Незнам јас еве од утре во 5ти месец и више тешко се спие. Боли стомак на една страна и на друга, кук, колена, соништа триста па ми се моча. Маж ми па ме буди еј спиеш на грб... Тој исплашен јас барам сон. Искрено не ми помага перница... Од сега ме фаќа страв како ќе се издржи до крај. Од сега чекам да летнат деновиве па и пролет да дојде да го снема сивилово.
Вака знам сеа ќе ме нападнат ама со првото си пиев по чашка ама не ракија ,општо не ја поднесувам за н.г се напив чаша узо ,за бадник чаша вино... ама не примав никакви лекарства освен фолна. Цигари не пушев ,мм пушеше дома внатре и постелката ми беше пушашка. Е сеа со второво 17 та недела сум,ни да помирисам не можам алкохол... фала богу нормална бременост и здраво право бебе имав. Ама ти си со лекарства и јас на твое место не би... Инаку и воздухот надвор претходната недела не е баш најзрдав за никој за нас посебно ама на тоа како поединци немаме влијание па барем на ова шо имаме да не го правиме
мислам дека нема правило, генерално како и за сѐ, ништо не е испитано на трудници зошто е неетички и сѐ што не е неопходно не се препорачува… Другарка ми пиеше секој ден по неколку пива, си продолжи да си пуши по 2 кутии како и пред бременоста.. цела бременост пиеше бруфени за болка (а пишува дека е забранет) и си роди здраво, право дете. Ама јас не би ризикувала, да поминат овие 9 месеци, да си биде како што треба, за пиење ќе има време еден куп. Сепак, секоја си одлучува што мисли дека е најдобро за неа и бебето.
Да, не сум помислила искрено за пиење, не сум пушач па така се погоди прокрварев па ни односи ни ништо. Ама секој е различен човек. Мене мака ми е од желудникот пиењево на витамини и ги рипам па осеќам грижа на совест. Пијам фамосан од болки и за него ми е мака што го земам. Сите сакаме све најдобро тоа е јасно да не се обвинуваме. Секој е различен јас не сум човек кој превзема ризици општо во живот идам на сигурно така се осеќам добро.
Што беше спиење? Колкови, немирни нозе, киселини, затнат нос, детево не застана во стомак значи шутира насекаде, мочање на 7ипол минути… искрено ми се чини ќе цркнам.
I kaj mene mila istoto se deshavashe ama povremeno, so epizodi po nekolku dena me drzese. Jas imav maka so kolkovite, taman ce me fatese dremka i se budev za wc. Posledno so bese, toa bese so nervot na gazot. Skoro 10 dena me drezese ama tri veceri so red edvaj do wc idev, nazad maz mi me vracase. Sega za sega po ok sum, pak imam bolki ama funkcioniram . Za so kolkovite mislam deka poveceto imaat maka, najnormalno e ama tesko e. Se nadevam deka za brzo ke ti pomine. Mislam deka mora da pusti
I jas trpam I bolki sekakvi, duri I paracetamol se vozdrzuvam da pijam. Koga imav najgolema maka so nervot dozvoleno mi bese od dr diazepam so ketonal za da se potsmiri malce, ni toa ne se napiv. Znaci okolu ova ne bev dovolnu upatena zasto znam dosta trudnici kj sto si potpivnuvaat I sl. Jas ne ni planirav da se ostavam na mesto. Ama ete naidov na napadi I ne se zamaram so takvi komentari, sekoj ima pravo da si go kaze svoeto mislenje I nacinot na koj sto ce go kaze. Do sega po forumive nikogas nemam napadnato na nikoja ni bar toa mi e plan. Tuka sme za drugo a ne za raspravii. Toa sto cover ce prasa ne go gledam za zlo, ete ne se napiv I ne propadna svetov, ce znam I za vo idnina
Ибупрофен мислам дека може ,се имам јас напиено поради прејака главоболка. Јас и општо ретко пијам лекарства гледам ако може да поминам со одмор со нешто природно ама и сеа и со првото на сам почеток бев со антибиотик поради прејака настика. Матичната ми вика подобро антибиотик отколу да напраиме проблем кај шо го нема. Дека може било кој да опстане сосем здрав сите 9 м и да не се напие ништо ич тешко. Ама за алкохол па и цигари лесно е да се воздржи чоек (и поранешен пушач сум така да знам дека се може ,само колку се сака) инаку имам и јас во близина таква трудница и пиеше и пушеше и се ок беше а ете мене од мм внатре шо пушеше пушачка постелка друг да ми кажел може немаше да верувам... @Shkolka@ Честитки ,да сте здрави и живи сите
3 i pol chasa kako sum porodena bolkite od operacijata zapochnaa pred eden chas a nozete ushte ne gi osekjam,dali bla i druga vo vakva situqcija
Е и јас ви се приклучувам во неспијачкки од оваа недела почнува стомакот некако да ме заболува на една страна па ќе се свртам на друга а тек сега ќе влагам во 5ти до 9ти ќе бидам лом сигурно една другарка ми вика тоа што викаат спиј сега кога ќе дојде бебето нема, не е вистина последните месеци ич не се спие кога ќе дојде бебето си спиеш само на паузи Иначе јас станувам за вц еднаш навечер и после ми е тешко да презаспијам па се вртам, маж ми па спие како зајак одма се буди и он ме проверува што ми е, зошто не спијам па се зазборуваме у сред ноќ А за соништава … да не зборам, цели филмови … имам и еден кошмар што три пати го сонувам откако сум бремена како го губам бебето со различен крај и кога ќе се разбудам раката одма ми оди на стомак и се смирувам дека е тука ваљда потсвеста си работи ептен … за другите содржини на соништа месециве имам од комични до неосновани мозоков е магичен орган навистина
Мене тоа што неможев да спијам додека бев бремена ми дојде како "вовед"во сега воа со бебе хаха.. се навикнав да функционирам со неколку саати спиење,па сега супер ми дојде кога се роди бебе
Киселините па заборавив да ги спомнам. Ајде високо го носев, ама сега е со главчето доле, па се понадевав дека ќе ми намалат малку киселиниве ама не бре, нејќе да попушти. Ама ќе издржиме уште малку. Баш тоа го помислив пред некој ден. Тоа што не спиеме во бременост изгледа нѐ тренира за подобро да функционираме без сон откако ќе дојди бебуш.
Па кога ќе се роди можеш да го оставиш саат два да го причува некој дур спиеш, а вака ај нека не клоца.
Ги сушам бебешките алишта во сушара. Дали после пак ги пеглате? Нели секако во сушарата се дезинфицира на висока температура.