Во Зегин имаш гелчиња за киселини, дозволени за трудници. Кај мене помагаа. Не изчезнуваше скроз, ама намалуваше доста.
Да, примарно намалува срцева фреквенција, но кај некој може да го намалува и притисокот. Примарно мораш да ја средиш тироидната, со тоа ќе се среди и пулсот.
Девојки ве молам кажете ми дека не сум сама во ова. Се двоумев дали да пишам ама ајде да си се олеснам. Ми се ближи термин. До сега не ме фатило ни анксиозност ни страв ни ништо. Ама еве приметувам дека поготово оваа недела не ми е сеедно. Од нигден никаде почнувам да плачам како дете. Едвај го чекаме бебето, но цело време сум со некои прашалници во глава како ќе се снајдеме во улога родители со маж ми. Се си мислам дека ќе се одалечиме, дека ништо нема веќе да е исто, ќе се нервирам цело време околу плачење, грчеви, доење. До сега се беше океј, ама изгледа некако реалноста ме погоди дека ќе имаме бебе па почнав да се грижам. Ве молам ако имате утеха да ми дадете.
Не си единствена и тоа ќе се случи. Постпaртум периодот не е мед и млеко. Тешко е, се е ново, целосна промена на животот. Дали ќе се снајдете, ќе се снајдете сигурно кој не се снашол, само треба разбирање и трпение и челични нерви. Обострано двајцата. Мене сега во втората бременост ми се случи таков период, дома ни идеше да се убиеме, ама ќе закочиш и заеднички ќе разговараш за да се надминат проблемите. Немој од сега да се оптеретуваш со тоа, кога ќе го мириснеш тоа маљо зрнце од душа што си го извадила, се ќе помине
Ајде сега на крајов ли? Ќе се снајдете и повеќе од што треба, од причина што ТЕБЕ ќе те води мајчински инстикт. А тој инстикт никогаш не прави грешка. И најреално, тешко е на почеток , додека си воведете ред. Ама период е кој ќе помине! Ова секоја вечер со маж ми гушнати си го кажувавме. И помина! Во глава ќе си ставиш дека и грчевите се период и дека не се вечни и ќе поминат. Има капки, сирупи, термофири. А може и бебе да нема грчеви. Ќе доиш. Ако не има ад. Стресови и вина , нема да си ставаш. Ќе плаче. Незнае да збори. Ќе си знаеш и за што плаче. Ќе распознаваш плач. Ај сега за со маж ти. Со маж ми дека 100 пати повеќе се сакаме откако е родена беба. Потпора ми е од прв позитивен тест. Сексот ни е поредовен и повозбудлив. Бебето како што ќе ве спои, нема никој на светов!
Не знам дали има некоја жена што не ја фатило паника повеќе или помалку. Ама како што кажа Емче и Белабиби нема некој што не се снашол. Едноставно ти проработува некој мајчински инстинкт. Да си се слушате со сопругот и да разговарате за се. Нема зошто од сега да се тресеш за грчеви пример, може нема ни да има. Еве моето прво немаше ич проблем со грчеви. Па и да има, поминуваат, не траат цела вечност. Нормално е да се плашиш или да си несигурна за многу работи, се ќе е прв пат ама ќе си фатите ред како што вас ќе ви одговара. Па и со доењето, некои одма им трга без мака, некои малку ќе се помачат ама и тоа проаѓа.
