ланолин на медела, на почетокот ќе го менуваш бебе често од една на друга града јас така се разранив, ја оставав подолго иако ме болеше и после уште полошо... иначе градите после доење нема шанси да ти бидат исти.. јас имам мали, ама ми виснаа, еве сега дека сум повторно бремена пак ми растат
Среќна нова и од мене мамички, сегашни и идни, живи, здрави, сакани и на сите да ни се полни срцата и рацете. Неколку денови правам пиши па избриши, слушнавме срценце пред некој ден , ама јас сеуште не сум се израдувала како што треба, а бога ми ни мм.. претходните бремености знаеше да ми погали меше одма сега не ме ни допира. Се надевам дека ќе биде се' во ред овој пат, и свесна сум колку е битна позитивната мисла, најголемиот дел од времето гледам да сум зафатена ама секогаш се најдува по некое "црвче" да ми вметне доза страв и паника па тука почнувам да барам симптоми ги имам ли ги немам ли.. и така до недоглед. Што се вика пред 3 дена бев на преглед а веќе не можам да го дочекам следниот тие што терате бременост после спонтан како го поминавте овој период? (Се надевам во што помал број сме) @Iva.T мислам дека немаш поповлечени брадавици од моите, буквално рамни ми се во 9ти месец почнав да ги извлекувам под туш, и после почнав да дојдам со силиконски брадавци (песна ми беше доењето), теравме до кај 3м со силиконска после сама почна да си влече без нив, скоро 2год. доев.
многу тешко, цела бременост во грч ја поминав, за да ми биде полесно идев на 2 недели на преглед, си темпирав еднаш месечно кај матичната и еднаш во Систина, да ми доаѓа точно на две недели и само броев денови од еден до друг преглед... фала богу се беше во ред... е сега сум повторно бремена, пред една недела и ние чувме срце и пак ми се вратени стравовите... ама со тодлер дома неам толку време да мислам.. шо и да ти кажам нема да ти помогне ама гледај да мислиш на нешто друго, ја одев до последен ден на работа и тоа многу ми беше од помош, имав хематом и лежев 2-3 недели дома тогаш ми беше најлошо... ако ти е се во ред со бременоста шетај, пешачи, прави се најнормално и со лесно ! Среќна Нова од мене, ќе биде се во ред
Мора да бидеш ошуштена да мислиш позитивно.Еве јас сум бремена 3та бременост послем 2 спонтани повторно каде што 2ра бременост спонтан 20 недела.Сега сум 17 недела и реков нема стрес ,мислење што ќе биде.Поминав секлаж,бед рест сум од 6та недела .Си наоѓаш занимација книги,филмови и ќе помине времето.Ќе се опушти и ММ дај му време и мојот беше ист ете го сега гледа креветчиња и колички.Мој совет ти е само опуштено и со позитивна мисла.
Од која сакаш, ама за да ти е по тазе знаењето барем накај 27ма 30та да си, пошо се вежаат и дишења на болки за пораѓај. Секој месец има нова група па како ќе ти се погоди според неделите гледај. 6 часа се по 2 неделно, ако почнеш 30та пример до 33та ќе си готова.
Мој совет е секогаш да се измива ланолинот пред доење. Да, скоро на секоја кутија на секој бренд стои да не се измива. Ама всушност, не може со сигурност да се знае колку стварно е прочистен и колку стварно не содржи пестициди. Јас секогаш го измивав за мирна глава. И така и планирам да продолжам и со третово. Со првите две имав проблем со брадавиците не можев никако да воспоставам длабок фат. Двете фаќаа плитко првите месеци и страшно ме разрануваа и ужасно болеше. Па за болки и рани и користев ланолин на Медела како најпроверен. Трета среќа може ќе ми успее од почеток овој пат да наместам бебе убаво, па ланолин и да не ми треба воопшто. Среќна нова и среќни мајчински денови ви посакувам!
