Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    2.013
    Пол:
    Женски
    И јас бев пред две недели за прв скрининг кај него.На ехо беше се ок и баш ми остави впечаток дека нема став дека мора да се направат и да ги препорачува.Мене ми рече ако има нешто ќе се види на ехото тоа ти е 95 сигурност е тие тестови се за мирна глава да ги потврдат и оние 5 посто,така да се остава на родителот да си избере како сака.
     
    На KittyT му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Надеж♥️

    Надеж♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Мене ме остави во мисла оти му реков дека не планирам ми кажа мој избор дека е секако. Јас не чувствувам потреба да го направам тестот. Приска направи ли ти?
     
  3. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Јас не правев, искрено можев да си дозволам иако е доста скап тест ама не го направив двајца доктори ми рекоа нема потреба не сум во ризик група исто како и ти, се беше во ред со плодот. Ме советуваше едниот др дека е добро да се направи затоа што открива хромозомски заболувања, рече ако одлучите да не правите направи барем приска и така беше. Направив само приска. Се надевам на Бога дека се ќе биде во ред.
     
  4. Надеж♥️

    Надеж♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Имам 22год. Мм е 27, со ИВФ сме и скоро се ни е испитано. Јас ќе го направам ама зошто кога тие пари можам да си ги тргнам за пораѓај здравје боже или во собата на детето нешто ќе си средам
     
  5. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    2.013
    Пол:
    Женски
    Јас направив приска да,резултатите уште не ми се готови,ќе видам како ќе биде со нив,се надевам ок.Јас и сопругот имаме по 32 години
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Па и јас така размислував, мене ми рекоа според ехо е се во ред сите мерки си одговараа. И баш докторот ми рече ич да не ви е шубе вака се е во ред ако можете да си дозволите и сакате може да направите ако не доволно е приска. Сепак не е мала сума на пари. И на втор скрининг се беше во ред па сега здравје само Господ да не чува сите и да биде со нас.
     
    На LanaDelR и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    170.913
    А ако има нешто недај боже?
    Ни едни пари нема да ви платат ништо
    Направите си пренатален ако може да си дозволите
    Кешки пред 20 22 години да ги имаше
     
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    А зошто да размислувам дека може да има? Од кога е успешно ивф размислувам само позитивно. Ако приската покаже нешто не дај боже ќе го направам и тоа испитување. Како што кажа една членка секогаш го има тој 1% што не е сигурен и точен
     
    На Anaroz1, Anyshka и LanaDelR им се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    17.894
    Пол:
    Женски
    А тој 1%?
    Што тогаш?
     
    На Anaroz1, Anyshka и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.668
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Искрено, пренаталните тестови треба дс се бесплатни. Ама за жал кај нас не се. Пренатален е поверодостоен од приска. Ако имаш можност направи си. И мене ми рекоа се е добро па си направив, сакам да знам дека се сум испитала. Сепак ти одлучуваш.
     
    На Noemi и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.877
    Допаѓања:
    176.953
    Пол:
    Женски
    @thinkerbell и јас многу верувам дека што внесуваме е клучно за најголем број дијагнози. Чим си открила начин со регулирана исхрана да си помогнеш и сама, супер. Јас исто мислам дека треба да си го слушаме и следиме сопственото тело.
    А знам дека некогаш подолго оди дур ти ја погодат соодветната терапија, односно дозирањето. :doh:

    Имам и јас некои сомнежи за мене, ама сега во бременост хормоните секако ми се хаос и не можам да се потпрам на симптоми. Ќе се потрудам да испитам после тоа.


