Се спрема за коледарка. Знам дека ти е најнапорно на крај, ама веќе броени ти се деновите, ајде уште малку. Киселините се поради притисок на желудник и хранопровод. Во сите 3 бремености имав/м многу. Ќерка ми се роди без коса, до година ипол не можев репче да и фатам, шнолче немаше кај да и закачам. Син ми се роди со малку косичка и многу брзо му порасна и многу му се згусна. Третово допрва ќе видиме.
Мене никаков чеп не ми падна и никаков знак немав, па за неколку саати се случи се хахаха. Очекувај секој момент
НЕ МОЖАМ ВЕЌЕ. 32ра од понеделник, толку ме столчи се не можам да опишам. Едвај чекам да поминат 4 недели па да мрчкам за пораѓај. А ако е се во ред одиме под нож пред 39та полна. Пак имам ептен квалитетна ишијалгија, само со првото почна некаде 9ти месец, ова уште од минатиот месец и веќе ми се плаче навечер. Уствари синоќа плачев пукнав. Ма ни перница веќе не помага, ни јога, ни теретана. Вчера контрола кај матичната пак го мери помало цела недела, стомакот и повеќе. Петровска си го мери скроз таман, дури и 2,3 дена понапред. Постелка ок, протоци ок, грло скоро 5 цм. Дозвола со две раце за на Водно . Ама не претерувам, до средно само. Толку без врска психички ми помина цела бременост, уште ми е далечен фактот дека за многу кратко ќе имаме голем пресврт во животиве. Толку ми е уживанција периодов со детко, толку ми е умница и девојка, некој страв ме фаќа како понатака. А таа пак ми вика вчера да ги исправам нозете сестрата ќе сум и ја смачкала. Испрано, натокмено, здиплено се, уште навлаките од количка и релаксатор ми останаа. Ама душава некако грч, мислев ќе се подоправам до крај. Очигледно не.
И јас исто бев здебелена 20кг. Т. Е бев цела отечена. Некаде 10 дена по пораѓај си се вратив на старата килажа. И мене не ми се веруваше, ама се прерадував хахаха.
Dali smee edna caska rakiicka da zdrmam? navecer pijam midol (nesto zamena ko aspirin e) I heferol za zelezo
Извини, не сакам да сум груба како трудница кон друга трудница, ама дали си сериозна со прашањево? Вака најискрено те прашувам?
Па да сакав да ти мудрувам одма ќе почнев, јас те прашав само дали си сериозна. Прашуваш дали смееш да се напиеш ракија на форум во бременост. Ракија бе. Незнам какви коментари очекуваш. Дека ќе ти речеме сите ,,слободно , по една дневно” ? Секаде можеш да прочиташ дека алкохолот е забранет во бременост, нема ,,безбедна доза” , а натака ти како ќе си правиш е твое и на твоја одговорност спрема твоето бебенце, нормално.
Баш пред некој ден читав за ова онака ми искочи текст… по најнови истражувања секоја капка оди директ до бебе … немој…не сме дошле до алкохол баш овие 9месеци, цел живот го имаме за забава и опуштање https://majkaidete.mk/amp/dali-e-opasno-bremenite-zheni-da-pijat-alkohol-vo-umereni-kolichini/
Ne sum na forumov za sirenje negativna energija I raspravanje . Samo da te prasam ti bezgresna si I striktno se vodis kako sto treba vo bremenost? (Hamburger nemas kasnato, pomfrit I sl da ne nabrojuvam) samo na zdrava hrana si I sl? Nikogas ni vo zacadena prostorija nemas otidnato?
Јадев како што сум јадела и пред бременост. Ама пред тоа ништо не ми се фаќаше, во бременоста се залепи нешто за мене
Ti blagodaram mila ❤️ Mozam da se vozdrzam, ne sum alkoholicar, me interesirase samo sovet. Ama ocigledno tuka ima mnogu sto vrsat napad.
Женче, мислам дека мешаш баби и жаби. Далеку од тоа дека сум безгрешна, ама споредуваш помфрит со ракија. Како знаеш така прави, ти дадов мое мислење. И не ти вршам напад, ти дадов најдобронамерен совет како трудница спрема друга.
Девојки, како сте со спиењето и pelvic pain? Мислам се распаѓам навечер, како некое зомби. Ниту сум спиена како што треба, ниту ништо. Едвааај се вртам од една страна на друга. Трет триместар ми наплати за цела бременост што ми е лесна, а имам уште 6 недели до термин, а сакам да се надевам дека нема да терам до 40та недела.
Јас бев 39+5, природно ми дојдоа. Инаку до тој ден секое ЦТГ ми беше мирно, а одев на секои 5 дена веќе на крај. Така да не се води според ЦТГ-то воопшто. Инаку водењакот таму докторот ми го прсна. Мене пет дена претходно чепот на неколку пати ми падна. Ма да и тоа не значи ништо конкретно. Може болките и после 5 ч, и после една недела да почнат...
Мојата со коса се роди, ниту еднаш не повратив ниту имав киселини. Два-три пати само осетив киселини кога си легнував. Така да не е тоа точно.