Јас не бев со мутации и исто вака пиев. Нема штета, пиј си слободно. И мене ми изгледаше вечност ноември… а сега малово има 2 и пол месеци… не знам кај отидоа месециве
Здраво Пред некој ден ми отече слузницата во нос. И почна носот и на допир надворешно да ме боли како да сум се удрила. Кивам од време на време. Од сабајле дувам проѕирен секрет. Во текот на денот се осеќам како да сум затната а дишам низ нос. (7недела и 6 дена) Смеам ли да ставам физиолошки раствор или инхалација со физиолошки? Или некој спреј. Правев гаргара со сода и сол. Не шетам, никаде не сум мрднала ама сопругот оди на работа, да се надевам дека не е вирусот... На одмор е и докторот и сестрата. Треба и општ матичен да знае што смеам, така?
Сабајлево ми течеше крв од нос ми е страв да не имам висок притисок, ќе одам да ми мерат денеска, јас имам дома апарат ама слушалки немам премногу сум здебелена морам некако да се контролирам со јадењево вака само проблеми ќе си направам
За секој случај бев да ми мерат 120 со 80, докторката ми рече да пијам витамин ц да се зацврстат крвните садови
Јас не пијам селен. Мора да си направите консултација со лекарот кој ве води. Пред забременување, кај мене во однос на тироидни хормони, беше покачен само THC, многу малку, на горна граница. Отидов кај специјалист за тироидна на детални прегледи и ехо, мене ми рекоа дека со дополнителна терапија само би ми пореметиле останати хормони и ќе ја пореметат скрос тироидната. Иако селен не е класичен лек, не би можела да ти дадам конкретен одговор, немам искуство.
Koja nedela si? I kolku se imas zdebeleno. Konzumiras aspirin ili nesto slicno takvo? Moze da e I od apcinjata, nemora da znaci deka e samo pritisokot
Тоа што кај тебе немало последица од висок тсх кај многу жени е пречка за забременување и причина за спонтани абортуси. Како поднебје сме многу склони на проблеми со тироидната и секој добар специјалист ендокринолог препорачува терапија кога станува збор за обиди за забременување и контрола на истата на месечно ниво во бременоста, затоа што до 6тиот месец од бременоста бебето зависи од тироидната на мајката т.е. твојата тироидна треба да создава хормон за двајцата. Кога ТСХ е високо индицира дека жлездата не произведува доволно затоа суплементираме со апче. Апсолутно невистина е дека терапија за тсх ги пореметува другите хормони, напротив, не земање терапија може да доведе до метаболитен синдром и пореметување на други параметри.
Ноеми, знаејќи го ова што ти го кажуваш, посетив интернист, кардиолог, патофизиолог. Сите гледаа, сите беа на исто мислење. Заедно со гинекологот, сите беа против терапија. Не можев да земам на своја рака, како да ти кажам. Очигледно секој случај е индивидуален, и сега ова и го спомнав на докторката која што ме презеде во водењето на бременоста, апсолутно ништо не ми рече, освен се е во ред. Не знам више што да речам со овие спротивставени мислења, на една жена доктори и велат вака, на друга инаку.
Не знам, општо познато е дека тсх влијае на забременување, кај тебе и кај многу други немало таков ефект, што е супер, ама е исклучок не правило. Останатите после подолги обиди задолжително се проверува и корегира со терапија. И јас немав промени на жлездата нема објаснување за покачувањето ама ете додека не се нормализира и инсулинот ми го крена и не забременував. И гинеколог и ендокринолог беа за терапија. Секако дека нема да земаш на своја рака, хормон е не е витамин.
Ако горната граница е 4.6, кај мене беше 4.7. Го сметаа како незначајно. Навистина се надевам дека ќе продолжи како незначајно и ќе биде се во ред. И самата помисла на нештото ме вознемирува.
Здраво.Ми треба ваше мислење во врска со работната позиција.Вработена сум во Германија,работата не е многу тешка,меѓутоа се дигаат и работи до над 12кг.Е сега јас имам преглед на 4ти февруари и до тогаш нема да кажам за бременоста,секако потребна ми е потврда исто.Дали смеам тие 10тина дена да работам нормално,сега сум 6 +3 значи ран е почеток.Сите искуства се добредојдени,и како да постапам
Така и си мислев,ќе мора нешто да смислам додека да се дознае.Проблемот е во тоа што сме многу малку персонал и освен на боледување немам друг начин.Фала ти
Најдобро е да кажеш каква ти е ситуацијата отколку да ризикуваш. Разбирам дека можеби ти е рано за кажување ама подобро да знаат, ќе се обидат да те поштедат од дигање тешко
Здраво Незнам дали муабетот е за тука но сакам да прашам Бремена сум 16 недела но денес заприметив вагинален исцедок и тоа премногу незнам дали се работи за некоја инфекција и тоа беше како зелено фосворно дали на некој му се има десено такво нешто дали е нормално или не ? А и прва бременост и малце нешто се деси само паничам