Јас од утрогестанот орално имав многу мака, и вртоглавица и гадење...а па вагинално имав секрет ептен, ама поише ги ставав вагинално
@ShtruMfeticka и јас сум 34, прва бременост. И чекано долго време, ама мислам дека стигна во вистински момент. Не се откажувај веднаш, знам жена со 4 царски резови и се беше во ред. И јас си давам фора за уште едно после 3-4 години. Живците секако ќе отидат со ова Амин, и ќе додадам тогаш кога сме најспремни, иако можеби не сме баш свесни дека е така.
Можно е вртоглавици од утрогестанот. Мене вртоглавица не ме снајде, ама затоа имав неподнослива болка во хелудник од само едно испиено апче. Тоа беше хорор. Најдобро е вагинално да се ставаат, подобро делуваат и немаат нус ефекти, барем јас немав.
Јас кога дознав дека сум со второво трудна одма си купив бодиња со розевко низ нив од пуста желба за девојче...пренанталниот кога покажа дека е пак машко маж ми беше тој што изреагира на смеа као ајјј кој ќе смислува име пак за машко, зашто за девојче си имаме име уште од како не сме биле но во брак Малиот влечеше ливче овој пат и излезе да се вика ова бебе Марко...цело време така го вика. Дали Марко клоца, дали Марко спие..има 100 прашања во минута за бебето а не разбира многу. 3 години ќе ми се разлика точно и така страшно ме фаќа паника како ќе биде бебе и тодлер неможам да ви објаснам, мислам само на тоа, царскиот што ме чека веќе не го ни размислувам
изгледа секаде првото дете го бира името за второто. и кај нас така. си одбра име и не попушта, па здравје ќе му ја исполниме желбата
@ShtruMfeticka Докторите во принцип не препорачуваат повеќе од 2 царски реза, зошто секој си носи поголем ризик, ама 3 не се многу. Еве јас трет ќе имам, а вториот пат имав руптура на матка. Со многу консултации и редовно следење здравје Боже само ќе истерам до крај. Се консултирав како со експерти, така и со девојки со слични искуства и имаше и такви и со по 7 царски без некои поголеми здравствени последици. Третото ќе си го родам веднаш по 36тиот роденден. И оставам простор за уште едно на 40. Чисто само оти сакам да ми постои таа опција, ама мислам дека завршувам овој пат дефинитивно. Сакам да ти кажам, ако имаш желба, не си ја потиснувај. Особено не поради годините. Таман во најдобрите си. Машала моми лани и годинава, момците ќе имаат да бираат. @Orchidea те прочитав пред некој ден, се пресмеав. Се пронајдов и јас во мислењето, кога се спремав со првото за пораѓај. Скроз имав заборавено, ама тогаш исто хит беше тоа за миење, сите од истата генерација бебиња го нарачавме. Исто и јас, без никаква помисла за царски, ментално се спремав за природно дека ќе раѓам, па завршив на итен царски и немав време баш да размислувам, да го прифаќам моментот и да се плашам. Се се заврши многу брзо. Вториот пат исто се спремав за природно, исто со провокации, пак завршив царски. Третиов пат, знам дека ќе биде царски, поминав два пати и пак не сум спремна и нема ни да бидам, си знам. Само едвај чекам да си го гушнам бебето, оти еве иако трет пат, не научив и не научив да си ги контролирам мислите. Само нешто ме вознемирува и плаши. Едвај чекам да ги запознаам другите две со него и да се комплетираме. 3 изгубени за жал и 3 само мои. Нека полни раце Господ кај сите што си чекаат.
Жени, 18 недела близначка бременост, од вчера како некој со раце да ми ја тегне матката, не помага магнезиум, ни затоплување ни ништо. Го намалив утрогестанот на 2×1 дан е од тоа? Во исто време и како да ги осеќам бебињата. Пред два дена бев на контрола во ред беше, имам место за паника или нормално е?Патем втор пат ми се дешава вака кога влагам во нова недела да имам посилни болки, минатиот пат три дена ми траеја и прекинаа ама беа со помал интензитет.
Mene zivotna zelba mi bese da imam 5 deca tamam si se mazev na 25,26 ama ne e se po plan. I jas mnogu cekav za prvoto pa posle pak malce pocekav za vtoroto I taka... Za 5 teshka rabota, edinstveno ako ostana bremena so 4
Не е дека ти се недостижни Само од здравствен аспект како би било, не знам. 7 царски се многу, не би јас толку. Ама различни искуства по луѓе. Моите исто така, меѓу првите две има 2 години и 11 месеци разлика. Второто и третото ќе се 2 години и 10 месеци, а првото и третото 5 ипол години. Лично гледав да го запазам тој период што се препорачува меѓу два царски, односно меѓу две бремености да поминат околу 2 години. Без разлика дали царскиот поминал полесно или не, сакав и да си го одморам телото. Па и природно да раѓав, не гледам поента во раѓање многу брзо по ниедна цена. Телото 9 месеци одржува бременост, тоа се многу процеси и барем година му треба да се врати во некоја нормала. На хормоните и до 2 години им треба да се стабилизираат. И сакав малку тој аспект да го запазам. Особено дека моите се царски и дали сум поминала полесно или не, не ми играше многу улога, сакав да си го одморам и рехабилитирам телото оти треба да ме служи и понатака нели кога ќе завршам со раѓање, а царскиот сепак си носи ризици, па и секоја нова бременост без разлика, не можеме да знаеме како ќе се одвива. Така што мислам дека скроз таманка ти се 3 години.
Здраво девојки, на трет скрининг откриено покачено количество на плодова вода но во граница, ме прати матичната повторно да испитам шеќер, денес на гладно 6.5.. Незнам зошто вака, испитав ГТТ не ми покажа ништо. До 25 недела се супер сега ете промени.. Од денес се ставам на диета без шеќери искрено многу ме фати страв. Некоја со вакво искуство да не има? Плус хемоглобинот, еритроцитите никако да се покачат, се е под граница.. Докторката ми препорача да пијам Ферозомал плус Тотхема по 1 на ден, искуства? Се плашам да не се поремети нешто кај бебето..
Полека. И јас имав исто како тебе покачена плодова на граница, ама се среди. Ќе тргнеш шеќери. Ептен криза ако те фати една чоколадна бомбона или ред темно чоколадо 70%какао. Леб тонус или на фурна Диме како зелено беше пакувањето. Од овошје само цитрусните овошја, јаболка. За хемоглобинот ќе си зимаш суплименти, нормално е да опаѓа, не се грижи. Терај како што ти пишав, ќе се среди.
Се преплашив искрено, некако 6.5 на гладно многу ми се виде.. А на испитан Гестациски немав никаков наод. Бебето е малку поголемко за недела ипол и тоа дополнително ме уплаши. Незнам зошто сега овој дисбаланс. 31ва недела, ме водат како 32+4.. Фала ти на совет мила. Од суплементиве има врска што ќе земам ферозомал плус Тотхема или не?
И мојата бегаше напред , па таман беше и така цело време. Тргни шеќерот и ќе се среди. Ферозомал она во ќесички што е? Да најдеш ферофолик негде можеш? Од каде си?
Да, во кесички. Ги пиев само тие но не ми помогнаа, па ми рече да земам плус ампули Тотхема. Од Скопје, ги има по аптекиве?