Абдоменално ехо и проверка со прсти, не пикаат рака. Само биди опуштена и во моментот пред да осетиш дека ти става прсти, земи длабок воздух и кога ќе почне да става , полека испуштај. Ама сељачки објаснив
Кај мене 17недела ова ми е прва бременост до сега. И во ниеден момент не помислив дека е таа, мислев дека имам гасови. Ама сега веќе 18кога ќе јадам и ќе прилегнам го имам истото чувство и сфатив дека е бебушка
Точно, колку повеќе се стегаш и се плашиш повеќе боли, кога си скроз опуштен се осеќа нелагодно дека ти брца ама не е болно. Јас со првата бременост имав мнооогу прегледи вагинални,и сфатив тогаш дека мора да си скроз опуштен за да не боли, исто и за спекулум коа ќе треба да ми става докторот пробувам скрооз да се опуштам и неам проблем со болка.
Јас среќа цели 4 пати само проверена Еднаш кога правев цтг, на прием, кога си одеше трета смена дома како визита имаа тогаш и кога дојде мојата др. Али толку не ми беше таму паметот, па може и затоа лабава бев.
Прегледот со спеколум го коментирате како да досега не сте осетиле како е, да неугодно е и кога нема бременост а не пак во бременост а тоа е повеќе од што се стегаме и од страв. Прегледот со рака/прсти исто е незгоден малку болен ама не е ништо комплицирано ни па трае којзнае колку долго... се издржува не си правете стрес без врска без потреба.
Hahaha ne e seljacki tuku bas kako sto treba. Ufff uste sega se stegam hahaha. Tuku me fakja strav sitno brojam do poragjaj
Прв преглед со рака ми беше од матичната, мислам до грло ми брцна и ме здоболе. Не ми кажа дека вака ќе ме прегледа, неочекувано беше. Вториот пат од докторот што ме породи, ми кажа и воопшто не ме здоболе, многу нежен беше и уште не знам зошто така ме прегледа кога секако бев за итен царски. @Veki4kaa Последните брисеви без спекулум ми ги зема, претходните со спекулум.
Не мора да значи, мислам дека си има секој доктор различна пракса. Мене прв пат ме проверија во 39 недела и тоа по моја иницијатива, цтг ми беше мирно цело време. И мислам дека тоа ми ги провоцираше контракциите зошто одма откако дојдов дома почнаа. Иначе на тема преглед со рака, тој првиот не го ни осетив, ама откако ме примија нареден ден тие прегледи ме болеа левел најјака контракција па и повеќе. Дали правеше некои маневри да ме отвори мануелно не знам, ама не се трпеше .
Денеска цел ден градиве ме болат... Левава града струја јака болка... Масирај Масирај се намалува ја оставам неколку секудни пак болката... Додека возев вчера пак ама болка јака како игла незнам дали од хормониве дали е нормално... Утре тргам на пат и сега нервоза ми прави. Болката трае некои 10 секунди па пушта пак после.
И јас имав така пред некој ден како грч, како да надоаѓа струја и грч неколку секунди, па ќе пушти, па после некое време пак и исто се исплашив ама ми кажаа дека млечните жлезди се, си има зголемена циркулација и нормално е, не се секирај
Мислам дека не е ништо невообичаено. И мене некои денови баш ко струја ме дрма неколку секунди, памтам така ми беше кога протекуваше млеко во првите месеци со првото дете.
Да лошо е незнам во сред возење вчера дури ја стегнав некако додека пушти болката... Се надевам е од тоа нормално. Баш и немам некои гради големи.. Сега што се отечени од бременоста. А зедов и еден број поголем градник од тие елеонорки на бонати носам обично да не ме стега.
Исто и јас сум со мали гради, може баш затоа се почувствителни, претпоставувам повеќе се чувствува отокот отколку кај жени со поголеми гради; и јас прв пат кога осетив, ја стегнав мислев ќе излезе нешто низ неа, таква сензација осетив ама рекоа нормално било се спремале за лактација градите, од тогаш ми се нема деновиве повторено..
Јас две имам од Али, двете се топ. Едната е real bubee двојна со шишенца (може и со едно и со две да се користи) и оваа бежичната. Real Bubee ја спакував, да не се тегнам со кабли на секое. Оваа бежичната си ја користам по потреба (молзам ако излегувам некаде и треба да оставам млекце за бебе). Пумпите за тие пари се екстра. Повеќе од форумот ја имаат Real Bubee купено, пишете во search, ќе прочитате искуства. Да не беше таа, истото ќе ми се случеше како и со второто со млекото. Наеднаш ми овенаа гради (од огромни полни) и со неа со сесии power pumping за ден сум стимулирала, се наполнив до вечерта фул Бебињата се успани на почеток, па цицаат.. ама заспиваат... ако имате успано бебе, доста раб ќе ви заврши.
Немам ништо да прашам, само да си кажам... Денес веќе точно 20та недела, точно на средина Дојдов само да пишам колку нереално брзо поминуваат деновите, неделите.. Возбудата и нетрпеливоста се зголемуваат од ден на ден. Со Господ напред, да помине вториот скриниг, да се уверам дека се е во ред и веднаш почнувам со спремање и купување на поголеми работи (количка, креветче и сл.). Кој сака нека збори дека е рано
Мм беше на секој преглед. Се случувало да ги бркаат мажите надвор, ама пак си влегуваа. Како ќе им текне. На влез кажи мора да влезе, докторот ни рече двајцата мораме.
Ќе биде во ред, само биди си позитивна и додека трепниш ќе помине бременоста. Мене дури не ми се верува дека влегов 9ти месец, ми летнаа буквално деновиве. Во врска со купувањето, купувај си што порано. Јас фала Богу што си почнав уште во почетокот на втор триместар дека нејќам да замислам да требаше сега сѐ наеднаш да земам. Верувај финансиски шок е, ама и психички. Нема да знаеш од каде да почнеш, а бебуш може да дојде. Така да, арно си знаеш. Купи си се со време и ич да не ги слушаш другите што зборуваат.