Она вика многу подобро, ама незнам овде праксата вика дека другите пршлени што се во близина на тој што е опериран после неколку години попушта па треба пак операција. Затоа избегнуваат. Ако може со декомпресии и физикална или блокада да се намали болката не се препорачува операција.
има решение ама бара многу работа, јас го имав и со првата бременост а со втората веќе беше уште порано и потешко. Мене ми помогна физикална масажа и мноооогу вежби за зајакнување на грбот. Добив и вежби со тегови и на машини. И сето ова исклучително помогна. Јога има за бремени на Јутјуб, ќе бараш под назив Sciatica. И магнезиум двојно повеќе од вообичаено.
Здраво. Би сакала да прашам, бидејќи сум алергична на риба, а моментално сум 13-та недела, дали доколку продолжам со фемибион 2 би имало некакви последици и реакции? Матичната ми кажа да не го пијам омегата од фемибион2, туку само апчето. Бидејќи ми е прва бременост не знам што е најисправно. И дали може како замена омега3 од рибино масло да пијам омега3 од ленено семе со витамин Е од фирмата synergy? Доколку некој има исто искуство би била благодарна доколку сподели.
За алергиска реакција никој не може да знае, дури не направиш испитување за конкретна состојка. Ако не го пиеш омега апчето не фрлај пари за двојката, земи си Фемибион 1. Омега можеш да си доземеш тебе која ти одговара. Овие пренатални се повеќе за тебе отколку за бебето (со исклучок на фолна), најди тебе кои ќе ти одговараат и земи ги. Мајкиве наши никоја не пиела ништо па едното чудо. Мене никој ми нема спомнато за пренатални, од сите гинеколози, во две бремености и Систина и матичен имав препорака само за фолна и витамин Ц, по моја желба пијам Фемибион.
Здраво девојки Што ви се покажало најдобро за ниско железо во бременост? 29+0 денес, железото 6ка, прв пат толку ниско во цела бременост. Фала ви однапред и со лесно на сите
Жени на преглед на плацентата има калцификати ама како мали бели точки а сум 27 +4 ....Ништо не ми кажа детално само рече дека е рано...Што значи ова ддимери и хемостаза испитав ама резулатите не се готови...Од што се појавуваат?
Globifer, со Ферофолик имав моментален ефект и многу брзо пак падна иако не прекинав да го пијам 3 месеци. Матичната имала неколку случаи со Глобифер и ме префрли на нив, и после прекинување уште е високо. И исхрана, телешко, цвекло, брокули, мешунки леќа грав, спанаќ, јајца.
Здраво! Денес правев крвна слика, и кај седимент на урина ми пишува ретки епители. Какво значење има тоа?
Не ми е тука извештајот да видам како се пишани знам дека и белковини и кетони ако е негативно е во ред ....Јас бев вака исплашена со резултатите ама после тоа што ми го кажа не се замарам
Од зегин ги земам јас, предност е што се пијат во било кое време од денот. https://zegin.com.mk/mk/globifer-forte-40-tableti
Јас пиев Тотхема ампули, не делуваат нешто посебно. После Флорадикс сируп, исто не помогна, сега пијам Хемовит. Да ги завршам па да видам како ќе биде рез од нив. Ако не ги бива, ќе ги земам овие од Зегин, фала