И јас сум од Ох, имам прекрасно искуство на гинекологија во општа болница, неколку пати се погоди да морам да одам за викенд. Кој и да се погоди од докторите, сите се супер. Кој ти е матичен?
Добри се и тие форми, точно. Но, секоја од нив се користи за различни состојби. Баш од таква мешавина можеби некогаш нема потреба. За колку време ти стигнуваат од iherb? На домашна адреса ги добиваш?
И јас го зедов на Солгар, цитрат. Претешки ми се за голтање, огромни, и дури дома приметив дека е со титаниум диоксид. Гледам колку што можам да пазам, ама од се тешко човек може да допази. На пример, во фемибионот има талк - што се немам прочитано за талкот колку е штетен како додаток во лекарства, ниту пак има органска форма магнезиум во нив.
Јас имав запек мислам дека до пред две недели, додека не накачив доза на магнезиумов. Читав дека така делува ама не верував дека до толку може да протерува Дефинитивно, од одење во тоалет едвај еднаш на три дена, до одење три пати на ден
А колку мг магнезиум е препорачливо во бременост ? Јас колку што знам поради дигестивни проблеми се прекинува некој период магнезиумот. И дали има некаква врска ние што сме со терапија клексани/аспирини Не знам од што можи левата нога да ме боли, во бутот имам болка на допир, мускулна болка. Дали од удар или од залежаност не знам, ако не ми намалува ќе одам на лекар
Која недела си ти? Јас пиев 400-500мг до 31 недела некаде, па поради болки во стомакот ми рекоа да пијам од 800, и еве последниве две недели сум така. Мислам дека ако немаш некои конкретни болки и проблеми даваат околу 400мг. За клексани/аспирин немам појма, и јас примам клексани, никој не ми спомнал дека има некаква врска со магнезиумот. Инаку слично нешто ми се случува со левата нога со бутот. Да не спиеш цело време на лева страна?Последнава недела почна да ме боли ко мускулно, почнав да пазам да спијам на таа страна па си реков веројатно притискам се на левата страна ама ми пројде мускулната болка и сега последниве денови ме боли од надвор, ко да ме пече кожата или ако се допрам на тоа одредено место го чувствувам многу сензитивно а немам ништо надворешно.
Бев на брза помош ме наслуша докторот ми мери сатурација во ред е све на плуќа сум чиста, ми рече јас не можам да ти дадам ништо за кашлица ќе ти дадам извњштај ќе одиш на гинекологија таму ќе ти кажат што да пиеш, јас со извештајот појдов во гинекологија и ми беше речено да одам на инфективно или на интерно, а јас бев све прегледана само требаше терапија да ми дадат,утре сабајле ќе одам кај матичниот па ќе ми каже што да пијам, наместо да ме примат ме праќаат на други места тоа е
На страна спијам и да најчесто на таа страна, пред неколку дена кога се разбудив како здрвена ми беше таа страна кај стомакот, како трнење осетив и сега некогаш така осеќам како да ме трга нешто, некој нерв Отидов тој ден на ултразвук се си беше во ред. Ептен сум залежана, многу слабо се движам, никакви активности низ дома, ептен ме разгалија Инаку 13 недела сум
За две недели, да на домашна адреса и дха омега голема зедов сега, мг цитрат со 250 таб, плус мг глицинат, д3 капки. И заштедуваш 2-2500 во старт.
Па не се препорачува , дај го на сопругот да го допие, земи си друг без титан диоксид. Зошто секако земаме повеќе таблети немора сега да ги пиеш кога си бремена.
Ovie na Now se podobri ? Jas povremeno zemam Mg . Vo apteka na pliva mi gi dadoa stikeri I se pola oksid I pola citrate. Ako se ovie podobri pa vakvi da zemam.
Знам Ginger , на пазаров има све искрено регистрирано кај нас ... Работам и гледам како со пара све се внесува на пазар па и народов купува, не сум човек што пиел претходно во животов независно што сум во фармацијава долго, ништо освен матичен млеч при бронхит хаха од додатоци. Сега пред бременост метил фолат и б12 и ми требаше добри три месеци да се навикнам секој ден да земам... Сега ова ми е шок на телото олку апчиња.. И доста читав прво за сестрами кога беше бремена па сега и за мене. Така да не избрзувај ии да си застанеш прочитај си пред фармацевтот или на гугл има и состав негде. Па после купи си. Викам сега пијам 800 мг магнезиум а ми вика до крај може и 1200 мг тоа се 6 апчиња барем да не внесуваме толку токсични бои како титан диоксид сега во телото.
Јас овие ги пијам и ги купувам , и моите од мојата фирма кај што работам се пола пола и не земам од нив малку се правам на тошо пред директоркава ама кога се работи за здравје ништо не ми е битно кој што мисли. Кај сопругот што работи тие па се оксид/хлорид му реков ич не ми носи.