Мислам општо при доење на почетокот е болен не зависно дали имаш или немаш испакнати брадавици. И се прават рани ако не се користи ланолин барем месец ипол пред доење и во тек на доење. Силиконските последно време и жени со испакнати брадавици ги користат ради тоа болката и рани што може да настанат од доењето, некои викаат и подобро фаќа детето. Само незнам дали би се користеле за цело време или само за почетокот.
Незнам колку долго ги користеше, претпоставувам е индивидуално. Но во секој случј добро е што постои можноста за тие силиконски брадавици.
За ланолинов имате инфо од кога да се почне пред термин? Јас влегувам во 5ти месец за 10тина дена и брадавиците изразито ми се зголемија и потемнеа. Константно ми се испакнати како наежени, мачкам еуцерин масло и кларинс крема за хидратација. Имам големи ама ептен цврсти гради се надевам ќе успеам да дојам природно а формата и цврстината горе доле да остане како до сега прашањето генерално беше за разранувањето првите денови … нешто што се покажало како испробано кај искусните мајки да не дојде до тоа
Можеш од кога сакаш, природно е тоа. И помага многу за разранети брадавици, мене барем ми помогна кога ми ја разрани едната ќере. На Медела земав јас. Чим бебе може директно со тоа да цица, немаш никаква штета да си мачкаш уште од сега, да си ги хидрираш.
2024 година ни донесе многу изненадувања и успеси, а едно од изненадувањата беше и сознанието дека во 2025 година ќе се реализираме како родители, за што сме пресреќни. За 2025 година имам само една желба, а тоа е да биде се во ред и да си го гушнеме бебуш. На сите ви посакуваме здравј, среќа, многу насмевки и исполнување на сите желби. И да си се олесниме сите и да се стекнеме со најубавата титула МАМА Среќна Нова 2025 година! ❤️
Нема врска дека почетокот со доење е секогаш тежок и болен. Еве јас сум пример. Ниту еднаш не ми се разранија брадавиците или некаква мака да имав со нив. Ланолин мачкав во болница два три пати, затоа што така ми рекоа. Не си стварајте стресови пред време. И да ви се вовлечени брадавиците бебе ќе ги извлече секако. Уште од сега замарање за силиконски брадавици и чудљ не ви треба. Мал милион видеа има на јутуб како да се постави бебе правилно на града, што е многу побитно од другиве работи. Ако бебе не е поставено правилно џабе е и најскапиот ланолин на светов. @Baby warrior нормално е да сменат боја и големина. Еве за цел број уште од сега ми се зголемени градиве, ќе ми пукнат. А што ќе те тешам, факт е дека ако доиш по завршување на доење се виснати и далеку од цврстината што ја имале. Моиве пример се за жалење. Доев, виснаа, после ослабев многу, уште толку виснаа. Сега еве пак се зголемени, ќе ми пукнат. Ама тотално најнебитен дел ми се. Маж вика дека секако му биле пресекси. Ок друже, терај штом така.
Да бе за секси сигурно ај живи и здрави да сме ако ептен сменат форма и цврстина здравје има и корекции за тоа, битно ми е детето да ми е најадено и да не се мачам со мастити, разранувања и чуда зошто имам баш осетливи гради од стално
Точно, болно е, без разлика дали некоја мајка има вовлечени брадавици или не, болно е зошто треба да се воспостави убаво лактацијата, да започне убаво процесот доење. Јас не би се согласила дека бебе по убаво би влечело од силиконска, природна брадавица е сепак по друго, е сега ако е неизбежно, ќе се користат и силиконски. Моево сега има и 8 заби, еве моментално деснава партал ми ја направи, ставам само ланолин, ама силиконски во ниеден случај не искористив.
