Пробај херпестоп има стик или херпесан маст. Стикот го имам користено не дозволува да пукне и да се шири херпесот го држи влажно местото. Ацикловир мислам може да се користи. Прашај за секој случај.
Леле киселини ме убија овие денови. значи посебно навечер ќе цркнам. ме гори буквално. Нз зошто толку нагло ми се зголемија . немав толку многу. Овие денови посебно многу. Дали бебе расте поголемо е па притиска . уф ќе ме мачат до крај тоа е... Денес 26+3 среда полна 27 и официјално влегувам во 7 ми месец. го почнувам трето тромесечие
Јас нареден понеделник влагам во 7ми, неколку дена сме разлика Иста сум со киселините.. а малку прилегнам, и најмалку да е да не сум скроз исправена, абре ме гори и желудник и хранопровод… Колку пати од сон имам срипано со чувство дека оган ми гори во душата… Пијам сода, едни гелови што ми препорача матичната, кисела вода и во принцип седната заспивам, па со тек на време се спуштам надоле во лежечка положба. Ова ми почна пред 2-3 недели негде.. Ама изгледа до крај вака ќе ни биде
тоа е, ќе си се тешиме до крај јас на лева страна кога лежам ми се смируваат . на десна а се свртам секундарно ми се појавуваат или ако станам се исправам ноќе одма ме гори. а малиот ми станува ноќе и таман ми се намириле ќе се исправам абе одма ме горат.
Нема лек, мора да издржите, нема спиење до крај Јас сум 37ма веќе и секоја вечер се повеќе и повеќе киселини имам, без разлика дали ќе вечерам или не. Се ми е пробано,к.вода, млеко, семки од маслинка, жив ориз зрна, јаболко, гастрогард, значи ништо не ми помага. Некогаш од што ми е толку многу тешко, станувам во 2 3 сабајле си седам и си плачам по 2 саати. Едвај чекам да се породам, се надевам дека после ќе ги снема.
Фамосан може да се напиете, од 20мг пред да спиете... Јас пиев на почетокот многу повраќав ми се активира гастритисот, слободно може прашав преку 5-6 фармацевти и двајца доктори за мислење (мн искусни сите) ... Сега ептен кога имам мака пијам, незнам мене болка ми создава не само горење и киселина во уста имам како шилци болки, како да гризе нешто внатре не се трпи.
Јас го правев Qualified 360. Го правев во 11+2 недела и имав фетална фракција 10%. Задоволна сум. Резултатот беше за некој ден плус од тоа што им беше наведено. Имаш и посебна тема за овие тестови. Можеш да си прочиташ повеќе искуства.
Lugje celata sum zatnata.Grip virus neznam. Bev kaj maticnata mi vika ke ti pomine. Krvna slika ok. Ama nemozam da disam,grlo skroz mi se zatvori uai zatnati glavobolki strasni,nemam temperatura. Mi dade amoksiklav da pijam vo slicaj samo ako krenam temperatura. Neznam dali da go pocnam ama vaka sum cela nedela i sekoj den mi e se poloso i poloso. Izgubiv oset za se, kako vo koronata od sto mi e tolku loso.
Пробај со парацетамол на 6 часа пиј редовно и многу цедени свежи сокови и овошје, супа со лимон и бибер повеќе ќе те пушти малку ќе ти олесни. Јас мислам некаде во 6ти месец настинав многу, главата едвај ја држев исправена, неколку дена траеше.
Прегорен шеќер со млеко за грлото. супа со повеќе бибер за имунитет. Цеден лимон со мед- само внимавај пошто ви бременост желудникот е доста осетлив на киделкасти плодови. И инхслации со топла вода и морска сол. Доколку ти е дозволено гледај да се движиш по дома во топло пошто обично температурата се покачува кога се лежи. И парацетамол на 6ч
Se ova probano cela nedela,i nisto. Supi caevi inhalacii,paracetamoli ama bas se. Nemozam veke gradi glava ke mi prsnat.
Исто еве трет ден јас сум подобро многу, бев цела омалаксана, грлото како стакло, нос затнат, грозница температура. Ниско беше црп не зедов антибиотик. Пантенол со Ц по 4-5 дневно и прополис безалкохолен, жалфија раствор готов најдов (донвас некој) за грло локално правев гаргара два пати дневно. Зедов два спрејови еден изомар изотоничен ( можеш и 4-5 пати да го чистиш носот) еден хипертоничен ( наутро и навечер) и оперил п само за спиење еднаш прскам Парацетамол пиев два дена имав 38.5 температура. До 3 на ден. Многу супа сок овошје, денеска сум како нова да не се подречам.
После пораѓај одма ги снемува киселините. Мене со првата бременост последните 2 месеци ми беа со ужасни киселини и не најдов лек. Сега сум бремена со второ, има некои денови уште од сега со киселини сум. Рупурут малку подобро ми делуваше од Гастрогард. Другарка од германија ми пишти некои Гавискон гелчиња, демек добри биле ама одвратен вкус имаат, не можам ич да ги пијам.
Не знам дали смее ама валда да, да пробаш нешто да намачкаш на гради и грб пример она детското Експулмо? Ракија на грло. Чај од ѓумбир со лимин и мед освен ако не ти е многу изиритирано грлото.
@Veki4kaa @Izzy_0504 и јас имав дури и со повраќање...Пробај со кисело зелено јаболко мене тоа ми помогна од сода и кисела вода добивав обилни повраќања
Дали да се напијам диазепам? Многу ме боли нервов под кичма кај газот, само едната страна од газот ме боли (кине) при станување, седнување и при движење повремено ме боли. Дали сте имале болка во таа регија? Незнам точно да опишам кај е. Не е од кичма туку буквално некој нерв од газ
Скијатична болка е од нервот. Напи се од 2 мг ама пред легнување и еден парацетамол и б6 па иди утре консултирај се ортопед или невролог. Ќе треба терапија да земеш ако се активирал. Многу боли.