Стравовите не исчезнуваат ама малку по малку се стабилизирав и научив да се радувам на ова бебе, нова душичка. За стравовите нема да ти зборувам породена во 18та недела пред 11 месеци. Сега за 10тина дена влегувам во 5ти месец и стрепам од таа недела. Секое одење во вц е хорор бидејќи минатата бременост цело време крварев сега прв поглед ми е на гаки па после почнувам со се деуго. ама, едно нешто кога ќе ме нападнат најлошите мисли е да пробам да си ја замислам собата на ќерка ми, целата наредена и средена како што ја замислувам а во креветчето како спокојно си спие. Тоа ми ја смирува главата и пробувам секоја мисла на тоа да ја детализирам глетката, додавам тапети, играчки, дезени на постелнината каде што спие итн. Ова е совет од психолог и мене лично ме смирува и ми носи среќа во срцето стално кога сум растревожена. за моја среќа оваа бременост е сосема поразлична од претходната и гледам да правам работи што ме прават среќна цело време, маж ми ми е најголемата поддршка и заедно поминавме се, одвај чекаме да си ја гушнеме нашата среќичка во јуни
Колешкава дома ја викна со бебето кога дојде од болница, една недела се мачеше сама .. И мислам друго е вака да ти го намести бебето и да ти покаже а друго е кога ти раскажува. Првиот пат кога отишла спиела малата и пак дојде втор пат и вика друго е одма ми ја намести и почна да цица. Цена незнам ама може да ја прашам.
Пред некој ден во муабет со колешки збореа за неа, најпофални зборови за совети и тактики за доење баш беа задоволни вака како што опиша со примери
Не поминува стравот, јас изгубив бременост 16та недела и сега како се наближува таа недела баш исто сакам на 3 дена да одам на преглед.. Мене ми помага да не си го бркам стравот туку да правам се што ми е комфорт во моментот. Буквално сѐ што во тој момент ќе ме направи сигурна. Направив и чистка на луѓе што паметуваа од околина после сѐ и гледам да се фокусирам ден за ден, да не мислам предалеку, да не гуглам симптоми итн. Ти посакувам лесна бременост и сѐ да биде во ред. ❤️
Se obiduvam voopsto da ne razmisluvam na negativno nesto, gledam da ne googlam bez vrska i sa ne povrzuvam simptomi. Za kupuvanje i takvi raboti nekolku pati probav i se otkazav vajda uste ne sum spremna.
Ти збориш за консултација за доење, околу 1200ден беше мислам. Не е исто, ова се часови на повеќе теми, да раскажување и покажување слики и пози, совети, за уште додека си во болница што можеш да направиш за да стимулираш лактација, како да чуваш млеко, колострум итн. Ама опфаќа цек процес на породување и закрепнување, нега на бебе. Плус е педијатриска сестра и има доста искуство со различни случаи. За разлика од бесплатните предавања на Матрона и други што ги имам слушано кај што се повтараат едни исти работи, овде научив многу.
@Anaroz1 @Veci@123 @Baby warrior @EnaEnA30 @SanelaS Девојки фала ви премногу, барем знам дека не сум единствена со мисливе во главава. Давам се од себе да размислувам позитивно и правам се како што ми е наложено од др. па се' останато е божја воља. На сите и на себе посакувам да си родиме живи и здрави бебенца.
Групни се, во живо се ама можеш и онлајн ако не можеш физички да присуствуваш. На bebelogija на инстаграм објавуваат кога почнува пријавување за нови групи, секој месец е нова група. 3000денари е за целиот курс, 6 часа по саат и пол, плус прави група од трудниците за споделување искуства после пораѓај и достапна е за информации. Дава и подарочиња, тестери, кодови за попуст. Ама реклама и направив ќе ме банираат
Ne se plasi majka. Gospod e golem i On najubavo znae sto pravi. Neznam dali me imas mene citano, jas pominav uste postrasno. Vo 41 nedela mi go umreja bebceto nesposobnite. Zivotot ide ponataka, mora da se borime sega za ovie zivotcinja sto ni rastat pod gradite. Opustise I pozitivna misla (tesko e) ama mora da se defokusirame od tie nesrecni momenti I da se fokusirame na najpozitivnoto. I jas potkleknuvam psihicki I jas ima momenti koga sum preplasena, istraumatizirana sum, ama ostavam vo Bozji race. Zal mi e ova malecko sega sto raste vo meshe da trpi stres, radi nego sobiram sili
Имам фиброаденом на градата кој го следам на 6 месеци. Последен пат правев ехо месецот пред да останам бремена, сега би требало да го проверам за некоја недела. Тогаш бев на неколку мислења и сите беа различни. Еден доктор ми кажа дека со бременост/ доење може да исчезне, па го послушав него и не правев операција. Дали е ок да правам ехо на гради сега во бременост? Претпоставувам дека можам, ама да прашам поискусни.
Да да ехото е сосема ок во бременост, добро е да се следи секако. Јас на неколку недели правам гинеколошко ехо плус во 9та недела морав ехо на цел абдомен црн дроб, жолчка, желудник, бубрези. Докторите беа согласни дека ехо не е штетно иначе не би било дозволено да си ги гледаме бебињата на неколку недели нели