И моите брадавици потемнаа и се испакнаа во текот на бременоста, не мачкам ништо сеуште. Од која аптека купивте Ланолин? Не земав ниту пумпа ми велат да причекам да видиме како ќе биде ако треба ќе се купи тогаш. Инаку притисокот ми е 140/90-100 некаде па почнав со терапија од денес, така советуваа... Цела бременост како треба на крајот сама ќе се зафркнам од страв изгледа
Мислам на тие предавањата кажаа од 7ми месец натака. И моите се многу чувствителни брадавиците малку ме чешаа на почетокот сега мачкам само веледа маслото за стрии. За градите сестрами мачкаше медела пурелан, ќе видам дали има и нешто подостапно а да не се измива. Мислам леа ми спомна една колешка од аптека. Ама ќе проверам има време до тогаш.
Во ДМ има ланолин на БиоБаза што не се измива, едно слатко пакување розево. Има и на ДМ ланолин ама не знам дали се измива или не. Искрено ту мач е на Медела, мислам скоро 1000 денари кремиче…јас избрзав и купив, на крај цело ми остана пошто не ми требаше, па мачкав уста.
Да причекај за пумпа,( јас имам од сестрами медела електрична слабо ја користеше) како и да е јас еве од искуства на мајки со повеќе деца викаат течности и многу важно е ако све е во ред да се бара детето почесто да се носи од старт за да може добро да надојде млеко. И кога ќе дојдеш дома да си упорна да не се откажуваш. Блиска со царски со второто дете ја викна Јасна сестрата што е кај Др Емел Марковска педијатар. Ја плаќаат и покажа како да се намести и ја доеше 9 месеци сега ја откажа за во градинка. Она препорачува лактил таблети и чај пиење напоредно и течности повеќе. Со првото во систина заглави малку повеќе и се искомплицира нешто и правеа интервенција уште една и фати мастит.. Не и го носеле често, со дохрана било и вика кога дојдов дома незнаев како и мн плачеше бараше млеко и продолжиле со аптамил. Второто го барала почесто на два часа од старт сестрите да и го носат во систина исто.
Еве сестрами и остана вика ќе ти го дадам сеа баш ја прашав.. Да скапо е.. Има има добри паралели сепак е ланолин прочистен тоа е тоа. Леа мислам може околу 200 ден е нешто ако не грешам.
Како бе вакви одговори од Доктори, значи јас на првите масажи плачев од болка, ама со сите наредни се среди сега немам никаква болка, таман сум пред крај. Можеш сама на Јутјуб да најдеш вежби за "Sciatica pain in pregnancy" барај има повеќе. Сопругот дома на местото каде што те боли нека го најде и нека масира нежно кружно или како да го влече нервот. Еве и линк со вежби, пробај ова, исто и јогата многу помага.
Мене за раните мојата општа матична ми рече д3 да капнувам и да сушам на воздух така мо помина раната...
Zdravo devojki mi treba sovet.Transfer na 3 dnevni embrioni so sreden kvalitet. Taka bea definirani. Na 30.12 pravev test preku krv beta bese 51 vrednost. Denes 02.01 povtorno pravev preku krv za beta i izleze 96 vrednost. Vrednosta e zgolemena no ne e dovolno, dali treba da se plasham ? Ve molam za mislenje.
Ti blagodaram mila. Me masira I toj neznae kako da mi pomogne vece Na mestoto kaj sto boli koga zema da masira mislam ce se onesvestam ama toa e za malite ce istrpime, samo da nema dozivotna posledica, jas od toa se plasam
Земете си на Babylove ланолин 150тина денари е може да мачкате цела бременост. Не се измива. А кога се користи било каков ланолин се мачка после доењето не пред. Проучете малку повеќе за доењето пред пораѓај, воспоставување лактација, позиции за местење бебе, има многу работи што мајки и и баби немаа поима да ви ги кажат, ама први ќе ви кажат дека немате хранливо млеко Јас посетував часови кај Јасна за целокупна психофизичка подготовка за трудници, ако некоја трудница има повеќе од месец до термин и препорачувам да си се пријави.