До сега околу 4000 ден максимум сум направила. И не ми ги царинеле. Види исто важна е тежината мислам не само сумат. Ќе ти означи ако надминеш нешто.
Мене па многу ме радува тоа пакување на торбата за во болница. Незнам како да опишам тоа ми е како чекор поблиску до бебето и сакам се да е совршено спакувано средено дури нови торби си купив за третово од мерак а торби еден куп имам едвај чекам да почнам да се пакувам ама рано ми е 31+5 сум. затоа викам ме нервираат испаѓаат видеа као пакувајте се порано предвреме се раѓаат бебињата ко божем сите бебиња се така во март
Не знам која ти е матична ама Гордана е врвна … јас матичната за упати и муабет си ја имам ич не и придавам значение. Смири си се и немој да се секираш Петровска на скрининг детално видела се
Јас спакував торба во 36та недела, се пораѓав во ремедика па не носев којзнае што освен ствари за лична хигиена. На крај кога отидов на моето последно цтг и ме задржаа за итен царски ни торбата беше со мене ни бутур. Вечерта ми ја донесе маж ми и така стоеше 2 дена во плакар оти не можев да станам да отидам до неа од болки. Фустан си имав купено за излез од болница, планирав дури и да се нашминкам, а излегов со коса немиена 5 дена, фустан 2 броја поголем од што носам на мајка ми да не ме допира на раната и не се ни сликав, само сакав да влезам во кола и да си одам дома.
Над 20€ може да платиш ддв и трошок за отворање на пратката околу 300денари. Над 90€ е царинење. На среќа е на кој како ќе му се погоди пошо Македонски Пошти и царина немаат правило на работење. Од 3 iherb пратки за една ми наплатија квалитетно, за другите 2 ништо.
Ќе си ја пробам среќата овој пат колку ти наплатија? И како го доплати остатокот, при подигање на пратката? Иначе да во право си, кај нас ништо нема правило на работење.
Ми пратија писмо, бараа извод од сметка колку е наплатено дали одговара сумата со фактурата, за отварање околу 300ден и ддвто околу 1500 ми беше, ама зависи од сумата тоа. На сметка ддвто, а на рака во пошта за отварање трошокот при подигање.
Денеска бев на контрола и да ми дадат нешто за кашлицава да пијам, иако ме виде докторот на ехо јас сум пак исплашена значи секое кашлање јас сум топило на гаќите докторот ми рече плодова вода си има доволно, ама мене ми е чудно ќе појдам во веце мочам излагам кашлам и пак сум водена не знам што да мислам ве молам за совет
Јас нарачувам многу често, не само за мене туку и за целата фамилија. Износот максимален што сум го нарачала бил 85 евра. Од над 30 пратки само еднаш сум платила некои 200 денари за отварање и проверка на пратка.
25 недела сум и 5 дена ама тоа не е малце топило сум сопругот ми вика ако беше плодова вода до сега истечена ќе беше цела, не знам што да мислам веќе
Незмам дали има во аптека лентички за да провериш дали е плодова. Ама јас мислам дека од напрегнување со кашлањето, дека уринираш по некоја капка. Ако ептен ти е мисла иди на преглед, ќе те проверат со лентичка дали е или не е. Од кашлање и цела лом сум била
Не е плодова вода и мене често ми тече така посебно кога ќе излезам од wc после уринирање. Имав читано овде на форумот кај многумина е така да бидат утоп цела бременост
Ја се породив со првото во 36та, немав поим дека ќе се пораѓам, случајно отидов на преглед дека 9ти и ме задржаа. Маж ми не веруваше дека ќе се пораѓам и ме прашуваше да не треба нешто да донесе, па прашував таму. Секако после му барав уште работи, па носеше накнадно.
Баш ќе побарам во аптека лентички ако имат земам обавезно да не му ја мислам до сега 10 пара гаќи имам менето и толку истуширано ќе се допреладам
Кашлицава ме уби имам сува кашлица мнофу се напрегам кога кашлам ама една членка имаше пишано за лентички за проверka дали е плодова или мокраќа ке побарам во аптекиве ако има земам за да сум раат
@WonkaMonkaa Туна риба треба да се избегнува во бременост затоа што содржи голема количина на жива. Живата влијае врз развојот на мозокот на бебето и нервниот систем за време на бременоста. Секој си одлучува сам за себе ама не ви советувам да ја јадете.