Ние купивме anex од киддо. Само таму од секаде што шетавме враќаа 23 % данок, односно целиот. А имаш повеќе брендови.
Да ептен е личен, а има и простор горе за пресоблекување. Јас сум блиску до граница па отидовме таму, искрено не знам за испорака до тука. Димензии се 46×138×83
Бев на контрола денес 30+2 Бебушка расте 1556 гр се е во ред и највеќе се израдував си се наместила со главчето доле. паметна девојка сега ќе броиме недели... остана уште малку не ми се верува колку бргу летна време, кога ќе ми текне дека треба ја пакувам торбата за болница за брзо време најубавиот дел
И јас да си се излеснам во темава, дека ми е како дневник. Од денеска влагам 36та недела. Ми се плаче од среќа, ми се вика на цел глас, ме фаќа страв, паника, сѐ по ред. После спонтаниот, само ова ми беше желба. Да бидам на оваа место каде што сум сега - пред пораѓај и да ме дели толку малку пред запознавање на чедото мое. Неможам да поверувам дека ќе бидам мајка, едноставно некако ми изгледаше недостижно. Уште многу малку ни остана до нашата прва средба мое бебенце.
За анекс се изначитав и цела европа ги користи ептен кај нас ретко ги гледам а баш убави модели имаат ако имаш линк прати ми од која продавница земавте, од овде вероватно https://www.kiddo.gr/
Може ❤️ и јас девојче, имам и име хахах све си е кажано. Денеска бев на преглед покрај брисевиве и грло 2.95... А беше 3.58 пред нова година од тогаш со слаџот. Крвна слика све мирно. Сега ќе видиме брисот па ако треба ќе пијам терапија антибиотик. Она вика сега ставав спекулум чепкав се стегаш, се мери кога си пореалаксиран. На 23 закажав скрининг втор.
Да, од оваа продавница. Ние отидовме таа што е кај икеа таман се да ни е на едно место. Таму ти се и mothercare и prenatal но таму помалку данок враќаат. Во количката ептен се заљубив. Ние ја зедовме ели моделот 3 во 1 со транспортер на киддо. Бев најмногу за cybex но се предомислив кога ја видов.
Ќе ги разгледам ама секако ќе одиме и ние се мислам за светливе бои преубави ми се крем ама материјалот не знам во живо како е за одржување темна зема или посветла?
Буквално исто се осеќам. После толку неуспеси неможам и да си поверувам дека стигнав до тука . Од утре сум јас 36 та недела. Ти посакувам со леснотија до крај!
Немаше парталчиња, имаше како точки ситни што лебдеа... И затоа вика ајде да видиме понеделник резултати од брисеви.
Jas zemav slicen na ovoj 7.500 vo forma nova. Gledajte na lice mesto po salonite ima dosta izbor,na stranitr skoro i da nemaat objaveno. Mozes i eksponat da na najdes za eftini pari.