Исто дома сум со година ипол 12 кг е и 4ипол години деца. помалото во раце ми е на колк цело време. Едвај се допазувам од него. И дрва носам за ќумбето цела канта и цепам кога мажотми не е дома нема кој да ми донесе. и домашни обрвски по дома кои мора да ги завршам. фала богу досега се е во ред. Да влезам во 36 недела и ќе ми се ослободи мислам душава па може да се раѓа кога ќе сака бебе. Денес 31 недела полна уште многу малкуууу остана а мене ништо не ми е спремно уште не сме вселени во новата куќа . немам ништо испрано за бебуш ни испеглано. се надевам ќе стасаме се да средиме .
Ви благодарам на сите за споделените искуства, полесно е кога знаеш дека не си сама. Си ветив дека од утре повеќе ништо нема да ме боли и дека ќе сум подобра и нема да си правам дополнителни стресови. Што е наше ќе си дојде
Вакви мисли ќе имаш секако до крај, како и сите што имаме, меѓутоа мора да мислиме и позитивно и да веруваме дека се ќе биде во ред. Немој уште сега да се преоптоваруваш, уште многу имаш до крај, што до тогаш . Секоја поднослива болка во бременост е нормална, како поминуваат неделите така нешто ново не заболува, ќе се навикнеш . Добра мисла и со лесно до крај
Здраво, Едно прашање : Користам метил фолате 1000 на NOW. Од вчера почнав со пре мама. Таму метил фолате има 400мцг. Дали покрај пре мама да пијам и метил фолате 1000 на NOW? Иначе сум со мутации. Не мислам дека има штета ама не сум нај сигурна. На преглед сум тек за 3 недели за да ја прашам докторката.
Јас ги пијам и двете. Метил фолат пијам два пати на ден од 1000 заради мутации и плус В12 метилиран. За мутации треба повеќе метил фолат сигурно дозата во пре мама не е доволна.
Без мутации сум, ама исто, земам метил фолат од Now - 1000, плус фемибион 2. Ми рекоа нема гајле, слободно може.
Јани ми има кажано 1000 еднаш дневно и метил б12 пијам. Хомоцистинот ми беше ок така да не ми ја покачи дозата на метил б 12.
Мене Јани ми има кажано дека 1000 ми е доволно. Ама ќе пијам и пре мама и now. А дали пиете селен? Јас сум со хашимото, и пијам повремено селен ама некако се плашам од него, мада Др не ми кажа да не пијам...
Не пијам селен. Пијам кардиопирин, метил фолат 2х1, б12 метилиран, пре мама и клексан. Кога проверив хомоцистеин ми беше 4 а граница беше 5. Веројатно гледаат и по д демерите не знам кај мене и тие се доста покачени последно
утре сум на прв скрининг што обично прашуваат пред да почнат (последна менс., друго) малку сум под стрес
А сигурно гледат д дмери . Минатиот месец кога испитував ок беа, наредната недела пак ке треба да повторам хемостаза со хомоцистин. иначе примам утрогестан вагинално 3х1 ама сега ми намалија на 2х1, 1х пролутекс ,1 клексан, пре мама, метил фолат и метил б 12. Тек средина на февруари ми е закажан прв скрининг и долго ми се гледа Која недела си? јас 11 +3
Sekoj si e individua za sebe. Edna ista zena so dve bremenosti nema isti simptimi I ne I e ista bremenosta a ne pa sporedba so druga trudnica. Ne se zamaraj, ima sekakvi prikazni, I dobri no za zal I losi. Ic ne e sramota sto nema da znaat, ednostavno tvoja odluka. I jas ne kazuvav, koj razbra, razbra. Nekoj I uste ne ni znaat a teram 29 I jas sum se soocuvala I se soocuvam so anksioznost. Iskreno I mene mi e shujbe nekoj nesto ko ce mi rece. Pr jas imam problem so svekrvami, samo si kazuva. Ko ce se rodi beli alista mema navecer da pruzas ce pominele samovili, navecer ne se gleda vo ogledalo ce se povampiris I nekoj takvi glupi rab sto me vagjaa od kontakt, znam deka toa ne e taka ama pak neprijatno e... Neznam kako bev sfatena, ne sakav nikogo da navredam ili mudruvam. Neznam mene kolku me sledis .. jas za anksioznost mn dobro znam sto e. Sekoj den se soocuvam I boram, normalno deka postoi I zagrizenost I se. No clenkata nema prostor za panika na 120 pritisok. Nedaj Boze da e potkrenat, normalno e da se grizi covek, no so samoto sto razmisluvame toj moze da se potkrene. Mozokot ne e dugme I ce go prigramiras, jasno mi e, znam kako e . Kako sto napomenav od 17 God se boram so anks a sega sum blizu 34god. Vtora rabota jas bebeto go izgubiv pred 3 godini vo 41nedela, I od toj aspekt isto znam kako e, imam oseteno na svoja koza. Da ne dade Gospod nekoj da oseti, daj Boze da sum posledna toa sto I se ima sluceno. Se izvinuvam nekogo ako navrediv ili zgresiv. Ne sum tip sto navleguva vo raspravii, nisto ne bese so loso kazano. Pak ce kazam, nz kako bev sfatena
Јас сум 26 недела иначе до 12 недела имав пообемна терапија, примав прулотекс, кринон гел, биофеминин и уште некои имаше веќе и заборавив. На пола саат имав аларм за апче буквално. На почетокот мене дд ми беа во ред т.е нормално за трудници ама овие два месеци ми беа доста високи. Вака се гледа долго ама кога ќе видиш си лета времето особено ко ќе помине 12та недела до тогаш имаме најмногу стравови. Со лесно нека ти е имај си школска бременост, чекајќи еден па друг преглед ќе видиш летнало времето
Фала ти И јас бев така ама сега си викам еве Мај кај е, на 4ти ми е термин а јас уште не знам ни од каде да почнам да се спремам за бебето. Само за убаво да е да си дочекаме да си ги гушнеме, да ни се живи и здрави тоа е најбитно