Jas koristam tocorelax forte i po toa shto chitav ima super karakteristiki za matka, cerviks i sl. Ama ima samo 260 magnezium. Dali mozham dopolnitelno da pijam? Jas sum 18 nedela. Nemam grchevi ama pri glavobolka znae da me opushti
Помина првото цтг девојки. Мирно беше, освен една единствена контракција до 40 дојде ама тоа најверојатно беа лажните така ми рече докторката, дека осетив во почетокот стврднување на стомакот. До колку треба да ми доаѓаат контракциите па да знаеме дека се ближи процесот?
Јас имав една до 100 ка , ама ништо не осетив Па треба да се високи. Јас еднаш правев цтг, па за пола саат уште еднаш, поради тас контакција, следни беше веќе на прием за пораѓај. А на тој дел колку ми биле појма немам. Само сакав да станам и да повратам киселините.
Се што е над 40 одма те прашуваат дали имаш болки. 100ка е најако. Јас ден пред пораѓај немав пониско од 40, одеа од 40-100, ја мртов коњ хахахах, ништо не осеќав.
Охооо значи далеку сум јас. Плодова вода доволно, не е намалена и не е заматена, постелка втор степен ама оди накај трет, нормално било за 35та недела ми рече. И бебко големко е, 2933 ми го измери. Со главчето е надоле наместено ама не е ниско сеуште. Ми се смачи веќе жени, ама добро знаете како е, до скоро бевте трудни. Само белким нема да терам до 40+ недели.
Јас со првото имав контракции месец дена на цтг над 60ка, и на крај пак никако не почна процесот сам, во 42ра со индукции ме породија Тие скоро породени на Гак, сте си носеле фен за коса, ќе можам да го искористам или не? Не се сеќавам ич на тој дел дали сум носела,дали сум миела коса или не со првото
Ако мислиш да ја миеш косата, носи си. Имаше жени ги слушав со феновите. И коси средени на испис, нашминкани. Јас само чекав да си идам.
Пиев и јас Токорелакс на почеток заради грчеви во матката, не е само магнезиумот во него има и други состојки за подршка, одличен е. Ќе прашаш матичен, мене ми ги прекина накај 14та и ме префрли на Магнетранс по едно, па по 2 на ден понатака.
Не знам у моментот како ќе ме стрефи, би сакала да не искочам ко од поплава избацена, ама може и ќе искочам не се знае Јас со првото не можев да се наведнам ни патики да облечам а не да се спремам за излегување, сега сум надежна за вториов пораѓај дека ќе бидам посвежа,па да се потсредам малку
Мамички мене ме снема на некој период, имав баш турбулентни неколку недели, но добро е кога ќе се заврши како што треба. Сакам со вас дс ги споделам најубавите вести, а тоа е дека сабајлево станав мајка на една преубава принцеза. Среќата што ја чувствувам неможам ни да ја опишам со зборови. На сите што си чекате ви посакувсм со лесно до крај
Честиткиииии храбра мајко. Да сте живи и здрави со најубавата принцеза. Ве гушкам и на мама и посакувам лесно опоравување.
Исто женчее, исто. Ми иде од прозор да скокнам за побрзо да си одам дома. Буквално ко од поплава излегов, ама толку бев среќна дека си одам дома, што плачев дури хахаха. Вчера те помислив. Честитки мами, да сте живи и здрави.