U princip po pravilo, a nema pravila. Bebcinjava se ragjaat okolu 52 do 57cm. Ama pak ce kazam za da ne me napadnete nema pravila Nekoi se ragjaat pomali, nekoi pogolemi, nekoi buci, nekoi slabi. Taka da ako ti se rodi 57cm, tie brzo rastat, ce nemozes se da mu iskoristis od 1-3, moe mislenje a moze I gresam. Ce kazat poiskusnite
Јас па баш најмали земав сега, first size 50. Искуство, ќерка ми се роди 3400, 50цм па 56ките и беа големки, а колку ги носевме искрено не знам, ама не дека очекувам по 2м да се носат, битно ми е да му е комфорно на бебе, ако се широки може и да му е ладно. Зара јас ништо не најдов освен непрактични работи, некои плетени чудни што за бебче не знам колку се удобни. Бодињата и хеланките одма аут оф сток.
Во средата пиев кафе, после кафето ептен мрдаше, после тоа чистев по дома клекни стани нешто потешко ќе повлечам и вечерта почувствував болка како позади во аналот. Од тогаш наваму слабо ја осеќам, иако вчера изедов пола чоколадо, требаше да ја почувствувам ама ништо само мали пулсирања. Сега сум на итна па ќе видиме што ќе кажат.
Ајде, па кажи ни како ќе поминеш. Можеби сменила позиција, па во ваква положба да не се чувствува толку
Какви спрејови за нос користите? Вчера ништо не ми беше, денеска сум хаос со носов. Те ми тече, те ми е затнат.
Кога движиме ги нишкаме и се успиваат па затоа не го осеќаш. Ама и мало е уште, ајде сеа ќе си го видиш кај пливка
Se naogjaat helancinja. Ovie sto se na akcija ne se I bash loshi. Za rezerva za da gi kaka I moca,top A neakciski sto se dosta raboti me bendisaa ama malce preteruvaat so cenine, 2.500 za bluzicka ili dzemperce
Какви 57 просек, кој те излажа ова? Просек е 50-52, не се за џабе и бројчињата такви, newborn size e 50. Со која брзина потоа ќе расте тоа можеш само да претпоставиш, многу зависи и од просечните висини на родителите. Во однос на квалитетот, син ми е израснат во Зара бодиња, хеланчиња и шпихозни, можам да кажам дека се (или бар беа) едни од најдобар квалитет, не се смалило ниедно, све на 60 перев, ни па мењаат боја. За разлика од Ваикики, Синсеј, Пепко и овие што ги има по локалниве продавници, каде обавезно земав по еден два броја поголеми. Исто и Х&М не мрдаат.
На тема попусти, и јас ја претерав малку со нарачки но се мислам, за мајско/јунско бебе треба повеќе по кратки или по долги бодиња? За секој случај секакви нарачав ама па да не купувам џабе.
И моето треба да биде мартовско здравје боже хехех, јас пред неколку дена се решив да си порачам нешто, па си порачав 68 од се по нешто, може ќе се големки ама не знаев што да правам, ќе видиме што ќе стигне
Здраво на сите. Во четвртокот правев сирклаж кај др Димчев со Систина. Навистина сум задоволна ид докторот. Сирклажот го правев превентивно заради полип на цервиксен канал. Ова ми е веќе втор ден, имав минимално како менструални болки кои од ден на ден се намалуваат, исто и сукрвицата веќе ја снема. Лежам цело време, јадам во кревет. Тие што имате сирклаж што др би ми препорачале освен ова?
Ako se pogolemki sekako ce gi obleces koga togas a ako se mali, nikogas. Ajde zaedno na poragjaj za kaj si odlucena?
Здраво девојки, имам алергија на домашна прашина.. мака мачам со кивањево секој ден сабајле вечер по 10тина пати по ред и после ми треба време да се смирам. Плус со синусите си имам проблем, промена на време и ја сум си цело време како настината. Пред бременоста зимав лоратадин, летизен и така терав.. на последната контрола кога му се пожалив на докторот ми рече никако само спреј за нос да прашам во аптека кој е погоден за трудница. Земав еден не помага.. некој совет за до наредна контрола? незнам што би можело да ми помогне
Има еден спреј во дм, демек нема прашина до 7 дена кога ќе пребришеш со него. Немам лично искуство со алергија, ама кај моја блиска помогна. Дал спрејот дал некој пласибо ефект, не знам. Ама девојчето продиши. Види ако немаш пробано не беше ни скап. За капки, земи некои за деца што се, ама ништо не помага нешто особено за нос во бременост. И без алергија носот се затнува особено прв семестар.
Здраво трудници, јас сум бремена со второ 10w и веќе два дена сум со симптоми на грип и температура до 38. Се изначитав многу работи за инфлуенца во прво тромесечје и искрено многу ми е страв дали ќе биде се’ во ред. Од терапија земам парацетамол на 6ч и за среќа се смирува температурата со него. Дали некоја имала слично искуство со грип во рана бременост? И ако може да пренесе искуства