Честитки @baguf4e . 27+4 сум, меѓутоа секоја вечер повраќам, веќе една неделаа, утре сум кај матичната ама ме фаќа паника. Синоќа дури два пати, јас не поврсќав вака на почеток, сега не знам што може да е.
Два пати не се ништо. Паника е да повраќаш постојано. Може бебе те притиска накај желудник, па те тера да повратиш. Жени по цели 9 месеци повраќаат. Не си создавај стресови. Јас почнав последни два месеци да повраќам.
Heartburn се вика и е многу чест симптом во бременост, јас многу често го имав. Ништо не помага, освен мастики кога џвакав. Мене тоа ми помогна. Пробај. Vivid dreams е најопфатен симптом низ цела бременост, па дури и постпартум. Ама тогаш пократко трае. Ја режисер можев да бидам што се не сонив.
Да се собереме сите што сме биле бремени и сега што се, можеме книги од по 2000 страни да изнапишеме за сонови
Богами, некогаш по 10 различни сонови.. кога ќе станев си викав, бреее да не знаеш што попрво си сонувал.
Не сум престанала да сонувам… од кошмари до комедии константно сонувам. Ноќеска како со автобус туристичко патнички паѓам во огромна провалија губење на бебето три пати. По ред во овие месеци… онака најживописно и секогаш во различно сценарио маж ми само ме буди и ме гали навечер … трудници сонуваат многу имам читано… немам поима која е причината
Јас колку пати се случуваше да го сонувам бебето, уште не беше родено. Целата препотена и испаничена се будев
Која недела нај рано ама баш нај рано ако памтите ви се појавија први симптоми и ако се сеќавате кои беа?
Често одење во вц и премногу ми се спиеше. Во двете бремености околу 4 дена пред циклус. Истите и само тие симптоми ги имав првите три месеци и во двете бремености.
8ми месец ае сонував како со куп трудници во ходник чекаме ред за породување на гак, како една по една ги прегледуваат на ехо и ги носат на бокс во сонот ме легнаа на стол ме прегледуваат со ехо а као со болки за пораѓај и наеднаш кажуваат паднаа тонови ајде во сала и сонот ми заврши кога легнав за царски. 3 дена после тоа не можев да спијам, викав Аа ова е знак, царски ќе се породам. Природно се породив сум сонувала и полоши работи трудна дур бев, почнат член од семејството како ми влага дома и пиеме кафе, а као не било убаво.. Фала богу ништо се нема случено. Веројатно е нормално да се сонуваат такви работи, особено во бременост.
Грчеви во матката, различни од менструалните, на 12дена по овулација, на вториот ден од кога почнаа имав позитивен тест, грчевите не прекинаа околу 10тина дена.
Ми доцнеше 12 дена пред да направам тест, првите симптоми почнаа пред да правам тест. Некаде 4 недела одприлика. Многу ми се спиеше, ми се гадеше кога ќе поминев покрај готвена храна во продавница, ме болеа гради како пред добивање и ми се дуеше стомак.....
И јас со двете бремености пред да правам тест градите ме болеа ама x10 од обично што ме болеле пред добивање и некој бранови топло ладно на телото.