25w+5d грлото на матката вагинално обично ехо измерено нешто помалку од 3см,дали имам простор за паника,многу се исплашив?
Ne se plasi,kako sto vi kazale taka. Stavaj utrogestan i miruvaj poveke,ne dvizi mnogu da se krene malku cerviksot. Jas bev vo mnogu polosa situacija so prekratik cerviks, miruvav 3nedeli i utrogestan. Se zgolemi verviks na 3 i nesto, mi se krena i postelka sega sum sosema ok. Dvizam najnormalno. Slusaj si go doktorot ili odi na drugo mislenje. Najbitno e da ne panicis.
Фала ти многу,инаку се друго си е во најдобар ред,мене работата ми е со седење може и затоа сум со скратено грло,ама кога сум дома ќе се трудам да лежам повеќе
Во тек на бременоста се користи безадреналинска анестезија. Забите се расипуваат повеќе и се препорачува посета на заболекар. За пломбирање дозволена е само белата пломба. Апсолутно нема потреба да трпите болка. Повеќе може да направи штета стресот од болката одколку анесезијата и пломбата. Септаназал не се препорачува во бременост затоа што делува така што ги стеснува крвните садови, може да го направи не само во носот туку и на матката. Плус нема ни доволно податоци студии за дејството во бременоста. Затоа само на база на морска сол е препорачано.
Девојки мои, мешковци убави. Јас уште рано да ви посакам убав помин вечерва каде и да сте. Да имате здравје, среќа, успех и премногу испонети желби во Новата 2025. Верувам дека на повеќето на нас тука во темава 2024 ќе ја паметиме како многу убава година, барем јас да. Ми се оствари една од најголемите желби - да си видам 2 цртички и фала му на Господ тие 2 црти ќе ги видам и гушнам наскоро во 2025. Останете ми весели, позитивни. И да не одете никаде вечер, најбитно е да сме со луѓето кои ги сакаме. Јас и маженце ќе сме сами дома, со скромна трпеза колку за нас двајца и убаво музиче. Ве гушкам и имајте најсреќна Нова година! Среќни празници!
Не е само за дали може анестезија, туку и колку се стерилни инструментите. Ако нешто може да не се чепка во бременост најдобро е да не се чепка плус од таа причина. Мене кец ми се скрши напред баш пред регистрација и морав да одам на стоматолог, женава ми рече ќе правиме најмали манипулации и ништо друго не чепкаме.
Значи се удавив во киселини, незнам како да ви опишам, ни Рупурут ни Гастрогард не помага.. ладно млеко, бисквити, лепче, бадеми, све пробано... ништо.. незнам веќе што да правам и со што да се обидам. Како топка ми е цело време и ме гори до грло..
За да ти поправи скршен заб , да ти стави коронка им треба рентген снимка. Заради зрачењето ти рекла дека ќе има минимална интервенција не ти рекла заради стерилноста на инструментите. Ако се сомневаш во стерилноста на инструментите смени го заболекарот. Толку од мене на таа тема.
Мене малку гастрогард ми делува тогаш за тогаш 8ми месец мислев ќе се удавев од горење во хранопровод ако сум легната дури и како да се гушам осеќав сега како влегов во 9ти најчесто на спиење ме фаќа погадно чуство нема пробај со орбит да каснеш во моментот или налевај се со вода... не знам што да те советувам оти и јас не најдов решение. Имало некои гелчиња во Зегин ама тоа не пробав јас.
Здраво жени, јас сум 25 г.н. и попладне веќе неколку дена со ред ми е подуен стомакот. Немам никакви болки само подуен и потврд стомак. Движења на бебе нормални. Дали е нормално? Имала некоја таков проблем? Треба да појдам да ме видат? Ви благодарам на одговорите и Среќна Нова!
Секоја интервенција СЕГДЕ носи ризик од инфекции, ако си толку упатена во полево ваљда ти е јасно. Бтв, мене досега со ртг скршена пломба напред не ми средувале, а еве не ми ни иде во глава што ќе им е ртг за раб од заб. Нејсе, убави празници да си имаш .
Оваа година што помина ми беше многу убава, се случија многу убави работи меѓу кои и останав бремена па годинава што иде нека ви биде најсреќна, сите да се оствариме како мајки, и сите што посакуваат најбрзо нека видат позитивен тест. Сите што станаа мајки нека уживаат во своите најмили.❤️❤️ Само здравје и среќа ви посакувам, све друго ќе дојде. Среќна Нова 2025та година.
Среќна нова 2025та! Да си донесеме здрави и најубави бебиња на светов оваа година и да сме силни среќни насмеани и спремни мајки Во темава што повеќе убави работи да дискутираме
Среќна Нова година мешковци! Ви подакувам здравје, среќа која за брзо, која за некок месец да се олесните со лесно и убаво и да ка осетите магијата наречена МАЈКА! Да го живеете животот , во еден ролекостер исполнет со радост, среќа и благодет , со најсовршеното суштество ДЕТЕ!
Здраво девојки, дали знаете дали е нормално од што можи дс течи носот крв во бременост. Повремено, од нигде никаде ми течи неколку пати во еден месец, не трае долго, некоја минс, на доктор ми рекоа се е во ред. Дали е нормална појава во бременост. 22 недела сум