Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.000
    Допаѓања:
    5.352
    Доле му се нозете затоа доле го осеќаш, кога ќе се изротира ќе те клоца од страна, горе и сл. Не се оптеретувај ако имаш уредна бременост скроз нормално да си функционираш. После за второ, трето ќе мораш и да се наведнеш и да клекнеш, остај тоа тетките што ти зборат од страна.
     
    На Batterfly93, lozinka002, ShtruMfeticka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    И мене малечкото ми се водеше три четири дена помалечко сега е една недела понапред и се си е во ред, немој да читаш на нет ќе прочиташ се и сешто ти кажувам од мое искуство јас така читав за све и паѓав во депресии, за да не се мислиш најдобро појди на уште едно мислење кај др доктор, иначе јас не правев приска а имам 35 години ми рекоа дека над 35 години резултатите од приската секогаш излагале како што не треба само што ќе се испаничев, на скринингот си беше све во ред, сега брзо правев и втор супер е, најдобро да си појдиш на уште едно мислење
     
    На Butterfly009, An43, nice-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    303
    се сложувам со @Aledarkali барај си второ па и ако треба и трето мислење
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.303
    Допаѓања:
    170.826
    Се сомневат на хидрацефалус?
     
  5. Positiv Girl

    Positiv Girl Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2024
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Дали може да се пијат домашни чаеви,исушени се:wasntme:
     
  6. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.420
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Имав некаде низ форумот прочитано дека во бременост има врска како се спие.
    11 недела сум и спијам и на страна и на грб. Има ли препорака како е подобро да се спие?
    Иначе на стомак си спијам регуларно, ама сега си ставам перници да случајно во сон се свртам на стомак.
     
  7. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Јас колку што читав најдобро е да се спие на лева стран( може и десна) На грб не се препирачува посебно како одминуваат неделите, мислсм дека глсвната вена( аорта- не сум стручна што точно е) се натиснува со бебето и тогаш се спречува доток на крв и кај бебето и кај мајката па затоа ако се спие на грб се јавуваат вртоглавици.
    Јас имам среќа што спијам на лева страна ама понекогаш кига ме боли колкот од лежење имам таква желба да легнсм на грб па легнувам 2-3мин ама гледам да избегнувам
     
    На lozinka002 и Dijana DM им се допаѓа ова.
  8. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.490
    Пол:
    Женски
    Кај мене беше со главата доле и газето на десна страна, матичната баш ми рече најубаво за него е ако спиеш на десна страна.
    @Dijana DM гледај да ти е удобно тебе, ставај перници под стомак. Мене трудничката перница не ми се погоди, па спиев со обична перница меѓу нозе. 8ми 9ти месец веќе не потпирав меше, немав потреба. На грб секако не можев да спијам, ми тежеше.
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Девојки ме мачи една мисла. Ноќеска мм при превртување во сон ме удри на кичмата. Сабајле рано бев на преглед др рече дека се е во ред ама бебче не мрдаше, ми рече дека спие и дека може да остане така и до 2ч. Ми даде совет нареден пат кога ќе одам на преглед да бидам јадена или пред тргање да каснам благо нешто да се напијам кока кола или барем една чаша вода за да се размрдува. Јас сабајле буквално од кревет станав се средив и со такси веднаш отидов.

    Е сега мене почнува да ме боли половината додуша мене веќе два три дена ме боли ама сега ми текна на ударот и ми се сврти мисла да не случајно бебето е некако повредено и затоа да не мрдало?.
    16+3гн сум сеуште го немам осетено да мрда. Што мислите има ли место за паника? Дали е можно да го имаме повредено?
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Не верувам бебињата се заштитени во нас.... Јас секогаш па јадена одам на преглед си мрда нормално и мислам дека е рано да го осетиш и зависи постелката на која страна е дали на предена или задна
     
    На Anaroz1, Kitanova77 и Aledarkali им се допаѓа ова.
  11. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Бебињјата се заштитени во нас, сигурно не бил толку силен ударот за недај боже да се повреди бебето, ако веке видела докторката дека не мрда можела да измери отчукувања на срце,немој да се секираш се си е во ред а и сега не може да го сетиш дека мрда, и да го сетиш движењјата се како пеперутка, и плус малечко е сеуште за да може било што да го повреди уживај си во бременоста ❤️
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    таман беше се, го слушнавме срцето. Мене таму не ми ни текна на ударот. Ова сега дека почна да ме боли и си направив филм во главата
     
  13. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Не во извештајот е пишано дека е сеуште вентикуломегалија состојба која е пред хидрацефалус ако ги помини тие 15мм преминува во хидрацефалус
     
  14. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    177
    Кај мене многу убаво и јасно се виде.
     
    На Strawberry99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    177
    Дијана, на последниот преглед разговарав за ова со докторката.
    Јас сум 13 недела, се уште не се познава стомак (јас чувствувам дека малку ми е поцврст на допир) и иста сум во килажа. Се трудам цело време да заспијам на страна, но в сон, се вртам на стомак и често така се будам. И кажав на докторката, и ми рече многу внимателно бидејќи не е препорачливо. Ми рече да си купам трудничка перница, за да ги спречува вртењата на стомак, евентуално на грб.
    Се надевам брзо ќе се навикнеме.
     
  16. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.053
    Јас заспивав исклучиво само на стомак. Ама, како одминуваат деновите, неделите, како стомакот почнува да расте самото подсвесно ти доаѓа да не легнуваш така. Сега веќе дури и во сон не се вртам на стомак, иако не е многу голем стомакот. Така да мислам дека за брзо време ке ви се промени таа навика, сама од себе. :)
     
    На ginger и Ladyme им се допаѓа ова.
  17. Надеж♥️

    Надеж♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Имам читано на темава и видеа имам гледано до 20 недела и да спиеш на грб нема проблем оти е мало уште и нема што да тежи. А дали на лева или десна страна ќе спиеш нема врска потоа.
     
    На Izzy_0504, Dijana DM и ginger им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.859
    Допаѓања:
    176.732
    Пол:
    Женски
    Колку е опасно и што значи покачен шеќер во урина?
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    11.735
    Пол:
    Женски
    Може да е инцидентно, ако си била болна, па моментално да е пореметен метаболизмот на глукозата. Се решава само од себе за ден два.
    Ама ако постојано се случува, или премногу шеќер внесуваш (значи зборам за прости, рафинирани јх), или поверојатно има некој проблем на гломерулрано ниво во бубрезите, па не можат да ја изметаболизираат глукозата.
    Скриен шеќер рече ќе испитуваш претходно нели, тоа ок, ама ова со глукозата не е за занемерување. Нека ти испитаат и тромесечен шеќер, инсулин (иако е покачен во бременост не треба да е превисок со единици и единици над граница), ацидобазен статус исто така. Не оставај на случајност. Повеќе од еден плус глукоза во урина е?
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.859
    Допаѓања:
    176.732
    Пол:
    Женски
    Еве сум во моментов испитувам скриен шеќер дополнително оти првиот пат на краток тест ми покажа покачен. Сега сум на клиника за дијабетес и овде ми кажаа дека сум имала покачен левел на шеќер во урина во неколку наврати, оти ми ја проверија мајчината книшка, секој месец испитувам урина, ама ништо околу тоа не ми спомнале кај гинекологот каде што внесуваат се во книшката. Баш се изненадив сеа да дознаам. Шеќер не внесувам многу, ама не знам веќе што да мислам. Ми остана уште едно боцкање па ќе ми кажат резултати одма и ќе знам на што сум. :doh:
     
    На Nensi_k@#$, thinkerbell и Baby warrior им се допаѓа ова.