Мукозниот чеп, секогаш е со сукрвица или како? Не се сеќавам дали ми падна и каков беше со првата бременост.
Среќна нова година и од нас Имам едно прашање, се надевам некој има искуство да сподели. Имам вовлечени брадавици (т.е исто како да ги немам), но приметувам дека веќе се испакнуваат колку толку, но пак се далеку од тоа како треба да бидат. Почнува да ме мачи сега помислата дали ке можам воопшто да дојам. Дали некоја од вас има успешно искуство со силиконските брадавици?
Бев на семинарот од Дм за мајки и таму имаше една со исти проблем и имала многу предрасуди од фамилијата дека користи силиконски брадавици и кажа дека тие многу и помогнале да го дои детето и ги препорача медела силиконски брадавици.Инаку и мене ми е прва бременост , па ке видиме како ке биде...
Имам вовлечени ,постарата ќерка од прва си влечеше од нив сама си ги повлекуваше ,сеа со второво се надевам исто ќе е. Силиконски не сум ни купила. Зависи и од бебето секако ,но не се плаши можно е и без силиконски да си го доиш ќе си видиш ако не оди пробај и со силиконските или пред да дадеш да цица да ги повлечеш со пумпица.
Јас доев со силиконски. Бебето си цицаше, сепак малку млеко имав, па кратко траеше. На нук ти се супер, танки се, другите се подебели. Ама ќе бидеш упорна и ќе го ставаш и дирек на града. Ако е лакомо може да ги извлече бебето само
Сестрами исто, со медела силиконските доеше околу 2 ипол месеци, немаше млеко со царски беше, и стрес малку мислам влијаеше дека внуката мала се роди беше во инкубатор и ја задржаа 10 дена во болница вкупно. Но мислам дека не влијае толку брадавицата колку што телото поминува низ стрес и како ќе се избори и колку ќе внесуваш течности, Техниката на доење итн.
Јас на едната имав вовлечена до сам пораѓај, бебе ја извлече уште во болница. На почеток си мислев од таа цицка нема да го дојам, а месеци подоцна само од таа цицаше, другата ми ја одби. Гледај техники за добар фат на интернет, тоа е клучното .
Здраво мајки, денес пробав од сирењето но ми беше како со променет вкус. Не продолжив со јадење, одма го фрлив. Дали има потреба од грижа, бидејќи во мисла ми е да нема листерија...
Снаа ми беше така. Со силиконски и се извлекоа, доеше 2 години без проблем. Јасна кога беше кај мене, ми кажа дека на Чико биле најмеки и најприродни силиконските.
Ќе ти ги извлече бебе. Јас почнав со силиконски, па сега си се доиме со мои, бебе влече растура иначе хахах има да се чудиш колкави се после. И пумпата ги извлекува.
Јас до нигде денес цтг мирно, грлото повлечено и затворено. Се договоривме да почекаме до термин на 6ти ми е краен, па ако не излезе само, следна недела ќе мора провокација.
Здраво, едно прашање дане знае некој дали ќе работи утре и до колку е отворено алкалоид Берово дуќанот? Фала многу
И јас имам вовлечени брадавици, дојам успешно година и месец. Ич да не се секираш за тоа, не ти требаат силиконски, јас никогаш не користев, бебе често на града и ќе си ги влече само и ќе си цица. Ќерка ми е ептен цицач, не и влијае воопшто тоа со брадавиците.
Нема, од едно пробување ништо нема да биде. Листерија се добива од непастеризирано млеко и младо сирење, ваљда тоа што си го пробала било од продавница купено и вакумирано. Ако стоело долго време отворено во фрижидер има мувлосано.
Моја другарка во првата брменост , знам дека имаше баш голем и боленн проблем со брадавиците и силиконските брадавици и го решија проблемот.