Зошто би било страшно? Мораш да поработиш на опуштање на психата, не знам до која недела си стигната, ама барем полека почни понормално да размислуваш и да се однесуваш, зашто до 9ти ќе полудиш вака опседнувајќи се, најискрено.
@Noemi брутално искрена осеќам неугодност сега кај матката, затоа прашав. Ако е нормално ок и ако му се случувало и на некој друг, ако не да се јавам на лекар. Сепак голема бројка се на форумов и во поодмината бременост, се надевам ќе добијам одговор. 7 недела и 4 дена сум, следна недела сум на преглед. За разлика од почетокот и сега сум поопуштена ама пак имам прашања што ме мачат, како ова на пример А ќе се опуштам скрос кога докторот ќе ми каже дека е во ред и има срцева акција.
Се шири матката прави место за големо бебе и е нормално да има грчеви на почеток, јас ги имав од пред тест до некое време. Сега веќе би требало да има срцева акција, кога си на преглед? Се надевам докторот ти е отворен за соработка да ти објаснува што е нормално за кој период. Уште месец и веќе малку полесно треба да дишеш после 12та. Долга е бременоста, најдобронамерно ти пишав.
Нормално е да имаш неугодност. Матката се зголемува и да се тегнеш и да не се тегнеш ќе ја имаш. Јас и на легнување и на станување се тегнам мора да се опуштиш. Бремена си душо не си болна
Не се налутив, сакам искрени луѓе. Најотворено си кажа. Само јас сум паничар тоа е друг проблем ... Докторот не зборуваа многу се надевам кога ќе сменам доктор што ќе ми ја води бременоста до крај ќе ми биде подостапен и ќе објаснува , прва бременост и немам појма од ништо, ми треба некој да ме води.
Ај да си ги пишам и јас моите проблеми кој никако не завршуваат туку се зголемуваат можеби некоја од вас имала искуство со ова или познава некој што имал Наводно вчера бев прво на болница за да ми направат преглед за продолжување на боловањето и тој таму докторот беше истиот што претходниот пат ми рече лакуни дека имам а јас ни л од лакуни сум немала и знаејќи го каков е овој пат ми вели поголемо ти е бебето за 4 5 дена а цело време се водеше до сега за 4 дена поназат и не му обрнав мн внимание ама ме изнервира оти мислев дека пак греши и одручекта појдов на приватно и др што ме гледаше таму ми рече за 10 дена било поголемо и дека во едната страна во мозочето имало вентрикуломегалија значи и ми вели демек не е ништо страшно и требало да се следи на нет читам се и сешто во врска со ова... досега се што треба и нетреба од страна на прегледи направив само пренатален не направив ако сум до толку баксуз па не знам шо да речам
Мила, те приметувам дека си преуплашена. Те разбирам и зашто. Верувај, стресот полошо ќе ти прави, ќе си створиш анксиозност, која верувај не ја сакаш. Ти кажувам како личност што ја победил и знае каков пекол е тоа. Верувај се е нормално. Крварење и неподносливи болки, само тоа не е нормално. Мораш да се смириш и да почнеш позитивно да размислуваш, верувај како што вика @Noemi ќе полудиш. Можеш да поразговараш и со психолог, ќе ги помогне да се соочиш со своите стравови. Само опуштено и се ќе биде добро. Тука сме за тебе во секое време.
7 nedela, toa vo tebe e tockice Kakvo nastetuvanje vo tegnenje... Mene sto ubavo mi ide koga ce se istegnam se osecam kako novorodence Zasto si tolku ispanicena so bremenosta? Imas prethodno doziveano nekoja trauma? Ili dolgo ocekuvano bebce ti e? So samiot stres I misli samo mozes da mu nastetis. Nie site ovde imame I stresovi I paniki I crni misli amanemoj te molam da se opsednuvas. Mozes da si pobaras pomos I od psiholog, nisto strasno i sramno. Milo mi e koga ce procitam deka nekoj pobedil anksioznost. Milam deka sum edinstvena sto nemozam da izlezam na kraj. Vo prvata bremenost mislam deka mo bese pobedena 100% ama se desi sto se desi I posle edna godina od poragjajot ko me mavna uste ne mozam da se zemam sebesi
Devojki , vie sto ste so iskustvo I veke vo pokasna bremenost: Vcera pravev perinatal test, a prethodno Dr me gledase na eho nadvoresno. Go vidovme bebuska . 11 nedela sum. Arno ama prv skrining trebase pocetok na February a mi zakazaa za 13 February. Dali od 20.01 do 14.02 e mnogu period bez pregled? Dr mi vika taman testot da izleze I bebe ke potpotasne pa pojasno da se gleda kako e dinamikara na pregledi ? Za mene e ova skroz novo a mnogu dolgo mi izgleda periodot od vcerasniot pregled do skrining ot.
Poznato....normalno e .....mislam posle dplgogodisna borba....gledaj da ti preovladaat pozitivni emociii.....nesto slicno ama so poddrska na forumov...na nekoi clenki so slicno iskustvo sw izboruvam.....po nivni nasoki.....samo na ubavo misli.......ljuge sme od krv I od meso..normalni se iskisenijata...butno da se nadninat...so lesno na site da ni bide I so sreken kraj
Ne celi 4 nedeli nishto strashno. Mene mi se slucuva da odam posle 4 nedela. Ic ne se preopteretuvaj, znaci se e vo red. Ne daj Boze da te vika cesto, na nedela, togas ne e vo red I sledi, a vaka teraj si I svirkaj si. So lesno neka ti e Offf dusho* ajde sega raduvaj se posle 12god, opustise I uzivaj. Nemoj mnogu da se preopteretuvas. Jas sum so anksioznost od moi 17 God pa teram zivot, toa e. Ova mi dojde posle 8god, prethodnoto posle 5god mi bese, za zal mi pocina na poragjaj. Nemoj da se zamaras I da se preopteretuvas, baska sega si na sam pocetok I sama znaes kolku e opasen stresot. Tuka sme site nie da se bodrime I podrzuvame * Da si posetis strucna pomos mislam deka dobro bi ti doslo
20+4 .. Последниве неколку дена мислам дека многу го осеќам бебето, дури и преку ден додека седам на работа Кога сум дома во тесна маичка приметувам и на стомакот се познава како "подрипнува" на местото каде што го чуствувам. Значи не се удари како што ги опишувате вие во покасна бременост, туку нешто нежно како гасови Реално ли е тоа да е бебето?
Такво е чувството Јас тој период исто почнав повеќе да ја осеќам. Најмногу кога сум легната на грб со раката на стомак. А сега веќе и навечер лудува.
Тоа е јас навечер обично или рано наутро ако сум свртена на страна осеќам дека мрдка нежно, крај на 18та сум, постелката ми е на заден ѕид. Уште не сум приметила стомакот да ми се движи ама одвај чекам
И јас ја чувствувам така Прва бременост ми е. Викам нема шанси да ја чуствувам толку рано ама еве веќе не се само гасови туку како нежно клоцлање Кога ќе ја почувствувам го галам мешето и се смирува. Преубаво чувство <3