И јас претходно немав проблем кафе и цигар два дима и одма за во вц сега овие 2 недели ми е проблемот
Дали ви се случува кога имате контракција како да снемувате воздух и како срцето забрзано да чука? Значи лажни се контракцииве, без болка, ама коа се стврднува стомакот осеќам како кај желудникот да ми се стега и како потешко да ми е дишењево некако
Женски од наредна среда 22.1 почнуваат трудничките предавања во систина подолу повеќе инфо за сесиите https://www.facebook.com/share/p/18Sj8DR43y/?mibextid=wwXIfr
probaj so leneno seme. Da pies sabajle so limon I topla voda . Ajvarot mi pomaga, dva dena so red da jadam posle sum ok. Probaj poveke tecna hrana da vnesuvas t.e mandzi.
Подобар не можел да ти се падне. Доктор и пол. Според мене најдобар. Според многу еден од најдобрите доктори за скрининг. И општо. Три скрининзи кај него правев. Слободно можеш се да го прашаш и ако сакаш он да те води да си се договориш со него. Здравје боже ако некогаш се решам за второ пак кај него ќе одам.
Ми донесе мм септаназал за деца од 2-6 години, аптекарката му рекла дека и таа во бременост ги користела нив.
Прво ЦТГ пројде. За момент ми се вратија спомените, не ми се верува колку е блиску, ептен паника ме фаќа. Бебац добар, расте уште, копи пејст на татко му. Последни припреми и све си мислам нешто заборавам да купам, средам. Психички понеспремна не сум била, ни за царски ни за природно, искрено не знам како ќе истерам.
Локално дејство има, концентрација минимум значи се елиминира од тело ништо не е страшно. Луѓе примаат редовна терапија антибиотик, пумпици, за притисок, за тироидна, незнам од што се плашите искрено. Одзатни се тоа е побитно да дишиш добро за бебето кислород.
Како ти е родено првото? Јас се спремам за природно, сум се фатила со масла за масажа на перинеум, урми, ананас, повтарам дишења. Ако испаднам на крај царски ќе си пукнам. Бебка е понапред и се надевам да дојде после 38ма За лајт спинал сум за сега, а она се става пред крај ми кажаа, не знам како ќе се справам со болките, како прворотка многу желби имам
Ова што ќе го пишам сега е најдобронамерно и од срце, без амбиција да разубедам некој што веќе оди на прегледи кај него. Мојата прва бременост ја изгубив заради синдром кој д-р Димчев не успеа да го детектира на прв скрининг. За моја среќа имав закажано и во Ремедика кај д-р Стомнароска која ни ги соопшти вестите дека плодот за жал, има симптоми кои алудираат на патологија . Бидејќи, Димчев е многу извикан, решивме да отидеме на второ мислење пак кај него. Докторот беше толку арогантен, бидејќи се знаат со сопругот му објаснуваше како му избегал летот од Португалија и дека бил мртов уморен, без да ми обрне никакво внимание. Дополнително, откако му го посочивме дефектот што го виде д-р Стомнароска, рече дека го забележал и тој сега, меѓутоа зошто другите органи биле добри, и покрај генетска аномалија, не би го абортирал плодот и дека дефектот се решавал со хируршки зафат во Хрватска и сите зафати ќе чинеле околу 250.000€, но, ако сме скржави да абортираме???!??!! Однос 0. Очигледно има причина заради која е толку извикан, не сакам да му ја оспорувам стручноста, зошто направил грешка кај мене, но односот едноставно според мене беше неадекватен, без грам емпатија.
Со царски, појдов на ЦТГ ко на пазар, завршив со итен царски, нит торбица, нит спремна, една река исплакав од страв. Сега па ми е страв и за царски и за природно, и читав, и гледав, коски ми се тресат дека знам што ќе следи за царски, од друга страна па уште повеќе ми е страв од природно. Афродита вика повеќе е за природно (и покрај тоа што сум со прво царски) ама остава на мене и мојот инстинкт, нормално нејќе да форсира ништо… Тебе алал да ти е, пола работа ти е завршена чим си спремна. Би требало да се намести, ти пуштам среќа. Ја од спремање мидери си купив за ако сум со царски пак да си олеснам. Не за стомакот него за движење, да не сум ко хендикепирана.
Ќе ти кажам едно само. Кога ќе дојде време, нема ни да мислиш на болките. Ќе мислиш само побрзо да излезе Само слушај што ти зборат, не викај , не ја губи силата на викање и само давај напон кога ќе ти кажат они, ти сама не напињај. Со лесно
Баш ми е жал за твоето искуство. Ама на другарка пак само он и ја откри аномалијата на срце на бебето. Ниту еден друг. Јас имам преубаво искуство со него, и од мене само пофални зборови. Ако некад се решам за второ, пак него ќе го изберам. Ова ти е скроз погрешно дека е само извикан.
Не масло за масажа на перинеум, уште што друго не применував со надеж за природно и на крај и јас завршив на итен царски. Дури купив и шише со додаток за испирање долу, не знам како се вика точно Во моментот само мислиш се да биде во ред. Јас сум таков тип што во такви ситуации блокирам страв, мора да биде така и знам дека мора да помине. Само се да се заврши добро на крај, ќе издржиш и така и вака. Мој совет, спремај се за природно, ама не го исклучувај царскиот, спреми се психички и за таква ситуација. На крај, бебе само ќе си одлучи како ќе дојде на овој свет.
И шише, и влошки за разладување во случај на епизиотомија, абе од авион се гледа дека ми е прво Да, единствен birth plan ми е двете да излеземе здрави и живи, не можам да предвидам како ќе се заврши, секој вид раѓање си има своја тежина.
Митко Ивановски е исто за ИВФ а другарка ми цела бременост ја истера кај него и он ја породи исто. Може Лазаревски да си сака така, незз.
Убаво пишала членката неточен резултат. Мене резултатот со висок ризик за даунов синдром, се распаметив ќе ми закажуваа чистење, па еве здраво право дете родив. Да не се пренаталните тестови тешко нас