ти пиј си ги апчињата, ама секако слободно може да пиеш чај од брусница барем по една шолја на ден, и секако многу вода, ке се исчисти ке видиш на наредната контрола
Јас би сакала да се пријавам, секое инфо ми е добродојдено, а богами и искуство на некој што посетувал такви предавања, дали помогнале.
Само едно ќе ви кажам идни мамички. Убаво е да се научи правилната техника на дишење, за да ви е полесно и побрзо се да заврши, без беспотребно трошење енергија, дека секоја трошка од неа ќе ви треба.Е сега, џабе и курсеви и се, кога се си иде природно. Самото тело знае да го роди бебето, нормално доколку е се во ред. Така тука ни кажуваа.Телото само знае да си го роди детето, ама после е на тебе вистинсата задача. Така да, релаксирајте се, самоуверено и храбро, дека се вреди за тие малечки души. И ништо и што и да правите нема да ве спреми доволно. Верувајте оти кога ќе чукне часот ќе се чудите и самите како сте знаеле што и како да правите. Едниствен совет е мажињата убаво да ве измасираат, да си се најадите и полни со енергија во јуриш. Со лес да си ја износите бременоста и со лес да си се породите
Здраво на сите, незнам точно каде да го поставам моево прасање па затоа одбрав тука! сто мислите за инвитро, колкава мозе да е успесноста? со мене е се во ред, но маз ми има слаб спермограм! благодарам и на сите бремени ви посакувам лесна и убава бременост
И јас за една недела почнувам со предавања, имам 3 теоретски и 4 практични во базен. Ке ви пренесам што ќе ме учат
do utre 38 nedeli polni,a veke od nokeska imam nekoj si slab napon na 7,8 minuti.znae li nekoj da mi kaze sto e rabotava.za da odam na lekar mislam deka e rano
Aко ти продолжат напоните оди на доктор не е рано па после 38 недела започнува терминот за пораѓај.Не се води по ехото сите бебиња се различни.И ајде со лесно нека е П.С.Во последно време само редактирам многу правописни грешки правам
мислиш осекаш напон или контракција на 7-8 минути за напон не верувам да осекаш напонот е последен на списокот на породување пошто кога ке почнеш да напињаш бебто испага од тебе а зарано не е рано другарка ми некна пред 2-3 дена се породи на прва ден од 9 месец кога влезе сепак ај посети си гинеколог у побрзо време
па вака јас ке ти зборувам од страна на практика што сум гледала до сега, имам две колешки, постари се од мене може 10 години, и 2те останаа во иста година трудни од инвитро, и тоа на едната од првиот пат и се зафати а на другата од втор или трет беше, битно сега и 2те имаат здрави прави дечиња тие и нашколо ке почнат да одат. Мубаетот ми е дека во поголем дел од случаите во првите два пати ако е се во ред се зафаќа. Е сега имам и уште еден пример што не е за пофалба, таа ми е комшика и многу пати одела на инвитро ама за ѓабе, неможе да остане трудна никако, но тоа поради нејзиниот организам, лекарите не детектираат никаков проблем се е во ред со жената ама неможе да остане трудна и на крај си посвои детенце. е сега кај тебе ако е проблемот во спермограмот на мажот ти јас мислам дека тоа за инвитро постапка нема да биде проблем, оти лекарите знаат кои сперматозоиди да го одберат за оплодување. Ако се обидуваш да останиш бремена повеќе од 15 месеци, може во тој случај е размуно да се направи инвитро, ништо нема да загубиш.
Ти благодарам Ломбарди, за издвоеново време, се надевам ке успееме, засто веке е неиздрзлив овој притисок во самата мене и зелбата за бебе!Поздрав
Вчера една жена ми кажа дека на нејзината внука папучето во болница со штипка и го врзале а не како што правеле порано, па ме интересира дали секаде така прават или само во таа болница? Некако многу грдо ми звучи тоа.
незнам ти кај ке се пораѓаш, и искрено незнам како е , веројатно во секоја болница е различно, ама јас се секавам лани на внуками исто како со штипче и беше фатено папучето, а сестрами се породи во болницата во струга еве како изгледаше
Маyyya, а дали знаеш од која недела може да се пријавуваме? На ГАК од 28-ма недела па натаму може. Дали е и овде на Лулка така ограничено или не? Поздрав
Мешиња да ве прашам како се справувате со киселините мене ме утепаа деновиве, и што значеше тоа што му расте на бебето косичка или ноктиња
Silk на ова што е Едуцирана бременост - Здраво бебе нема ограничување, може да присуствуваат и двојки кои планираат бебе, бремени жени со партнерите и сите заинтересирани. Додека курсот за Психофизичка подготовка за породување е за бремени жени по 28 недела од бременоста. Е сега можно е да е истиот што се одржува на ГАК да го организираат овие од здружението Лулка, треба да се провери.
Викаат тогаш косичка му раснело... Нема да заборавам братучетка ми трудна,лани летото седиме и имаше киселини,а свекрва и вика оооо косичка му расне. А на тоа братучетка ми и одговара,која црна коса,тоа глава нема оформено коса ќе му раснело