Мешиња еве и јас да пишам. Прво гушка до сите мешиња. Денес бев на контрола, бебе е 1600гр., убаво си напредува, се е добро. Сега за сега сум немала потреба од дополнителни испитувања. Па така радосни со мм прошетавме до Анжи бебе, па таму еден куп бенкици и шпикозни....леле какви убаини. Паметот ми е таму, како утре да скитнам да се изнакупувам. Не можам со маж, да ми виси над глава ко свекрва Па и си искочив после тоа вечерта, братучед решил да се жени. Се на се, од сабајле дури сега се прибирам; претепана, бебе мрда ли мрда. Ве читам вас и одма бегам во кревет. Инаку уште утре сум на работа, па после боледување, одмор и оп трудничко. Гуд најт мај лејдис.
Мешињаа убавко да ми нанкате јас пак нема да спијам ...таман до вчера се фалев дека немам киселини и оп денес цеел ден киселини апнам морковче ми помина и пак ме фанее и така но нормално е мешето и горе сега ми е пораснато притиска на желудникот
Се изнаспав до 3 попладне и сега ќе дежурам,па после пак иста песна Инаку денес сум се разиграла во соба,музиче за душа за денсање таман Јас и онака сум си во топ форма ама сакав да си се расположам,а гледам и на синко мој од внатре убаво му беше играше со мама И незнам зошто ама си се чуватвувам како многу секси трудница често Ме мавнале хормони во глава изгледа денес,ај да си легнам. Добра ви ноќ и гушки до сите
I jas se mackam so eucerin ama nikakov efekt bozem pisuva gi ostranuva postoeckite i sprecuva pojava na novi strii...Do kozata si e duso ali ipak mislam da zemes nesto dr. primer pavloderm so ad kapki + da dodades
И јас сакам бело ама другиот мебел во соба кени биде се крем и кафено такада да мора и креветчето да несе двои.
Добро утро згодни трудници мои јас се изнаспав синко мој од вчера не престана да клоца некако најубаво до сега го осеќам ама се гледа дека ке биде фудбалер како тато.Јас ставам кафе кој е за нека изволте
Јас го читам постов и ја пијам првата голтка кафе @monik55 , Денес одам на шоп шопинг во Анжи бебе, живи радости. Да не знаете што квалитет имаат? Не е битно, ќе читам етикети. Со креветчево ме ставате во мисла. Убаво е мн, ама незнам дали да одбирам такво или без фиоки. Ќе видиме што нудат продавниците во Скопје Гушки до сите
Срцка и јас сум го слушала Анжи бебе дека имале квалитетни работи а имаш попуст во тритекс за бодиња шоикозни такада провери и таму.Успешен шопинг мила
Завчера бев во едно продавниче што држи роба на Тритекс, во Маџари, ама пустите немаа ништо на долги ракавчиња, а мене октомври ми е термин. Незнам каде имаат роба на Тритекс на друго место. Инаку прашање за сите мешиња, па и за по некоја мајка ако не посетува тука. Има ли некоја табела, кое бебешко бројче на која килажа на бебе одговара? На Гугл не можам да најдам. Пример, јас планирам да купам повеќе ствари 62че, затоа што според прогнозата на гинекологот, бебето треба да има 3500гр при пораѓај ако си расте нормално како до сега. знам дека има веројатност да биде поголемо или помало, ама па нејќам ептен големи ствари да му купам. Да не се изгуби сирото во нив. Редактирам да не пишувам второ мислење. Побрз ми е јазикот (т.е.прстите) него паметот. Место да размислам Гугл ќе ми каже се за Тритекс, тука ве замарам по незнам кој пат. Инаку имале во Рамсторе специјализирана продавничка. И ги разгледав производите што се на попуст, колекција пролет-лето 2015. Се се со кратки и кимоно, за мене ништо. А бенкичките со долги се бели и крем едно со бисквит шара. Тоа е прикажано на нет. Во продавница има нешто поголем избор или само тие производи они ги имаат?
50-56 -0месеци 56-62- 0-3 месеци 62-68 - 3-6 месеци 68-74 - 6-9 месеци 74- 80 - 9-12 месеци 80- 86 - 12-15 месеци 86-92 - 15 -24 месеци т.е. 2 години Ај доста ти се за сега хахаха на 6цм се разлика бројчињата ама немора да значи затоа што во сите дуќани не им се иста големина моделите, така да јас според око купувам, затоа што веќе на памет ги знам кое колкаво треба да биде Инаку Тритекс имаш дуќани во рамстор, сити мол, има и во стружанка убав памук и роба на тритекс исто и пристапни цени...
Сега бев кај матичната, Ливринова е веќе на работа, петок и е приемен ден, јас закажав кај неа 4 д, бидејќи ми ја пофалија дека на ГАК била една од подобрите за тоа.
Хаха знаев дека ти ќе ми одговориш. Најспремна си ни овде. Јас незнам што правеле претходно труднициве без тебe.
@Pcelka94 Истото креветче ние го зедовме 8000 од Алф Кидс. Ама тоа беше пред 7 месеци. Гледам јатрвами ептен се задоволни од него Ај добро утро од мене, одвај се извлечкав од кревет мм успан ме имаше потиснато како некоја змија се моткав за да излезам. Маки
Леле мене колку ми се спие... А имам еден тон работа и одвај чекам синко да заспие за да потсредам нешто. Ама се влечам од сабајле до вечер, мислам ќе заспијам секој момент.
Ако де за тоа сме тука да си помогнеме, што ти треба прашај ќе помагам Инаку има и по долги во Тритекс, јас купував, оди во дуќанот ќе видиш, имаат повеќе моделчиња, да не ти ги сликам сега хахахах ме мрзи искрено да ти кажам убаво ми се скоцкани здиплени Имаш по долги бодиња, блузички, ѕиврички, шпикозни, исто така и во стружанка има убави, и по шаренки...по долги ракави. Од секој модел што има по кратки, има и по долги ракави
@Eli23 јас сум ептен задоволна од квалитетот што го нуди Анжи, меѓу другото нудат облека од различни фирми па така кај нив можеш да ги најдеш и на Тритекс работите. Најзадоволна, од се што сум купила од Анжи, е памукот на некоја фирма Motherlove (така пишува на етикетата), памукот е мек-душа а моделите им се ептен слатки. Мислам сеуште го имаат моделчето шпилхозни јас што го купив, основата е крем боја и целото е ишарано со гранчиња со птички и наместо ливчиња има срценца. За бројчиња нема да погрешиш со 62, но можеш да земеш и неколку 56ки како за почеток иако ќе ги користиш еден месец Избегнувај ги 50ки и тие со број 00 (овие се веројатно за премногу ситни или недоносени бебиња).
И тие со долги се на попуст? Колку пари ги земаше? Во Анжи бебе имаше многу слатки шари, @Kitten просто да се заљубиш во моделчињата. Неутрални бои а преслатки. Јас со мм бев, требаше да се заборавам таму од бирање, а брзавме. Друго е жена сама на раат, сите ако треба ќе ги отворам.