Женски каде да купам труднички хеланки а да не се нешто прескапи? (И онака ќе ги џитнам после). Бев во ваикики преска, немаше.
Др. Димчев мислам дека е најстручен за скрининзи во државата. Јас одев на испитувања во Плодност пред да правам ивф. Др. Таше ми остави мн. лош впечаток. Имав чувство дека ме гледа само како банкнота а не како човек. Еднаш бев таму и на излегување на маж ми му викам моја нога овде не стапнува повторно. Дрзок, прашува каде работиш па ако сте на некое раб. место кое според него носи приходи, те гледа само како банкнота. И Систина е приватна ама др. Димчев самиот ме советува( пошто сум паничар и ја би на секои 3 дена преглед) дека нема потреба од прегледи толку многу. Вика: ние имаме корист ти секој ден да доаѓаш ама нема поттрба а и може да штети на бременоста.
Ne, ne voopshto ne mi spomna nekoj neshto za polot. Totalno nebitno mi e, ama ako vekje ima moznost da znam shto da ne inaku swga so 70eur popust tolku mi naplatija
Женички дали имавте подуеност и гасови и до кога траеа во бременоста? Буквално стомакот ми е како топка,ај што имам запек и се мачам секој ден,таа подуеност ме мачи. Сабајле кога станам стомакот ми е рамен и се чуствувам убаво и лесно ,потоа во текот на денот а најчесто периодот пред спиење ќе полудам колку ме стега од подуеност,имам гасови и тегоби,дури почна овие денови да осеќам да ме наболува и срамната коска доле на моменти. Дали треба многу да внимавам на исхраната,што да земам има ли чаре? Или период е? Денес сум 14+3
Да зедов во две бои, ластичето малку бега па си го сошив на крајот да не го барам после перење или соблакање. Иначе супер се јас како хулахопки си ги носам. ми студи така. Околу 450-500 беа мислам.
Kaj nas se e izgor. Mislam deka transportot go placaat ama vo sekoj slucaj ne e tolku. Poznavam edna vrabotena vo laboratorija nejzinoto ispituvanje bese 400 ili 500 evra Nie placame poskapo radi treba procent I dr da zeme sto te praca
Јас бев за преглед, и со тој преглед завршив. Решив да не продолжам тамо. 10.500 ден ми наплатија за пап, микробиолошки и ехо. Буквално како на пазар се осеќав, што и да прашав докторот се потсмеваше "абе ти многу ми филозофираш, од кај ти истекнува", итн. Ми наброја безброј работи за во иднина што да се испита обидувајќи се да продаде, и ме преплаши, тотално беспотребно. Јас не бев кај Таше, ама како и да е, пристапот не ме бендиса ич.
Димчев и мене ми остави многу добар впечаток. Да не беше толку скапо во Систина, без мислење кај него ќе се пораѓав. И самиот тој за пораѓај ми рече: Ако имаш вишок 2500-3000еур,нема проблем, дојди овде, ама размисли си убаво. И така сега, се мислам меѓу болницата овде и Плодност кај Кристина. Никогаш немам одено во Плодност, и што повеќе читам, се помалку ми се оди таму. За јадење сте збореле, не спремам ништо предвреме. Мајка му на мм нека е жива и здрава, ќе подаде нешто секако. Со синко кога се породив жената 40 дена готвеше специјално за нас, особено за мене, да јадам за да имам млеко. И после често ни даваше ручеци, внимаваше што јадам за грчеви да нема бебето... Ќе ја викнам и мајка ми на некој ден, и таа ќе зготви нешто, гладни нема да останеме.
Баш чудно. Јас кога да го правам серклажот, баш тој ми рече зошто да плаќаш 4500 за брисеви направи ги кај матичен за 400ден Претходниот пат од паника сакав преглед ама некако не се усогласивме со смените со др. Ми закажа кај друг др и не ми го ни наплатија прегледот. Докторот знае да се шегува и малку е по опуштен во комуникација што и мене некогаш ме збунува ама спрема мене секогаш бил коректен
Јас хеланчиња си порачав од Тему ,многу се cute ама и многу тенки па чекаат пролет Си купив 2 броја поголеми фатирани панталони и така терам... тешко оваа ,,зимска" бременост скрининг Чаир правев ок си беше др... не зборуваше многу ама тоа шо требаше си кажа ,немам намера да давам фазла пари за пак да го зрачам... здравје само до сеа се е ок нешто да штрчеше сигурно и јас ќе направев приватно. Само не знам со пораѓајот шо ќе се праи Чаир многу лошо искуство имав... се мислем на ГАК сеа...
Ова се однесува на др. Димчев Го сфатив претходниот коментар на членката погрешно. Sorry …pregnancy brain
Го вклучува, ќе го имаш и на резултатот во пдф. Ако сакаш сама да си видиш или да правите изненадување, потенцира им на тел да не им се испушти, зошто знаат да кажат, "добро е, супер е се, машко е /женско е .
Јас одам почесто овој прв триместар на прегледи и нон стоп му повторувам дали има некаква штета ултразвукот сите досега ми викаат дека нема, и во државна и во приватна и кај матичниот. Прв пат слушам дека ехото е штетно, има трудници кои бараат почести прегледи поради следење на бременоста не верувам ако има штета на таков ризик да одат докторите При преглед со ултразвук нема зрачење како кај рентгените.
Mojot ginekolog e protiv toa pocesto da se pravat pregledi osven ako nesto ne e vo red pa mora. Preferira na eden mesec poradi toa sto ne saka da go zraci bebeto. E sega dali stvarno ima zracenje ili ne nezz, osven maticniot ne mi spomnal drug doktor nesto takvo.