Кога останав бремена со синко, сакав машко да е, и ми се исполни желбата. Сега пак сакав машко, дека знам како со машки деца Ама ете, женска испадна Омилено женско име отсекогаш ми било Ана, ама го имаме во блиска фамилија веќе го ставија. И немам никаква друга идеја за име. Мм и тој нема посебна желба, синко ако каже нешто што ќе ни се бендиса на сите.
Нема никаков рецепт, најбрзото што плива и најздравото тоа ќе се фати. Откако останав трудна читав за Shettles метод, стереотипи, пози и кинески календар. Според се ми излегуваше дека ќе имам машко. Носам девојче едвај ја чекам да стигне best friend for life
Кај нас ќерками ја крсти Марија ќе се вика бебето и не попушта . Марија цело време ја вика А никогаш не мо било на ум и список тоа име ама веќе полека се навикнувам и ми станува убаво.
Само што влегов во 8ми месец купивме креветче, количка, душек, кадичка. Не ми беше толку мачно па почекав некој период за поголемите работи. Ама да ме прашаш сега, би ги купила и во 5ти, 6ти месец. Кога сакаш ти тогаш, нема правило.
Исто и мојава го крсти бебево. Уште не знаевме пол, она си рече сестра ќе има и име си кажа. Па веќе бебево е секаде вклучено по цртежи, име напишано уредно, секој ден прашува уште колку додека да се роди. Уште две недели да влезам во 36та и нека излегува слободно. И ние по дома се навикнавме на имево, моиве веќе по име ја викаат. Брат ми мрчка машко име било. Унисекс е мали, што ти разбираш За ова од одма знаев дека е женско, осеќав некако, и грдо е да кажам ми олесна, ама стварно ми олесна затоа што знам веќе како со женско. А дете како дете, исто е.
Иначе за женски бебиња, месецот кога затруднев бевме најмалку активни со мм бидејќи двајцата се разболевме. Дури мислам и дека овулирав два дена после последниот однос. Се чудам како уопште се фати. Затоа викам ова некоја упорна женска од почеток. Ама нема рецепт никаков за жал А за првото цела година ни требаше.
Јас имам една теорија што се покажа точна, однос 48часа пред овулација, демек женските сперматозоиди се побавни
Дали користите нешто (некоја безбедна крема или масло) против целулит? Како масирате, рачно или со масажер? Имам еден мал на струја што го користев пред забременување, а сега 3 месеци не сум ставила ни крема ни масажа, некако ко да ми е шубе. Не сум здебелена, но заради намалена активност забележувам повидлив целулит.
Не се користи ништо против целулит во бременост и додека доиш, ни креми ни масажи. Допрвин ќе се трупка, телото е паметно и ствара масни наслаги за да го храни бебето, нормален процес е. Тоа е хормонален целулит го имаат и многу слаби и најактивни трудници. Почни да се помируваш, не го регистрирај, па после одбивање ќе го топиме.
Леле не можам да се помирам Не сум јас во оние најслабите, кинисав бременост со 70 кг, крупна сум цел живот, ама не и дебела. Многу бев активна пред со вежбање и пешачење, велосипед, и контролирав тежина и целулит, а деновиве почнав постојано да се гледам и да се замарам со тоа.
Има лесно решение, не се гледај Пишувавме во другата тема, како се имав измазнето пролетта со активност, масажи, абе мераци и мај забременив, фала му на Господ, ама трудот замина. Бев многу активна до 8ми месец ама џабе. И кила немам многу качено ама целулитчето си се познава и преку хеланки мх мх Се тешам дека сите околу мене што сами си ги чуваат децата брзо се вратија во нормала, а и ние сме сами така да или ќе тераме ракета до лета или до априла 200кила
Јас ќе бидам со две женски Убедена бев дека второво е машко, и мм вика не не женско е, тој убеден скроЗ. Ама не кажува рецепт
Јас сум 6ти месец и веќе почнувам полека, купив лулка, креветче најдов за брзо ќе го земам. Почнав и со помали работи, мешано купувам како што ќе ми дојде бидејќи искрено се чувствувам изгубено на моменти. Чекав да поминат празници за да почнам со купување сега веќе појма немам шо се ми треба дека прво бебе, само гледам овде на форумот и се чудам кое за шо ќе ми треба