Мисли и на моментот дека бебе ќе ве зближи. Верувам дека маж ти ќе биде во се рамо до рамо со тебе, освен нели цицката ако доиш. Првиот месец после пораѓај ми беше хаос. Кога си дојдовме дома од болница влегов под туш и буквално умирав од плачење и липање повторувајќи што ми требаше ова. Тажев по времето кога бевме сами, се плашев дека љубовта ќе ја снема. Кога ми се направи мастит тој влегуваше со мене под туш и ми помагаше да се молзам. Бебе со саати лежеше на него тој краток период кога имаше грчеви. Страшна бев после пораѓај, цела грижа за домот падна на него многу долго и никогаш ни збор не рече. Кога мислев дека веќе никогаш нема да имам секс затоа што се осеќав преодвратно и смрдливо, правеше да се осеќам како најубавата на светот. Правевме се еднакво, секогаш беше така, така е се уште. Тој човек направи уште повеќе да го засакам. И ден денес да се топам кога ги гледам заедно нив двајца. Тешко е на почеток, се се менува, воопшто не е розево. Кај мене го немаше тој момент на заљубување во бебе со еден поглед. Дојде многу покасно, постепено, ама силно, најсилно да буквално се прашувам што правевме пред неа. Сега голема девојка па кога ќе отиде на преспивање кај баба ние сме како утки. Океј утки со јак секс Се ќе си дојде на место не се плаши. Не веднаш, ама се додека рамноправно делите се и е родител исто колку тебе ќе биде добро. И плачи си, викај си, нормално е.
Ќе се снајдете ич да не се секираш за тоа, посебно ти, штом ќе го земеш во раце ќе видиш дека сѐ ќе ти дојде само од себе. И јас и маж ми толку мало бебе само на тв имавме видено, па од прв ден скроз сами сѐ правевме. Една утеха ќе ти дадам, новороденечкиот период е најлесен . Ама тоа е убавината на родителството, растат они, растеме и ние со нив. Ќе има и нервози и плачки, секако дека ќе мора да се прилагодите и со маж ти на новонастанатата ситуација ама биди сигурна дека нема да има ден да не ти доаѓа да ти препукне срцето од љубов и радост .
Лелееее фала ви на сите на одговорите женчиња!! Да не ве тагнувам една по една. Ми олесна на душава што се искажав и уште повеќе ми олесна кога прочитав што ми пишавте сите. Ќе си направам сега скриншот на сите одговори за следен пат ако ми е тешко да си прочитам и да ми олесни. Имам најпрекрасен маж на цел свет со душа како памук. Мислам за него најтешко ми беше, ми се зацрта нешо во глава дека ќе се одалечиме, не знам зошто ама ете. Хормони, ваљда. Фалаааа на сите уште еднаш, прекрасни сте навистина!
Јас како @emche05 сум со втора бременост на мала разлика. Искрено, не можам да кажам дека ми е сеедно пошто осеќам блага депресија, ама тоа е зошто отприлика знам што ме чека, и тоа ми е х2 јер тодлер и мало бебе. Мене што ми помага е да си креирам решенија на проблемите што ќе ги имам: ако не спијам, ќе ме менува сопругот, преку ден дремка со бебе макар куќава да прооди (тоа ми беше грешка со првото), правам листи на серии во случај да не можам да спијам, ако се болни двете планирам како би се организирале, гледам смештаи за одмор, нарачувам глупости за мене за да имам мотивација да се средам/дотерам после итн. Морам да се согласам дека ќе се активира инстинктот, јас пред да имам дете немав комуникација со други деца, анти дечар скроз, ама ми дојде само од себе - како да го бањам, успивање, нега итн. Не дозволувај друг да ти се меша, баби стринки и остали, остани со своја ладна глава. На форумов сме еден куп од каде ќе имаш можност да читаш искуство за некоја ситуација, како/што да направиш, и секако педијатрите се тука за се останато. На мене и мм ни беше напето на почеток, и нормално е ама ќе гледате да не се напаѓате/обвинувате, големи се шансите да не ве “бива” двајцата за исти работи и тоа е сасвим ок.
Женски околу 34-35 недела, колку пати на ден ги осеќате бебињата? Обично е многу активно бебе, од синоќа па навака слабо го осеќам, денес едвај 5 пати, се мислам да фатам пат до Ремедика…
Јас никогаш не броев удари. Се додека осеќаш дека мрдка, таман си е. Имав и јас такви денови кај што за разлика од друг ден многу послабо. Па сега еве веќе за излегување е, па не застанува, дури и болно е
И јас не бројам удари дека ако бројам и не се 10 ќе ме фати паника, сигурно. Доволно е да го осетиш дека мрднал. Кај мене многу ретко мрда кога сум во движење, така беше така и си остана, 35та недела сме и двете знаеш. Ама во седење салто го прави дечкото, мислам ќе искача готово. Па поготово кога ќе ме акни по ребро, мајко мила. Ако мислиш дека ќе се смириш, отиди да те видат. Ама верувам дека си го фатила само во некој период кога едноставно не му се мрдкало толку на беблакот.
