Се боцкаш клексан? Јас приметив кога дувам нос како малечки парченца закрвавени во слузот последниве 2 недели, за една недела сум на контрола па ќе прашам
Здраво нова сум на темава, вчера позитивна бета 420 на 14 ден од ет со се денот на трансфер. Денес 15 ден, кога станав имав кафено. Имав и на 8 ден ама истиот ден прекина и прекинав со аспиринот. (Можно имплантациско)Прва бременост после скоро 12 години. Терапија имам Утрогестан 2х200 Имприл Декортин Витамин ц Естрофем 2х1 ми намалија после позитивна бета иначе земав 2х2 Сестрата ми рече доколку видам капка крв да боцнам пролутекс и сабајлево кога видов кафеното (значи ноќеска било тоа) одма боцнав и ставив и редовната терапија утрогестан.Од памет сум извадена лежам одмарам некој со слично искуство? Да го барам докторот или да не паничам? Немам број од докторот а сестрата е на одмор веќе за празнициве.
На 15ти ден од трансфер и нема баш што да видат на ехо вероватно. Можеби подобро да лежиш да не се раздвижуваш по болници, ама пиши му на докторот сепак да даде совет ако има плус било што да се превземе позитивна мисла само и поддршка од мене
Голем дел имаат кафен или црвен исцедок кој често не мора да значи дека е лош знак. Веројатно ова ти се денови кога вообичаено би имала циклус, па ова е стара крв која се чисти. А и неретко се случува и низ бременоста, особено првото тромесечие, да се појавуваат вакви дамки, па дури и крварење, а да е се ок. Мислам да се обидеш да не се стресуваш, покриена си со терапија, почекај до утре да видиш како ќе биде и утре веќе оди кај докторот или во клиниката каде го имаш правено ин витрото да те посоветуваат. Со лесно
Иначе имам сретнато по текстови дека крв од нос во бременост е симптом, се случува … заради зголемено flow на крвта во телото ама следи секако и спомни им на докторите
Нормално е не се секирај,и мене ми течеше така крв од носот,а не примав ништо и ја прашав докторката ми објасни дека не е ништо страшно Среќна Нова година на сите
Не сум стоматолог, друг вид на лекар сум затоа не можам да ти одговорам на прашањето. Ама со 100 % сигурност ќе ти кажам дека не е причината дека си имала минимална интервенција заради инструменти кои можеби не се стерилни. Нејсе не ми е целта да се развие кавга него да не трпат бремените жени забоболка кога е дозволено лекување во бременост. Да секоја интервенција носи ризик ама и ако не се интервенира може да се развие инфекција или поголем проблем од првичниот. Ќе тагнам една членка што во сеќавање ми е останато дека е стоматолог. @Annath Да ви посакам Среќна Нова, мирна школска бременост и здрави и живи бепчиња во 2025
Хм, јас сум девети месец бремена, до сега бев два пати по 6 сесии и плус 10дена вежби во нивната физикална сала, на физикална, каде добив мануелна масажа и вежби, кои ги правев секој ден дома. Вториот пат добив и вежби со тегови и на апарати. Од нив се оправив, и функционирам топ. Претходно маки со се. Упат добив од Гинекологот за физикална. Сепак ова е во Германија. Ама немаме помалку способни физикални терапиии во мкд. Како инфо и овде добив одговор од неупатен Ортопед дека нема спас да сум седела дома и да си плачам од болка, јас не послушав си отидов на физикална.
Тоа дали да се чепка или не во бременост нешто што може да се одложи беше поентата на муабетот, никој не спомна гној во глава да се остави така. Нема да влагам во детали ни па да замарам со линкови во првиот ден од годинава, може некој следен натаму . Среќна Нова на сите, многу насмевки и гушкање со бебуши ви посакувам.
Жени Мајки Кралици среќна нова 2025 година! само здравје убавини и желби исполнети во новава година! Сите да си ги земеме во раце живи здрави бебињата Оваа година е моја, имам многу за славење - да ви се пофалам имам снашка , брат ми се ожени! Ќе се селиме во новата куќа, ќе имаме нов дом конечно. Бебица за 3 месеци ќе се роди . Значи само убавини Сегде да има само убавини среќа радост
Мене ми тече три пати неделно, не е тоа некое којзнае какво обемно течење ама сепак. Ми рекоа дека било нормално. Од 20та недела негде почна, сега сум 30та и уште се случува, особено ако не ми е пуштен навлажнувачот на воздух.
Zdravo majki dali ima nekoja tuka so slicno iskustvo bebe 11 meseci uste e na doenje, pozitiven test deneska... prvata bremenost ja pominav so aspirine sekoj vtor den i so clexani, me interesira posto sega pak ista terapija ke bide zaradi trombofilija, dali imala nekona slicno iskustvo i dali moze da se prodolzi si doenje iskustva ve molam spodelete
Mene I dvajca ginikolozi mi rekoja cekaj da se porodis ce se sredi I ortoped specijalist. A dosta tuka gledam kaj sto praktikuvale masazi i se sredile. Kaj mene neznam zasto e toa taka kazano od 3 doktori Ortopedot isto taka mo kaza ako sum so priroden poragjaj ce bilo polesno a ako sum carski deka I posle poragjaj e mozno da si imam maka preplasena sum I neznam sto ce se desava vo idnina a njkoj ne mi izleguva vo presret za da mi gi olesni makite so povreme. Samo dvizi, dvizi, toa slusam. Jas dvizam ne deka ne dvizam ama nemozam 24/7 da dvizam. Obicno dvizam I sedam ama od sedenje mnogu me boli matkata I mi se pojavuvaat otoci, malce vo tekot da denot ce podlegnam I posle pola saat setam niz soba za da me pusti, tie bolki se strashni. So mi vika maz mi mnogu trpis I si pod stres dan se porodis pred vreme. 26 sum kj da ragjam sea skraja da e
Гинеколог нема да ти го реши ишијасот. Пребарај истегнување за sciatica in pregnancy, прави вежба со тениско топче под газот кај што те боли потпрена на ѕид, движи не се залегнувај ама со појас имаш на Медикус. Држи облоги топло ладно. Кога ќе ти се смири малце, барај физиотерапевт што прави масажи за трудници. Ако го правиш се ова не може да нема ефект, ти го кажува човек со ишијас од пред бременост со едно минимално воспалување во 7ми месец, ама со редовно вежбање, движење и масажи од 14та недела навака. Не знам зашто паничиш секоја втора трудница има восплаување на нервот поради изместување на рамнотежата во бременоста. Ти си немала претходно значи не ти е од повреда/дискус хернија од бременоста ти е. Кога ќе се намали товарот после пораѓај ќе се смири нервот и нема да имаш ишијалгична болка. Какви муабети за операции глупости, многу е честа и нормална оваа појава, не си единствена.