Во која недела ги правевте првите брисеви? И дали ги прават сите без разлика ако пред трансфер имате правено? Едит И дали има врска који се со инвитро кои природно околу брисевите?
Ивааа и јас многу слично се осеќам … 18та недела и секој ден ми е поблиску до целта да си ја гушнам мојата кукличка за две недели ми е закажан вториот скрининг и не можам да го дочекам маж ми викендов го викнал архитектот што ни го уредуваше станот за идеи што имаме да почнеме да ги зборнеме за нејзината соба исто и ја планирам во февруари да почнам со шопингот
Исто исто Мене ми е осмислена, исцртана собата веќе Само да се започне со подготовки Јас велам штом овие месеци поминаа толку брзо, последните на пролет кога ке се затопли очекувам да поминат уште побрзо
Јас си почнав, тоа ме смирува и ми поминува времево денеска за белград до икеа утре да пропазариме. Све ќе биде добро. Исто ме фати малку паника сабајле кога станав дека помина пола бременост. И испит имам февруари за полагање... Да завршам едно поглавје да не се нервирам после.
Ми текнува дека по минатиот пороѓај во моментите кога ми надоаѓаше млеко наш така како струја низ каналчињата да ми поминува осеќав… сега во оваа бременост како бодежи низ каналчињата осеќам понекогаш, докторката ми рече дека се прошируваат каналчињата многу природна процедура било кај сите не е пријатно ич ама ќе издржимеееее
Еј супер ако ѕиркаш низ бебе продавници за колички јави како се цените на cybex и maxi cosy онака оквирно јас планирам до Солун да скокнам наредниве недела две ќе видам како ќе биде чисто за споредба од она што го гледам на сајтовиве нивни поголем избор имаат на модели ако ништо друго цените горе доле тука минус tax return
Mislam deka posle 10ta obichno Mene porano mi gi napravi oti nemav od letoto napraveno pa za sekoj sluchaj
Важии ние ја купивме јои, т.е ни ја купи братучед на сопругот дека продавницата работела до 4 денеска.Па ќе ни ја даде ќе се видиме. Јас на телефон со србинот за све се договорив и спремил документи за поврат ддв. Ама секако ќе прошетаме ќе видам и ќе пишам.
Probaj vo sistina vo taa apteka. Naj snabdena e. Se sto nemozes da najdes po drugite apteki tamu ke najdes
@Ladyme @Baby warrior @Iva.T Ве читам и гледам дека сме сите тука некаде, ја малку понапред денес влегувам во 23недела и со близнсци сум. 6ти месец почнува Се што пишувате исто се чувствувам и после вториот скрининг еве до сега (и ќе продолжи осеќам) се збрлавев од гледање по странициве, креветчиња, колички, постелнини, оградички, алиштенца… мислам возбудата е голема и опростено ни е, посебно на тие што долго ги чекаме
И јас сум 23+2, тука некаде сме Мене второ ми е, па некако не се замарам за купување, а и рано ми е. Се си мислам има уште многу време Ама секако креветче, количка, масичка за пресоблакање и сл. имам, е сега дека е мома овој пат ќе треба нешто алишта да купам, нема да може се од батко да користи
@Ladyme @Srna-3 @happygirl @Iva.T една група бебиња мај /јуни да направиме и мислам повеќето од сите нас носиме девојчиња нели??