Хормоните си го прават своето мила, но не смееш да си дозволиш црни мисли. Не ги привлекувај работите што нема потреба. Искрено и јас сум човек што паничи за се. Денес правев Приска и ми беше првиот скрининг. Ме фати паника мала пред спиење и не спиев цела ноќ од страв што ќе ми кажат денес. Фала му на Бога се е во ред, бебето расте, резултатот од Приската е супер, пишува дека не постои никаков ризик за Даунов и слични синдроми. Така да од денес веќе немам што да се плашам и вртам нов лист. Така и ти, се ќе биде во ред. Кога ти почнуваат тие мисли излези, прошетај, седни на кафенце или цедено сокче негде. Позитивна мисла мила. Не си прави нервози, така и бебуш се вознемирува.
Искуство со низок шеќер 1 час после примање на гликоза? На гладно 4.8, 1 час после пиење 2.9, после 2 часа 5.6. Ме прати матичната на ендокринолог со итен упат, но секако доктор денес не дошол Закажав на привано но дури во вторник. Ептен ми е во мисла, што и како може да значи. Уште ова ми фалаше, нема едно нешто да помине како што треба. Правев торч испадна вирус прележан во рана бременост, среќа амниоцентезата беше добра, но стрес самото правење ми беше, сега шеќерот. Аман веќе, има ли крај. Првата бременост како на шала ми помина, една крвна слика немав лоша, не па нешто друго, а сега ова секој преглед се нешто има. Среќа бебе и добро, мерките се тие не се зголемени уште повеќе каналите, цревата веќе не се бели, друго се е добро. 25+2 денес, 760гр тежи, одлично си наоредува Дада е се повеќе и повеќе возбудена за сестричката, мене срце ми се полни и ми се кине во исто време, зашто знам дека нема да го имам целото време и внимание на светот само за нејзе Така да се олеснам малце
дали за приската ви зима матичниот мерки од скрининг па на ГАК само крв да испитате или пак на ГАК ги правите и скрининг и крв? и прв скрининг дали се прави од 11-14 недела. Јас бев денес на контрола според менз сум 10+6 дена но го мереше и испаѓа за 9н+5д ми закажа матичната она да ми прави прв скрининг за да земе мерки за приска на 27.01 а крв да ми земат само на ГАК но не ми дадоа термин
Уште пред да останеш бремена те паметам и читам и спомнувањето на маж ти ми е најблиска споредба со маж ми. Посветен, внимателен, тука за домот и семејството... кога читам вакви муабети се топам и се замислувам и ние како ќе сме Посебно кога е пишеш дека ја успива бебка абе тоа да видам мислам дека ќе се стопам И оваа напишано многу ми се допадна, и среќа е што споделувате и пишувате за да се тешиме ние што се замислуваме и што си правиме притисок. Исто би го кажала за маж ми, совршен е и кога ќе прочитам некои дека доаѓањето на бебе ги одалечило абе најголем страв ми е. Ние со маж ми сме толку поврзани што не би можела без него, долго чекано бебе е оваа и е единственото нешто што ни фали во нашиот живот. 9месеци секој ден е тука за се, и не престанува да ми дава комплименти кога ми е најлошо, секакви изданија поминав а тој остана да е најпрекрасен и бременоста да ја паметам цел живот и неговото прекрасно однесување со мене. Ќе видиш дека и ние ќе им даваме совети и примери на тие што се после нас и ги имаат ваквите стравови
Прв скрининг правев денес кај матичната и денес ми даде упат и за приската на ГАК, ја направив сабајле и во 15:00 имав веќе резултати прикачени на Мој термин. Дента кога ќе ти го направи скринингот ќе ти даде упат за на ГАК и ќе ти земат крв. Јас сум 12 недела + 3 дена