    @Viktorijaaa5
    Да си земеш обавезно. Навистина не е нешто неопходно да си природно породена, ама со царски многу страда кичмата. Особено што си сакаат бебињата пресоблакање многу често.
    Јас со првото си купив огромен фиокар со многу убави длабоки фиоки кои ми изгледаа многу попрактично од плитките фиоки што доаѓаа со масата за пресоблакање и добив многу убава полнета мекана подлога за пресоблакање и си мислев супер практично, можам да ја користам било каде. Ама многу ми беше тешко на кичма наведнувањето. Си научив лекција тогаш, па за со второто тоа беше првата работа што ја купив. :D

    Јас уште некој ден 30та. :) Ми летна времето овој пат. Ко по непишано правило стомакот пак ми почнува од под цицки и едвај облакам чорапи на утро. :sweat: Ама уште 7-8 недели ми остануваат во зависност од состојбата на матката, па да не се жалам. :D Следна недела со бабицата треба да одам на клиника да се регистрирам и само да чекам ми останува. :)
     
    На ray111, Veki4kaa и Калатеа им се допаѓа ова.
  12. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    546
    Пол:
    Женски
    Што е разликата помеѓу Приска и пренатален? Што покажува едниот а што другиот?
     
  13. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Приска е чиста веројатност и статистика, на твои години со твоја килажа, ниво на Bhcg и Pappa хормони и мерки од плодот која би била веројатноста плодот да има некој од трите синдроми и според мене треба да се укине итно, никаков индикатор не е. Мене првата бременост резултатите од приска супер ми беа, па покасно открија маркер за синдром на ехо и се испостави дека имаше синдром. Исто, не направив пренатален зошто под 30 години бевме и јас и сопругот, прва бременост, дури и непланирана беше, цел живот најредовен циклус точно на денот, хормони идеални и ете бидна и нема правила едноставно кога се делат клетки се случува грешка, немаат врска ни години, ни здравствена состојба ни ништо. Исто и прв скрининг беше супер, органите до последно супер си се развиваа, одлична нухална транслуценца. Апсолутно никаков сомнеж, но, во медицината нема црно и бело, сѐ е сиво.
    Затоа пренатален тест не треба да е препорака само за над 35 и ивф, туку за сите. Јас до ден денес не можам да си простам што се ослонив на такви глупи совети дека сум млада и да не трошам пари. Траумата да раѓаш мртов плод ниедни пари не можат да ти ја исплатат.
    Сега вторава бременост откако направив пренатален, камен ми падна од срце.
     
    На Baby warrior, ray111, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Ljiljana1986

    Ljiljana1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Мене и првиот скрининг ми беше вагинално(14 гн), кај секој е различно.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20250124-114922_Chrome.jpg Screenshot_20250124-115049_Chrome.jpg
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    170.913
    Абе види
    Старите рекле мачка у врзана вреќа
    И точно е до крај нема да знаеш ништо 100%точно
    Ама и 99%е подобро од ништо
    Затоа кој може да си направи тест оти времето не се враќа
    Ова е совет од патилец
    За некои состојби ни пренаталниот не ги детектира ама сепак направите си
    На крај како шо е Господ никој не е па шо е пишано ке бидне
     
    На ray111 и Baby Girl123 им се допаѓа ова.
  17. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    2.013
    Пол:
    Женски
    И јас си велам како господ никој не е,само он да ни ги чува
     
    На Anyshka, Dijana DM и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  18. @mekana

    @mekana Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Пренатален го препорачуваат баш кај ИВФ , ми го препорачаа и мене и го направив сега чекам резултати, кога и кажав на матичната дека ИВФ-докторот ми го препорача да го направам ми рече доколу си во можност направи го и не се мисли и убаво ми објасни, при природна бременост самиот организам ги одбира најдобрата јајце клетка и најдобриот сперматозоид, а при ИВФ тоа го прави ембриологот по негова проценка. Секако тоа е ваша одлука
     
  19. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Дали после секс имате како менструални болки ден два? Ретко имам односи, но завчера имав (лајт секс), прво ме фати кичма ко ишијалгија, следниот ден цел ден ме болеше све, а плус и како запек имав, од памет се извадив и отидов кај гинекологот, ми измери цервикс 5ипол и затворена бев (инаку 5 месец сум). Ми рече нормално било, но мене некако прејаки ми се видоа болките, што знам. Дури сега ми поминува нешто од нешто. Инаку воопшто не сум улежана, раздвижена сум и работам нормално. Магнезиум се напив и не ми помина.
     
    На Ivka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Koj prenatalen go pravese ? Jas bio save