На кратко: секој месец крвна слика со сите параметри за трудници плус уринарен статус Три скрининзи (двата задолжителни) Прв 11-12 недела Втор 20-23 недела Трет 28-31недела Ова е за регуларна бременост … јас би побарала и упат за испитувања на тромбофилични мутации и хемостаза од витамини пренатални + фолна обавезно Не се љути на системот сите сме помирени дека матичните се чиста формалност и дека бременоста е озбилна работа па сите самостојно си се грижиме приватно, нека не ти ја зима тоа целата енергија и да ти прави лоши мисли, пари доаѓаат и одат во животот.
Брисеви и торч 10-12 недела Само брисеви : 20-21 недела И на крај пред пораѓајот исто. Јас би напрвила и пренатален тест ако си на почеток од 10- 13 недела се прави за да имаш резултати барем до 14 недела дека све е во ред.
Брисевите најбитни јас не сум ги пишала, за мене и пренаталниот треба да е задолжителен ако ме прашаш поготово над 35год
Да 6та недела , матичната само ми тече дојфи во 12 недела за пап и брис а знае дека е очекувано бебе со год. не ми рече ниту крна слика ниту др.тестови да ми даде упат шкрти се за упати некако ги мрзи да бараат термини таков впечаток имам.
Да така ми рече сестрата брисеви и пап ајде чао после 4 дена вртење на тел. И реков констатирана е бременост што понатака.
Понатака е да смениш ваков матичен. Пробај префрли се кај друг. Пошо само ќе се напињаш и паничиш цела бременост без причина. Пап не се прави во бременост.
Таман имаш време за све.. Иди ми треба - упат за имунологија за генетски мутации, побарај упат за општа крвна слика на биохемија и плус вит д3, б12, фолна тоа да ти стави. ( ако ти даде за ист ден може да ти земат на едно емсто крв и само да однесеш епрувети пример мене на имунологија крв ми зедоа а на биохемија само подадов и реализирав упат затоа што таму има мн гужва) Упат за скриниг од сега да ти фати, еден имај на гак. После таман ќе знаеш и што од витамините и минерали да појачаш. Биохемија стигаат за еден ден резултати на маил, другиве ќе ги почекаш. Таман торч и брисеви во 12та ќе ти земе, и ќе си направиш скриниг. Ако се решиш за пренатален никој не ти треба ако сакаш имам број од Панорама и Нифти да ти објаснат на телефон и на маил може да ти пратат инфо. За другите немам ама сигурно некоја членка има ќе ти пише.
Матичните се прича за себе Затоа после сите трчаат по приватно, а не секој има за приватно заш без осет се со цените. Цел живот плаќаш здравство за да те унакажат. Јас вчера бев на контрола и матичниот ми вика што си дошла? На 12ти беше, за две недели што да видам За 2 недели чуда се дешаваат ама ок и си заминав. Претходно одев почеток на месец втори/трети по еднаш месечно, само минатиот бев на 12 ради што одев и плодност. Културно си ме избрка Во приватниве и што треба и што нетреба испитувања прават само да го љуштат народот и така.... да незнае човек на што е. Господ само да е со нас и да не вади.
Пап не се прави во бременост освен ако немаш некоја комплексна дијагноза со цин поголем или недај боже канцерогени појави
Чекај и витамини се испитуваат? Јас прв пат слушам дека треба и витамини. Мене обична крвна ми прават со глупости. Од тоа што нетреба (аст, алт, црп и ред други раб) од тоа што треба (железо, хемоглобин, албумини, протеини, шеќер) ни витамини ни други битни работи. А и не ни знам се што треба. А и не треба јас да знам, по професија сум економиста, сигурно и тој не знае многу работи да ги врши од моја професија
Немој пап во рана бременост тогаш. Брисеви во 12та чисто да си мирна само од микробиолошки аспект друго нема потреба да те чепкаат доле
Јас си испитав ми требаа за мутациите. И сега можеш не е тоа проблем ќе знаеш како си. Дали да појачаш д3 ако е ниско, или да намалиш нешто ако е високо. Јас д3 немав у живот испитано и викам кога ако не сега. Не е ништо морално ама државно сега ти е бесплатно дека си трудница можеш да побараш.