Јас најдов од интернет страна pi-ki bebe се вика електрична е 1050 ден искрено оваа најевтина ми се виде колку ќе брка работа не знам ако има некоја искуство со оваа пумпа нека сподели искуство се мислам да ја порачам
Најбитно е да го осетиш. Ни сега во 9ти не бројам удари ниту па сум броела. Додуша сега во 9ти кај мене поретко се удари, туку повеќе е тегнење, влечење, преметкање, не знам како да го објаснам. Нозете не ги тргна од ребрата, ме откорна на моменти. Не се грижи, најбитно е да го осетиш, а кога го снемува саат-два тогаш па си спие, мора да се одмори детето од превртувањето.
Јас планирам да порачам од Али неколку страници наназад имаше искуства и линкови, малце ми е нелогично да давам толку пари, а не знам ни дали ќе ја користам се надевам дека ќе бидеме на доење ама не се знае никогаш. Па си викам од Али да си порачам таман имам време да ми стигне. Може поискусните ќе споделат мислења па да видиме што како
Не знам како е во 9ти ама мене сега ме мава неколку пати па ја нема два саати и повеќе, па пак исто после. Гледав една емисија на тв велеа дека бебињата во стомакот спијаат 16 саати од 24, така да сигурно си се будат некои 15-20 мин па си спијаат па пак и така
не знам другите какви се, ама јас имав филипс авент, ми ја даде другарка и стварно беше многу добра и многу ја користев, сигурно има некоја разлика, ама најубаво ако има некој да ти даде на почеток пошо може и да не ти ни треба, јас планирам пак да ја побарам од другаркава здравје
Па и јас до сега не сум броела па затоа викам како се брои точно.. мене од пред некој ден ми се спушти бебево осетив,скроз доле е а и немам ич киселини ко што имав,па не мрда ко пред една недела на пример коа по цел ден и цела ноќ буквално, ама сепак си мрда се тегне се влече нешто осеќам движења
Nesto slicnp sum I jas poslednive dva dena...jas sako koristam aqva maris sprej obicniot.....I malku kakoi grloto....ako ima nekoj pominato iskustvo neka pise
Мене докторкава ми рече Оперил капки за нос детските по 0.5 мг и Стрепсилс за грлото. Не ми помагаат секогаш капките. А Стрепсилс ми помогна за грлото.
Го прашував гинекологот дали треба да ги бројам ударите, ми кажа да не се замарам со бројка туку да следам дали има промена во движењата, скрос намалени или енормно зголемени. Некои денови е поигриво некои е поизморено, најчесто кога и јас сум.
Има во: Икона во Рамстор - Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители- од Филипа Пери - Прирачник за родителство- од Бенџамин Спок. во kidsandco.mk- тука имаш доста избор во Просветно дело и литература на англиски во Академска книга. Имаш и доста free pdf книги на нет.
Денеска и јас на свет ја добив втората радост, синко . Породена утрово во 4ч, малку му се брзаше и искочи во 38+5 гн. Ви посакувам сите да си дочекате вакви радостии.