Баш и јас ќе прашував до кај си. Те запамтив по терминот дека на бадник се паѓа! Ајде утре божиќно бебенце да си имате Со лесно само нека е
Na haakaa ima edni posebni spricovi za sobiranje kolostrum. Toa go vikaat zlatno mleko i e mnogu zdravo ubavo e da si go zamrznes pa koga kje se porodis da go davas na bebe.
Мајки што се породивте во мај/јуни купувавте ли бодиња на долги за првите три месеци или се да гледам на кратки и прерамчиња? Исто и за вадење од болница гледам фустанчиња по кратки ама другаркиве ми викаат дека сите ги изнесуваат со некои хеланчиња и бодиња помеки за прв пат јас некако си ја замислив во бело фустанче од прв ден кога дознав дека е девојче, баш сакам да слушнам идеи како ги облековте за излез од болница
На кратки. Боди на долги ни на зима не сум им носела, тотално неискористена ствар. Бебињата не сакаат многу туткање со алишта, центарот за регулирање топлина им е неразвиен и лесно можат да се претоплат. Покомотно подобро и подобро спијат кога им е комотно. За вадење од болница никогаш не сум се замарала. Сум гледала само да е памук да може кожата да им диши оти се пренежни, и не сум сакала да ги туткам од прв ден во сатени и тулови. Бирај памучни фустанчиња. Двајцата ми се сред лето, ќерка ми во цветен ромпер, син ми во шпикозни оти баш тие денови многу заладе.
Бодиња на долги само ако не планираш ништо од горе да облекуваш, иначе на кратки. На прерамки не, не се практични за толку мало бебе. Гледај за почеток оние напред што се копчаат, најпрактични се. За од болница гледај тебе како ти е меракот, ако сакаш во фустанче - фустанче, после дома ќе си го пресоблечеш. Се слагам со @Yowannty само гледај да е памук. Јас од искуство со првото, најубав ми беше во белите шпихозни и белото капче во Систина. Такво мало, нежно и кревко, најубаво му прилегаа. После за дома барав такви обични бели и не најдов, имав изнакупено све шарено, па и блузи и панталони за бебе до 3 месеци со сиот памет. За од болница го изнесовме во ромперче (40 степена беше надвор) со крагничка, машничка, ама не стои бе на новороденче то . Сега здравје планирам шпихозна или некој newborn комплет .
Хахаха што ме насмеа. Ништо не им стои на почеток, ама пусти мерак. Се сложувам и мене наслатки ми се во шпикозни. Што носиш овој пат? Кога ти е термин?
Јас планирам потенко боди на долги. Секако знае мај крај јуни и да врне да не е како што треба. Мислам дека немаат сеуште развиен терморегулационен систем и губат топлина а и собират ако е мн топло. Така да тенко боди (некое убаво горе) по долги со хеланчиња и памучно капче сега си купив со цветчиња од зара чекам да ми стигне. Више ја замислувам.
Еј баш влегов во зара детското ама ништо немаше за новороденчиња и прашав една од девојките ми вика само онлајн за новороденчиња до 6месеци. Отварав деновиве преубавки работи има ептен на попуст ама со долги некако се што ми се свиѓаше а мислев да и купам на кратки пошто во јуни ми е лето некако штознам не знам дали воопшто и да купувам нешто на долги 0-3?
Jas pa spremiv i kratki i po dolgi. Corapcinja hulahopcinja kapce, Kraj januari treba da se porodam. Kako mislat taka neka go oblecat,zosto jas navistina neznam kako treba da go oblecam. Jas eve mislam deka e januari i ke go natutkam,iskreno si kazuvam,no koga ti e prvo i neznaes toa e. Ke ostavam vo bolnica da go oblecat so toa sto mislat i sto treba. Pa posle doma ke mu ja mislam sama.
Купив неколку работи од 0-3, имаше три бели боди по кратки, и 5 боди по кратки од 3-6, чорапчиња најдов од 0-3 и 3-6, и само едно капче успеав све друго се продаде и две лигавчиња. Нешто земи да имаш сега да не плива одма во 3-6. Ама може и ќе ти донесат нешто ќе видиш.
Све си мислам дека ми е рано да ми помине втор скрининг па да почнам со шопинг маж ми вчера ми вика собата да почнеме да и ја средуваме зошто до април треба да сме спремни и наместени секако мене ми е рано некако и се плашам да почнам а од друга страна па одвај чекам и и се радувам
Бев до Берово петокот сум купила тетра пелени во сите шари хаха, полека полека почнав јас фаќам попусти. Уште до белград за количката и до икеа за пресоблекувална. Најдов и тапет за ѕидот кај креветчето. Тепих имам купено пред да забременам од шартекс хаха крем со мечиња машко женско реков што и да е ќе одговара.
Ти си fast decision maker те гледам! Јас се мислам се туфкам ми се свиѓа/не ми се свиѓа/ дали е ок за све сум таква и за мене кога купувам нешто или одлучувам ич не сум одлучна с за бебево па дека прво немам ни осет како ама ај вака тука ќе шеруваме идеи и ќе бидне ваљда Јас го терам маж ми да фатиме наредниве викенди до Солун секако почнаа попусти од таму да си почнам пошто и за мене таму ми е најлесно некако Продавнициве за бебешка опрема колички/креветчиња низ Скопје ми немаат убавина некако продавачкитр ме одвраќаат да купувам што и да прашам се нешо намуртени безвезе расположени… за бебиња продават Во Грчка неколку пати сум влегувала сите се пренасмеани и некако се е изложено преубаво те примамува да купиш … цели комплети наместени на соби … примери за облека … онака баш ми се свиѓа цел пристап овде ме прават да се осетам некако безвезе
Да да, само дечково во сити мол бебе хоме онака се труди збори.. Ама па не ми одговараат некако макси коузи, се решив за џои количка. Пресоблекувална икеа сите што знам се задоволни основен модел, креветче ти кажав купив од ваму со душек. Полека почни си искористи некој попуст. Опушти се првото кога ќе го купиш после иде како подмачкано хахаха маж ми вика полека ќе донесат нешто. Тетра пелени во берово 60 ден бели 80*80, а шарени 85 ден исто 80*80. Овде се распрашав све 110-120 ден една. Ем прошетавме чист воздух ем купив.
Комедија си, до Берово за тетра пелени ама штом сте прошетале тоа било само додаток за макси кози ја гледаме плазата ама ми е страв да не ми е голема некако … маж ми е 190 него супер му иде, јас сум ниска и некако како висока да ми се виде ќе мислам уште за колечки и сајбекс ги гледам преубави ми се све гледам ништо не решавам на кратко
Зависи и до времето. Мене првото ми е во јуни, но тпгаш и не беше баш топло и си ја облеков во боди по кратки и комплетче по долги. Е веќе од следна недела тогаш почнаа поголеми жештини. Оваа година па од почеток јуни беше пекол така да.. ќе си видиш тогаш. Т.е 2024, не оваа година
Што убаво. Уште еден дечко јас. Сите сме грешеле со првото, не се секирај за тоа. Ама и највеќе се учи со првото. Ја со првото живеев во Грција, на Крф и ја родив сред Август беше +50 степени. Следните месеци беше 35. Сеуште многу топло, а јас ја покривав со 2 тетри. Мене хормоните ми беа хаос и цело време осеќав морници и ветре. Кога ме виде педијатарката на преглед одма ми рече фрлај тетрите какво ветре 35 степени е. Ама ја претоплив и се исфрла цела. Затоа следете генерални насоки како да се облака бебе, оти на почеток хормоните се хаос не можеш да се потпреш на инстинктите.