Да ги пробам тогаш во топла вода со прашок да видам дали ќе пуштат. Ако не пуштат да ги ставам со светлите па се надевам нема да ги обои штом кај тебе било во ред.
Абе не се мачи на рака закиснување пушти си ги на 40 нормална програма за памук нема да пуштат. Што знам и од сестра ми и другарки никои не делат машина бели и шарени на бебе.
А што го држи грлото затворено? Еве две бремености, дури ни на пораѓај со надносени бебиња не се кратеше. Првото неколку дена, второто две недели надносено. Ќе ми остане мистерија оти грлото ниту се скрати ниту омекна. Не сум земала никакви суплементи за истото и вело време сум била во движење. Стварно во медицинава многу работи не излагаат на крај математички.
Па гледам на мониторот све што прави докторот, не ни оди надоле со абдоминалното ехо , само глава ќе измери пошто е доле и продолжува стомак желудник срце бешика итн.., плус вагинално го мерат грлото.
Црвена и тегет по мое искуство секогаш пушта боја. Особено дуксерчиња и фармерки во потемни бои. Јас користам и колор кечер и по 4 на една машина и пак знаеле да ми исфарбаат. Така што кога ги земам тие бои и кога им земам фармерки, на прво перење секогаш ги пуштам со чаршафи или пешкири за кои не ми е битно дали ќе се исфарбаат, на рака ништо не перам. На почеток бебешките може и да не ти направат проблем, ама понатака да. Црвена и тегет секогаш првиот пат дели ги од останатите.
Може кога те гледал вагинално видел дека е ок и нема потреба да се спомнува.Кај мене се следи уште од 6та недела поради пукнат водењак во 19недела и 6 дена предходната бременост.Кај мене секој преглед ме гледа и вагинално и абдоменално на ехо а сум 17 недела.Кога има причина се следи со почести контроли.Еве мене ми е грлото 32.5 ама утре праваж превентивен серклаж докторот сака да бидеме сигурни и да истераме до крај.Секој има различна бременост .
Тоа е да нормално кај што има некој ризик ваљда или прртходна историја како во твојот случај. Мене вагинално не ме гледале од 8-10недела, само на втор скрининг кога ми измерија ми измери со вагинална сонда и толку од тогаш до сега не ме гледале вагинално.
Јас ги делам обавезно. Направив беља првиот пат едни потемни хеланчиња пуштив со светли и ми омодреа, па се скапав од плачење, бидејќи мајка ми и ги купи тие . Никако не обелеа, па жената трчаше исти на ново да купи. Не би перела на рака како и да е. И за неколку парталчиња пуштам машина, нека е празна.
Јас деа све што имам купено ставам на 15 мин да се исперат и сите ги мешам. Ги перам на 15мин на 30 степени колку да не му ги облечам од продавница купени и за нас нови ствари истотака ги перам, непрани не облекуваме. Вие да не ги перевте прво перење на 90 па да ги преперам Иначе ниту едно не смени ни боја ни пушти боја. Појќето ми се од окаиди и зара
И мојот не мрдна на пораѓај ама мене ме третираа со прогестерони, плус лежев. Не знам стварно, моја претпоставка е директен притисок на главчето откако ќе се спушти бебето во 9 месец. Кај мене синко беше горе високо, едвај и со царски го извадија.
Здраво девојки. Кога е нормално за прв пат да се направи крвна анализа во бременоста? Влегувам во 10 недела, матичниот се уште вели рано е нема потреба. Имав потреба да се јавам на дежурен доктор на одделение, тамо прво што ме прашаа е дали имаш крвни анализи? Кога прашав дали е задоцнето, не ми дадоа конкретен одговор. Деновиве разговарав со претставници од лаборатории за пренаталните генетски тестирања, сите ме прашаа да не случајно примаш клексани, пак викам немам досега правено анализи. Ве молам за ваши искуства.
Обична крвна слика одма направив, после прв преглед и правев на месец и пол до крај на бременост. А за ддимери во 24та правев. Пренатален во 12та правев. Направи си сега, не касниш.
Еднаш месечно крв и урина од откривање на бременост понатака. За контрола на железо, гликоза, хемоглобин, бактерии и кетони во урина. Д-димери и хемостаза по индикација или во 16/28 недела од прилика праќаат. Многу прават на приватно од претпазливост. Матичниот ти е... без коментар.
@ginger Можеш да земеш и од матичен општ упат за крв и урина со шифра бременост за да ти е бесплатно. Во 12та треба да испиташ ТОРЧ исто е бесплатно на државно, во случај да не ти каже матичниот и за ТОРЧ можеш упат од општ ама притисни го гинекологот да ти издаде уште сега, секако важат по месец упатите. Во 12та се земаат и 3те бриса. Скриен шеќер исто е задолжителен од 24та недела до 28ма се испитува ако немаш индикација за порано.
Фала ти многу ♥️. Ќе се обидам уште сега, ако не дефинитивно ќе го сменам. За што и да прашам ми вели "кога ќе дојде време јас сам ќе ти кажам", како да се вреѓа на прашањава.
Јас во Биотек правев, Genesis pro за 100 аномалии. Барај си сама, некои не се многу ажурни гинеколози.
Никаква поддршка немам примано. Ама двајцата ги носев високо и исто како што викаш, мораше да ги тегнат и туркаат за да ги извадат дури и со царски. Не сум помислила, ама може да е тоа дека немало притисок никаков на цервиксот. Па како и да е.
жени ве боли ли клиторисот ? нз зошто почна да ме боли, на секое движење допир со гаќите хеланките ме боли. овие два дена вака ми е немав досега проблем никаков. викам од тежината да не е, како и да е веќе е големо бебето. па тежи притиска секаде.