Da si napravis urinaten status ? Prjjatelka moja posle odnosi ecirihia imase. Nemora da e toa ama mi padna na pamet deka se zalese na bolki posle odnosi pa posle ja otkri pricinata. Posle odnosi odma urinirala , mienje I pienje uvin ..
Чисти ми беа брисевите. Ова одма после секс почна да ме боли. Ми се случувало и кога не сум трудна после груб секс да имам болки мускулни, овој не беше груб, ама сепак.
Стопати попаметно е да се дадат пари за пренатален отколку за пораѓај на приватно или мебел во соба, ДОКОЛКУ може да се дозволи. Медицината секојдневно оди напред кога можеме да искористиме и да си го купиме мирот апсурдно е да се убедуваме. Не џабе се НИПТ бесплатни во поразвиените земји. Кога мајка ми била бремена во 1985 ни ехо немало, ни килажа на бебе знаеле ни формула имало една доилка цело одделение хранела, па гледам сега се користиме од тие бенефити никој не вика нема потреба.
И како 1985 стапката на синдроми и аутизми во споредба со сега е драстично помала, дури и да ја нема, а тогаш немало ни ехо? Тие што забременуваат по природен пат и во догледна возраст не се во никаква опасност, тоа ми го кажале специјалисти, џабе да не фрлам пари по овие тестови. Ако имам над 37 години и сум се борела со неплодност и илјадници инвитра, секако дека ќе направам секаков тест што постои. 1985 немало инвитра, ако не може, не може и крај.
I jas se mislev pomugu panorama I na bio save ama Dr nekako ponakloneta na bio save pa tie gi odbrav. Mi rekoa rezultatite pocetok na sledna nedela .... vo ponedelnik pravev. I sum malku nestrpliva . Koga ti rekoa da gi ocekuvas ?
На крајот ти ќе си одлучиш но има многу деца кои се природно зачнати а имаат аутизам, даун синдром или некоја др попреченост. Веќе не се работи за ивф или природно. Нешто се случува. Блиску луѓе кои имаат детенце со аутизам, се земале млади, природно едното е супер се другото со тешка фирма на аутизсм. Иако пренаталните не испитуваат за аутизам. Ама како што ти пиша членката погоре, подобро за нипт тест отколку да гу дадеш за средување на соба или пораѓај во приватна клиника. На крајот ти си знаеш, ако инстинктот ти вика дека нема потрреба тогаш ок.
Исто и јас се мислев, одлучив исто Био Сејв и сум задоволна. Имав убава фетална фракција, резултати за 5 работни дена, исто испитуваат и двата теста. Ајде чекаме резултати кај тебе
Скроз ја промаши поентата на мојот пост. Зборев за сите бенефити од модерната медицина, а не за стапка на синдроми во 1985 и сега. На крај на денот никој не те фатил за шија да правиш НИПТ, ама не можеш да кажеш дека нема никаква опасност ако си зачнал спонтано и си млад, смешно е, ниеден доктор нема да ти гарантира такво нешто оти знаат со што се соочуваат секојдневно. Не џабе на секој извештај од преглед и скрининг и кај најдобар специјалист најдолу наведуваат дека не гарантираат за аномалии и дека советуваат да се направат дополнителни испитувања-НИПТ или амниоцинтеза.
Генетски предиспозиции, генски мутации кај мајката, општа здравствена состојба, тие се калкулациите што ги дава приска тестот, кога веќе збориме за спонтано забременување кај релативно млада мајка. На крају крајева на втор скрининг се гледа се.
Deneska na kontrola bev. Bebushov odgovara na 32nedeli a jas sum 29+4gn Pak od pamet me izvadi so sekerot na gladno sto mi bil 5.5 a koga mu gi pustiv rezultatite na viber super rece... Neznam sto da mislam, malce me uspanici ama toa e
И јас во Био Сејв направив и имав 4% фетална фракција.. не е тоа ниско? Додуша не знам баш ни што значи..
