Јас знам дека стрепсил се забранети, има само едни што се дозволени пантенол се викаат зелено пакување
Она ми рече сум можела Стрепсилс од Еукалиптус. Ама дали две Стрепсилс земав во цела недела. Страв ми беше. А од Пантенолот повраќам одсекогаш, не ги поднесувам ич...
Јас додека не влегов трет месец не пиев, само д3 капки и магнезиум ептен по потреба.. Мн ми беше лошо, повраќав од све а крвна слика екстра и кога ќе видиш бебе тогаш е мало не му треба многу. Сега пијам редовно, а пак ми е тешко на желудникот.. Така да тоа е секако пробав не сабајле не за ручек не навечер... :/ сите пренатални се тешки, железо е тешко, омега исто... Страшно
Епа мене ми е за разработување ,дека со првото не земав никаква и се породив ама имаше проблеми па неа ја префрлија на детска мене дома и набрзинка земав од аптека рачна па со неа маки мачев да добијам млеко... не вечам дека ќе е исто ама подобро да си имам јас за секој случај јас добив млеко и така ама мнооогу мачно и со многу труд со електрична би требало да е полесно.
Користела некоја Оестрофакт силвер во бременост ? Докторот ми ги препиша поради превенција за кандида додека чекам резултати од брисеви. Ама не го прашав кога да ги ставам, меки капсули се и лесни за ставање само што откако ќе ги ставам по 15 мин истекува ептен на долен веш, и овие два дена откако ги ставам одвреме на време осеќам како блага болка долу кај срамната коска, како некој нерв да ме клука
Пробај да не јадеш млечни производи неколку саати пред и после пиење пре мама. Да си се испофалам ми дојдоа сите симптоми, ми се лоши, повраќам, одбивност кон храна.. се што си посакував,ма да уште градиве ми останаа спласнати не ме ни болат ама ајде може ќе почнат исцрпена сум, ама стварно ми е полесно колку и да ви звучам како лудача. Сеа следна недела нифти да направам, па после резултатот може ќе дишам полесно.
@ShtruMfeticka Ооо па не се скапи ич … Јас незнам на која страна гледав ептен вртоглава цена беше, ама изгледа беше како лулка со постолје дрвено па можеби затоа
хахха не ми се верува што посакуваш. мада и јас така еден ден малце подобро ќе ми биде и одма кај ми се симптомите? се ли е во ред? а кога ми е лошо сум таква се би дала да помине, ќе се вратам ли некогаш во нормала
Здраво на сите. Нова сум овде па ве молам за совет, 12+1 сум и веќе 3 дена температурата ми варира од 37-38.5, со парацетамол и природни лекови се намалува неколку часа и потоа пак расте. Имам и болки во грлото кои ги лекувам со пантенол, но не ми помага. Што друго може да се пие? Дали имате искуство со други лекови?
Јас ја имам Филипс електричната, пре задоволна сум, колку ми се нашла за измолзување, ехее..бев во можност па ја купив, за мене ептен вреди, рачна пумпа не би купила..на почетокот мислев нема да ми треба пумпа, викам ќе си цица, што ќе ми е..ама не било така, имав премногу млеко, морав да се одмолзам па да дојам а и ми се наоѓаше кога ќе имав повремени запушувања на каналчиња па ќе се измолзев и раат бев. Ова е мое искуство
Жалфија раствор од донвас зедов и гаргара правев два пати на ден, пантенол галеника, прополис медифит безалохолен и плус мед два три пати на ден и два дена парацетамол јас и 38.7 имав температура. Пушти за два дена настинката... Носот подолго ме мачеше користев напоредно хипертоничен изотоничен спреј и оперил п за деца... И на крај од паднат имунитет после 4 недели фатив и вирусот со кашлица ама грло не ме болеше и зедов сируп исландски лишај од хербифит што и за деца под 1 год може да се дава. И прекина за три дена кашлицата. Сега конечно сум добро.
Хаха нели? Ама некај си ги, сигурно си е сигурно. Од оваа ситуација ќе се вратиме во нормала после порајѓај ваљда ама тогаш ќе дојде друга и така..
Оваа е добра затоа што ств има и убави опции за стимулација и нежно пумпање, а и појако.... е сега дали инката ќе ти се погоди. Јас имам мали брадавички, скоро и рамни. И оваа и другата беа со 24мм, ама па ми се погодија. Јас и за помалку сум, ама и со овие немав мака. Мене трето ми е, прв пат користев електрична и нема споредба со рачна. Каде каде полесно и подобро е..
Jas malce poevtinko Offf edno vreme bea mislam deka okolu 7.000. Mozebi so postoljeto, nz... Inace moze I da igra uloga konecot, pojma nemam. Snaa mi zede slamena so postolje okolu 150€ iskreno ne mi se dopadna mene (ko korpa za cenki) Sum vo moznost. Ne deka ne sum. No si vikam ako ima ista funkcija zasto da davam plus 10.000 ko mozam da gi prenamenam za drugo Sega za sega ne planiram da zemam, prvo da se porodam pa ce vidam dali ce imam potreba ili ne. Ama sakam od sega da si odlucam za mm da ne luta mnogu samo da mu posocam sto mi treba I tolku. Inzce jas ovaa ja gledav isto elektricna e https://lococroco.mk/produkt/elektrichna-pumpa-za-gradi-leia-plus-kikabu/