Да си се боцкаш .Само ако се боцкаш во рака со клексан ако си боцната во десна рака ја даваш левата рака за крв да ти земат.Не се боцкаш само ако трансфузиологот ти каже да не се боцкаш за тој преглед.
Ве прочитав па се исплашив. Го имам магнезиумот на Солгар, станав проверив ама не гледам никаде титаниум диоксид… Да не содржел порано, сега веројатно е со изменет состав и е безбеден ваљда. Моментално не го земам, ми направи ужасни грчеви во стомак и дијареа, ама за грчеви во нозе ми помагаше.
Не се паничи. Пола од труднициве го имаат пиено. Девојки, малку испаѓа дека пола трудници се труеле. Што нема смисла да се ствара паника. Магнезиум е, не е отров. Јас на Натурал Велт пиев, мене ми помагаше, на некој не и така во круг.
И мојот магнезиум нема титаниум диоксид. Хелатен магнезиум е на Солгар. Оваа форма многу лесно се апсорбира во организмот. Во прилог се слики.
Цела бременост го пијам, сега се испаничив и јас, баш пред една недела зедов од now, до сега еве 31 сум од бременоста солгар користев
Ехе, сите имаме испиено. Еве конкретно за Солгар, од доктори до фармацевти ќе ти речат дека тоа е врвот во витамини. Јас не сум во струката, ниту се разбирам, него следам некои инстаграм профили кои премногу се занимаваат со овие состојки, од храна, лекарства, козметички средства. Пробувам да внимавам, следам, ама едноставно е невозможно да се придржувам до се, ниту пак е возможно да се толкува секоја состојка, особено ние што немаме познавање. Во право е членката погоре што пиша дека се создава паника со ова. Ако се задлабочи човек пак, што се не се препорачува во состојките на шминки, парфеми, пасти за заби, ќе полуди.
Дали јадете туна конзерва ? мене ми се пријадува салата марула со туна ( сецкана пола конзерва) бар 1 неделно да не е штетна толку често да се јаде?
Да нов е, предходно бев на друго место, нема да именувам, ама не бев најзадоволна. Оттука се префрлив кај Устијаноски, и сега комбинирам прегледи, кај него, по потреба на гинекологија, а на прв скрининг бев кај др Љушев.
Досега јас не сум јадела ич, а инаку колку што знам е дозволено ама нека кажат поискусните членки, колку и каква.
Го немам видено составот ама најразлични отрови внесуваме и преку храна за која сметаме дека е здрава, овошје зеленчук а кој знае какви пестициди имаат. Пр за шминка и парфеми: кога го правев ивф ми кажаа никако крема, стик парфем, шминка да немам ставено од сабајлето пошто може да влијае на квалитетот на ембрините. Сакам да кажам кој знае какви отрови внесуваме заради кои можеби до сега би се разболеле од нив Човековото тело, па така и на бебињата организмот е адаптибилен станува “навикнат” на овие работи и наоѓа механизам да се справи со нив. Не викам дека не треба да се избегнуваат токсини ама нема потреба од паника. Некогаш фармацевтската индустрија забранува и одобрува работи само за пари и профит
Значи не содржи. Јас си продолжив со пастата за заби, па потоа до кревет имам две лабела си читав што содржат. Во потрага сум по дезодоранс. Годиништа го користам Perl&beauty на Нивеа. Знам дека има лош состав, ама ете, тој мирис само не ми смета. Сеа трудна гледам да е без алуминиум, ама не знам колку е само тоа е доволно. Вчера читав да е фрагранс фри, а таков кај да барам не знам. Наводно парфемите биле исто отров, ај не користи парфем. Пред некој ден дознав дека свежо цеден сок од портокал содржи исто шеќер ко и чаша кока кола и кој има исто влијание на глукозата во крв. И тоа се изнервирав. Си цедам јас портокали особено зима и терам деца да пијат демек здраво, слушам нутриционистот вика во моја куќа со деца не смее да има џус од портокал. Не знам еве колку поише читам толку поише се нервирам. А толку се трудам околу исхраната и пак некој ќе се најде да каже како така не треба, а до пред некое време така требало. Налет.