исто во 1985 на нива работеле жените до последно и не пишувале по форуми, па гледам ти користиш интернет и ги користиш технологиите на 21виот век. Како знаеме колкава била стапката, кога нема никаква статистика од тој период? Колку често си слушала дека раѓале по 10 деца и пола умирале? Сигурно умирале од некаква болест, дали генетска или друга. Да не зборуваме за темпото во кое живееме денес. На крајот на денот, технологијата оди напред и ако некој сака да ги искористи нејзините бенефити, зошто да не ги искористи? Тука сите зборувавме кои се предностите и зошто треба да се направи, ти ако не сакаш, не прави, само не оспорувај дали треба или не, кога верувам дека немаш допирна точка со генетика и како истата функционира.
Не би коментирала ама искрено муабетов ај ќе си купам за во соба нешто, не правам тест ми е многу незрел. Не се работи за нешто небитно, туку за твоето здравје и на бебето, не знам како ви доаѓа ваква споредба на памет. Посебно во време каде се е испозагадено, канцерогено, годините не играат улога воопшто. Размислете, пари се заработуваат, материјално може и покасно ама овие работи носат мир. Нејсе, Друшки при крај, како се држите? Нит се лежи нит се спие, мене последниве две вечери болни грчеви ли се, контракции ме фаќаат кога ќе се свртам на страна, се исповадив од памет, ако станам прекинуваат. Нестинг на најјако, немам сила за чистење а ми иде со четка за заби да чистам, се убив перејќи, сабајле два саати постелнини нови гледав, да било почисто за бебето. А ќерка ми цела соба лом ја прави за 6 секунди, се надевам ќе ми пројде ова лудилово. Уште да викнам за прозори и врати агенција некоја да пројде и раат да се пораѓам. Психички многу тешко, малата се буди често, мм хрчи корне, немам мир две секунди, па со двеве не знам како ќе издржам со ова темпо, многу сум депре на моменти, па си викам ај пролет иде, ќе шетаме, лето после и така во круг.
Да го измерив ми беше 120 со 80, која недела се испитуваат д димери? Еве денеска не ми има потечено крв, а ова со испитувањава треба докторов да ми кажува што треба да испитам до сега освен мокрача и крвна слика за ништо друго не ми рекол да се испитам, само ми спомна за понеделник да испитам гестациски дијабет ама ќе му спомнам за д димери сакам све да сум испитана ако не ке го менам кај друг доктор ке одам, знам кај 12 недела ми поставуваше прашања за тромбоемболија ама на крај ми рече нема потреба да испитуваш
Исто како тебе мама , скроз исто, се распаѓам веќе целата. Ама нестингот ми е на нивоУ, генералка правам од сабајле. Усисавам, џогирам, пердиња откачувам/закачувам, прозори бришам, перална број не знам која ми е деновиве. Таман сум отворена 1 прст, па можи со турбово ќе ја убрзам работава. Спиењето ми е катастрофа. Навечер ако врзам 3ч супер ќе биде. Киселините ми се on another level. Синоќа за првпат ми се надигна за повраќање од нив. Цела ноќ едвај се контролирав да не заплачам од нив. Ете до толку се веќе лоши. Значи топ сме.
37ма од утре, спијам една вечер 4 не спијам и така во круг. Ребра ме болат, кичма, кукови, ми го прекинаа магнезиумот за пиење и сеа се мачкам магнезиум крем за да не умрам од грчеви во листовите на спиење. Одам на масажа редовно ама за 3 дена пак сум како да не сум била со години. Да се пожалам кога некој друг почна пред мене Со нестингот сме на ти, стасав и до цвеќињата, исфрлив се што беше засушено немам нерви ни време да ги враќам во живот. Торбите спремив, нарачав еден плетен фустан за искачање од болница оти ништо не ме собира во гради и стомак освен хеланки и џемпери. Госпоѓицата ако сака да дојде во 38ма пресреќна ќе сум. Ако не ќе си страдам уште 3 недели