka002

    lozinka002 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2023
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право, меѓутоа исплашена сум.
    Минатиот пат кога ме испратиа инфектолог да ги прочита торч резултатите на шалтер кога кажав дека сум трудница одма ме испратиа надвор да чекам зашто во чекална имало деца со варичела и сега матичниов ми вика најсигурно било да идам на инфективно тест да правам, па побогу човек на едните сипаници имам антитела на хартија пишани на другиве со сигурност тврдам дека ги прележав, точно се сеќавам 6/7год имав дај ми совет смирувачко мислење, а не сега со цел памет да одам на инфективно.
    Во право си и за Авицена ама реков ајде да отидам во бош време кога нема гужви да сум на чисто и мирна.
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    8.030
    Пол:
    Женски
    @baguf4e женска до кај си? Секој ден чекам да пишеш дека си се породила.:hug:
     
    На baguf4e и Iva.T им се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    8.732
    Пол:
    Женски
    Фала ти што ме помисли:hug: 37+4 сум, на 5-6 дена одам на ехо и цтг уште од 35та, сега за сега абер нема ќерчево, цтг мирно. Магично и водата ми стана доволна, си расте уште, одговара на неделата, доле е со главата скроз. Си чекаме спремни :inlove:
     
    На Veki4kaa, Калатеа, Iva.T и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    8.030
    Пол:
    Женски
    Очигледно клексаните си ја вршат работата околу водата. Може новогодишно апла ќе биде ќерчето. Да не го добиете телевизорот на први :rofl:
     
    На Izzy_0504, Viktorijaaa5, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.244
    Пол:
    Женски
    Не пишувам многу во темава,ама денес мора да се искажам.
    Многу се плашам од пораѓај.
    Секоја вечер мислам глупости,дека ќе ми се случи нешто,ќе искрварам,ќе умрам,онесвестам итн.
    Многу не убаво претчуство имам. Исплашена сум нема до каде.
    За првото дете,не знаев ништо и не ми беше страв. Бев царски.
    Ама сега кога знам дека ме чека исто,сум преплашена. Тахикардија имам само од мислите... мајки дали ова само кај мене е вака,претерано страв и мисли,или кај сите? ;(
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    11.782
    Пол:
    Женски
    Исто, исто скроз. Како се ближи крајов снемувам воздух.
    Се си мислам дека нема да се вратам дома, таму на маса ќе си умрам.
    Докторкава ме теши да не се секирам овој пат ќе било се релакс, без трауми како првиот пат. И ме држи после муабетот нејзин дури дента, за од следниот ден пак да се вратам на старо. Многу, многу ми е страв искрено.
     
    На ForeverME му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат сум бремена и не знам што ме чека ама верувам дека не си сама.
    И јас кога ќе помислам на породување имам страв ама од друга страна нашите тела како жени се такви за да можат да го издржат породувањето и сите болки.Плус не си сама, ќе бидеш во раце на стручни лица кои знаат што прават и кои што породиле многу жени. Мислам само дека не треба да мислиш на тоа. И како што имам читано секогаш првиот пораѓај е најтрауматичен, секој нареден и се полесен- ова го длушнав од жена што има родено 4 деца
     
    На Ladyme, Viktorijaaa5 и ForeverME им се допаѓа ова.
  17. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.090
    Ох верувај ми и тоа како имав страв од сам почеток. Освен што се плашев за бременоста да ја истуркам до сигурна недела јас имав страв од царскиот кој кај мене од сам старт се знаеше дека мора да биде. Царскиот ми траеше повеќе од два часа, истиот не беше класичен царски туку и целосна внатрешна реконструкција на органите кои поради предходните три абдоминални операции беа залепени едни со други. Спиналот попушти веќе на крај, чувствував шиење но се заврши добро. Ти го разбирам стравот, но верувај ќе бидете добри, се ќе биде добро. Моето стварно беше ризично па еве не денес една недела како се гушкаме. Најбитно да имаш доверба во докторот.
     
    На Noemi, Baby warrior, Feniksgirl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. lil-girl

    lil-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Дали во 35та недела имавте менструални болки? Не често ама ги има во текот на денот… Google вика готово ќе се породам предвреме :sweat:
    Еве слика од ЦТГ денес, докторов вика нема никакви показатели дека ќе се породам пред нова година ама јас стандард во паники ;(
    IMG_2961.jpeg
     
  19. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Исто незнам што ме чека ова ми е прво па не си правам филмови во глава , идам кај доктор жена во која многу верувам. Незнам запознаена сум со многу работи... Најмногу ме плаши болката . Ме онеспособува било која болка пијам апчиња и не трпам и би ставила епидурал и анестезија за шиење доле. Од царски немам страв тоа е тоа операција после ќе се пукам со лекови. Ма да сакам природно да биде со Господ напред.
     
    На Baby Girl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.951
    Допаѓања:
    90.176
    Пол:
    Женски
    Здравје боже планираме пророден пораѓај ако е како треба се како и до сега, прва бременост.
    Верувам во персоналот и, докторката што ќе е тука АМА страв ми е од болката, се што следи пред сала и после тоа.
    Филмови си праам како ќе издржам болки, дома дали ќе сум колку ќе чекам.
    Па и какви се други глупи ситници мислам, детали околу пораѓајот ич да не ви кажувам :tmi:
     
    На Ladyme и Hygge-girl им се допаѓа ова.